Вардар сам се победи.Само на Барса толку и е силата,тие се ко истрошена батерија без среден бек и со една тројка Лазаров-Ентрериос-Јиха што се такмичат кој побрзо и повеќе ке се изнашутират ,тешко да го освојат Ф4.Се извлекоа на три утакмици.Ако играат како вчера Вардар ке ги демолират.Само незнам зошто Раул не му дават шанса на Деки?
Мислам дека грешиш,има сила Барса,она вчера беше само лош ден,а имаат и ростер,како ниедна екипа во Европа(или до некаде ПСЖ)....
Се случува да имаат лош ден и играчи како Кире,јебига,иако зачестија неговите слаби денови....
Сигурно и Јиха не го кажал последниот збор,според мене намерно Пасквал вчера не го пушти ниту минута(освен пеналот да го шутира),знаеше дека Вардар се спремаше специјално за него,Жалуз и неговата страшна симултанка беше изненадувањето,да не заборавиме,доста сличен играч како Жалуз(само не со таков скок шут како него)Менсах Ларсен го разнесе Вардар во Скопје,не се снаоѓа одбраната на Вардар против тие брзи играчи кои можат да извадат брз шут,тука се е оставено на Штербик,а очигледно беше дека вчера нема ден...
Ниту Копљар и Гурбиндо,ништо чудно и Душебаев Џуниор да е некој неоткриен талент,па да распали за брзо малиот,не го земаат за џабе таму,да не прајме муабет за пикерите шо ги имаат да ги риниш со лопата....
На крила нема ни потреба да имаат некоја ротација,го имаат можеби најдоброто дуо крило во светот...а ниту замените не се лоши,посебно Арино ветува...
Мислам дека премногу некако рајата ја потценува Барса,ептен нереално,и тоа само заради тоа шо тепале само со 1 разлика....
Европски шампион е ова,не е заебанција,играчи со еден куп утакмици зад себе..
Не ми се верува дека ќе изиграат толку слабо во Скопје,ама и Вардар сигурно нема да игра како вчера,сигурно ќе играат каде-каде поодбро и поорганизирано...
Мислам дека ќе биди отворен меч,искуството е на страна на Барса,и квалитетот,но желбата за докажување,и пред се формата е на страна на Вардар,Вардар доста лесно ги ишлака Киелце,РНЛ,тимови кои доста ги намачија Каталонците..
Но сепак,тие слаби игри на Барса не мора да значат ништо,големите екипи победуваат и кога играат слабо..
Извадија бод во Полска,откако сите ги прогласија за поразени,се мачеа со Пик Сегед,цело прво полувреме бркаа негатива,и дочекаа 5 минути...
Со РНЛ имаа шанса да го решат мечот,но Гудјон промаши чист зицер за +2,и се сврти мечот со тие голови на Шмит на крај...
Вардар освен на мечот со Киелце кога едноставно изиграа без грешка,на сите мечеви има црни дупки,ако имаат некоја подолга црна серија во Скопје се е отворено...
Против Барса ќе немаат право на црни дупки...
Иако според мене голманите ќе ја играат клучната улога,ако Штербик има своја препознатлива партија од +15 одбрани тогаш шансите се за Вардар...
П.С.
Не е Деки за со Барса,барем не за повеќе од некоја минута,ќе го искинеше Томас таму,посебно шо Вардар играше на моменти 5-1 одбрана,а за таму Деки не го бива...
Имаше и Дибиров некои нерезонски шутеви,ама реално немаше ниту многу топки за него,повеќе топки добија Брумен и Шишкарев...