Лига на шампиони 2015/16

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Не играше Кара?
влезе кај 20та после тоа доби црвен во второ некаде 40та минута беше од прилика..па и Веспрем со Гулаш на десен бек во гости им се носеше, ќе изгубеа и 1 разлика ако Илич не промашеше на истечено пенал и тоа кој му фати пенал тој индијанецот..
Мирко беше одличен, конкуренција на Штербик за голман на колото али тешко против Арпад :D имаше и он некој двојни одбрани и чисти зицери..Палмарсон во второ ги имаше своите невозможни голови, многу исклучувања фатија Веспрем и тоа безвеза им исклучуваа..на крајот на Маргуч ги отепа и тогаш примија два гола инаку беше нерешено.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Многу ја потценувате Барса...
Слабите партии со Скандинавците(и со Швеѓаните и вчера со Колдинг)се само потценување на противник и влегување со несериозен пристап,ништо повеќе...
Не мора ништо да значат тие тесни победи од само 2,3 разлика...
Иако не се во форма,шо е очигледно,сепак сеуште се фаворити број еден за титула..
Потребно е време да се навикнат на Јиха,таман влегоа во ритам со Карабатиќ,се навикнаа еден на друг и си замина,и сега мора да почнуваат се одново...
Тешко се навикнува на системот на Барса Јиха,во Кил имаше целосна слобода да решава мечеви,да шутира,овде како да да е резервиран...
Сеуште се бара во целата таа игра,но засега не е лош,посебно со асистенциите,ептен добро соработува со пикерите и со крилата кои се уфрлаат на втор...
Треба да поработи доста на читањето со Раул Ентрериос,некако кога се со него заедно доста бавно делуваат,посебно кога и на Кире не му оди,се гушат ептен,кога е Дани во тимот подруго делува...
3 нови играчи,и тоа играчи кои мора се вметнат и уходаат со другите во две фази на играта,и напад и одбрана,зошто сите тројца новаци се играчи во два правци...
Па мора да помини време да се навикнат,пред се со Виран и Сораиндо во одбрана,доста се претумбаа позициите во одбрана,иако сеуште главниот збор го имаат Виран и Сораиндо,и со Лазаров и Дани во напад,потребно е доста време,широк ростер е,еден куп профили на играчи имаат,не оди толку лесно тоа уигрување...
Плус доста го форсираат и Жалуз кој лани речиси и да не играше,ова ти се дури 4 нови играчи од лани на кои мора да им најдиш место....
Во одбрана добија двајца суртуци кои дадоа голема густина,и не треба да чуди зошто не играат толку брзо како порано,тешко е за играчи со над 205 како Копљар и Шипршак да одат во брза транзиција,потребно е време,засега Ширпшак подобро се снајдува,Копљар реално покрај Кире нема да се наигра,барем не во напад на важни мечеви...
Како и да е,ни оддалеку Барса не го кажала последниот збор во групата,и слабите игри со РНЛ и Киелце се само слаб ден,исто како и поразот во Супер Глоуб од Фуше...
Страшен ростер имаат,нема ниедна екипа толку широк ростер како нив,со такви профили на играчи..
Во криза се да,ама реално освен тесниот пораз од РНЛ каде лесно можеа да тепаат ако Гудјон дадеше гол од чиста зицер позиција за +2 на неколку минути до крај,тепаа на жешкото гостување во Сегед,и извадија бод во Килце, засега оди се по планот.
Ако не изгубат многу во Скопје(иако според мене многу тешко ќе изгубат дури и во Скопје) распоредот им оди во прилог,зошто допрва следуваат тешките мечеви за Вардар,4 екстремно тешки гостувања на кои ќе се види вистинската сила на екипата..
Секоја чест за победи во Скопје,ама вистинската сила на една голема екипа се гледа на страна,а засега Вардар освен стабилната игра во најголем дел од мечот со Кристианстад не ги увери луѓето дека знаат да играат на гости..
Со Монпеље добија на УРА во второ полувреме,доколку не беше Штербик во прво имаше +10 да оди уште по првите 30 минути..
Со Колдинг уште еднаш се докажа балканскиот синдром на потценување на противникот по блескава победа на домашен терен,исто и Загреб вчера,од најава за враќање на некои стари патеки дозволија да изгубат од Бешикташ...:pos:
Вардар мора да покажи дека и во гости е голема екипа,на домашен терен сите се добри...
Посебно ако играш во онаква атмосфера...
На мечевите во Сегед,Манхајм(овде мислам дека најлесно ќе поминат):icon_mrgr:,Киелце и Барселона треба да покажат дали се реални амбициите..
Засега се одлични,малце ќе ги поремети паузата,да се играше наредна недела ќе беше подобро за Вардар,ама не мора ништо да значи..
Според мене двомечот шо претстои помеѓу Барса и Вардар ќе го реши директниот патник за 1/4 финале..
Киелце премногу мечеви изгубија за да надокнадат,посебно со 10ката вчера,тешко дека ќе стигнат,зошто од најважните 4 гостувања освоија само бод,а допрва треба да играат со Барса каде шо тешко ќе се наиграат..
РНЛ мислам дека ништо не прават,ништо чудно тие и 5ти да бидат на крај...ќе се фокусираат на Бундеслига,немаат толкав ростер за игра на 3 фронта...
Засега Бундес лигата е приоритет број еден за тимот...
Сегед според мене ќе биди 4ти во група,доста добра екипа скоцкаа,а ништо чудно да се јадат со Киелце и за трето место..
Ќе видиме,многу работи ќе бидат познати по ЕХФ паузата...
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Реалноста е оваа,Барса има ростер и квалитет,Вардар има желба и борбеност ќе видиме што ќе преовлада.Е сега еднио што ме занима е како овој Веспрем кој важеше за фаворит ќе се избори со повредиве на клучниве играчи.
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Ако Вардар заврши како втор во група да речеме,кој би му бил противник во 1/4 финале,што мислите според вас?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Јиха не е Карабатиќ и нема да го има неговиот придонес колку и да се вклопи. И тој е кревок на повреди нема да ме чуди да се здобие со некоја сезонава. Исто како и Кил и Барса ќе си влага во форма, ама сезонава нема да го достигнат ни приближно нивото од лани.

Шансата е во тоа што сезонава нема ниту еден тим кој отскокнува ко лани Веспрем и Барса и Киелце во групите. Во почетниве шест кола, реално, Вардар покажа најмногу, иако сеуште му следуваат супертешките гостувања. Очигледно новиот формат си го прави своето па затоа и има порази кои до лани не биле очекувани.

Мислам дека само едно нешто се наговестуваше од почеток, а и сеуште: Швабски тим не освојува сезонава. :D
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.153
Поени од реакции
4.598
Ако Вардар заврши како втор во група да речеме,кој би му бил противник во 1/4 финале,што мислите според вас?
Па според мене, некој до Кил/Фленсбург веројатно, ако завршат втори и ако фаворитите си ја завршат работата во 1/8 финале, би играле со тој што бил трет во Б, мислам дека вака некако идеше вркстувањето за 1/4 финале. Германците не верувам да завршат пред ПСЖ и Веспрем во Б, така да веројатно би бил Кил противник, што у секој случај според мене е боље него да играш двомеч со ПСЖ или Веспрем годинава..
 
Член од
27 септември 2015
Мислења
599
Поени од реакции
615
првин треба да се одиграат мечеви меѓу првите два тима од групите Ц и Д победниците од тие дуели одат со останатите екипи од групите А и Б се прават вклупно 12 екипи и се прави ждреб,на победниците од овие дуели им се приклучуваат првопласираните екипи од групите А и Б кој победи од тие дуели оди на фајнал фоур.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.614
Поени од реакции
70.185
1/16 финале (на некој начин)
Дуел 1: Победник од Ц-Второ пласиран од Д
Дуел 2: Победник од Д-Второ пласиран од Ц

1/8 финале
Дуел 3: Второпласиран од А - победник од дуел 1 или победник од дуел 2
Дуел 4: Второпласиран од Б - победник од дуел 1 или победник од дуел 2
Дуел 5: Третопласиран од А-Шестопласиран од Б
Дуел 6: Третопласиран од Б-Шестопласиран од А
Дуел 7: Четвртопласиран од А-Петтопласиран од Б
Дуел 8: Четвртопласиран од Б-Петтопласиран од А

1/4 финале
Првопласиран од А-победник од дуел 7 или победник од дуел 8
Првопласиран од Б-победник од дуел 7 или победник од дуел 8
Победник од дуел 3-победник од дуел 5 или победник од дуел 6
Победник од дуел 4-победникот од дуел 5 или победник од дуел 6

Еве како оди натпреварувањето во наредните фази :)
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.153
Поени од реакции
4.598
Значи го погодив, добро е :D Мора да го бркаме тоа второ место, ако завршиме трети позади Барса и Киелце, во 1/4 финале ќе биде претешко, Веспрем и ПСЖ според мене се сигурни во група Б на први две позиции, ако ги избегнеме нив, со Германците многу полесно би излегле на крај :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.614
Поени од реакции
70.185
Првото место практично не носи во фајнл фор без некоја особена мака во четврт-финалето :D
Е сега, второ или трето место реално нема многу да ни смени, затоа што ако не се случи некое поголемо изненадување во осмина-финалето, второ пласираниот од А и третопласираниот од А, ќе бидат на исто рамниште, па не ни прави разлика кој ќе биде противникот (некој од Кил, ПСЖ или Веспрем).
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Па и не баш,ваков Кил би го изеле за доручек,сигурен сум,со другиве две би било тешка борба
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.560
Поени од реакции
3.845
Првото место практично не носи во фајнл фор без некоја особена мака во четврт-финалето :D
Е сега, второ или трето место реално нема многу да ни смени, затоа што ако не се случи некое поголемо изненадување во осмина-финалето, второ пласираниот од А и третопласираниот од А, ќе бидат на исто рамниште, па не ни прави разлика кој ќе биде противникот (некој од Кил, ПСЖ или Веспрем).
Кое место и да завршиме ќе треба опасно да го испотиме газот за фајнл-фор, макар тоа бил и Фленсбург (на хартија најлесен противник) со коњот Гландорф и со речиси комплетна данска репрезентација.
Инаку, мислам дека ги преценувате ПСЖ, Фленсбург ги демолираше на домашен терен во утакмица во која за малку ќе примеа 40 гола, а вчера победија на мускули со два гола во последна минута против Веспрем кој играше без десен бек 60 минути ( и Наѓ и Цајц им се повредени) што е поголем хендикеп него ли црвениот на Карабатиќ. Да беа комплетни и тие и тие вчера ќе беше чиста двојка. И не само тоа, мислам дека ПСЖ ќе ги загуби и двата дуела со Кил, или во најмала рака ќе имаат послаб меѓусебен дуел ако овие се со комплетен ростер, плус не би ме изненадило да изгубат бодови и во Загреб или Полска. Така да можно е и ПСЖ да освои 4 место и да биде противник на првопласираниот во нашата група, затоа и пред неколку дена пишав во нашиот фан клуб дека може да се деси со освоено прво место во нашата група да имаме на хартија потежок протвник во четврт-финале него ли како второ или трето пласирани.
ПСЖ според мене и годинава нема да видат фанјл 4, освен ако не им се паднеме ние во четврт-финале и знаејќи какви баксузи сме, баш против нас ќе распалат и Хансен и Карабатиќ со по 10+ гола и на двете утакмици :D, затоа не сакам јас дуел со нив иако сметам дека не се ништо појаки од Кил и Фленсбург.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.248
Поени од реакции
19.478
Дали испразна некоја кладилница викендот?
Саботата добро поминав,неделата античките ме ебаа,арно Порто шо заеба на истото ливче,па не ме паднаа само античките,и ми се редуцира нервозата од (не)играта на античкиот состав:place:..
Иначе денес Чевларот со јајца ќе го мавав..:kuracc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom