^ Црната цело време залепена до Кире.
Богами јако маче...
Се залепи за Кирката,не го испушти од раце.....(камо да бев на негово место)
Он топик....
Слаба игра на Металург....многу слаба,тремата си го стори своето....
Загреб ја спушти ролетната,очекувано беше дека ќе одат на одбрана...
Кои мажишта ги имаат назад,Гојун 204,Копљар 210,Валчиќ 196...касапи...го отепаа Левко на линија,и Миркуловски јаде неколку "воспитни"...уште еднаш се покажа дека Металург не се снаоѓа против екипи кои играат ваква(валкана)одбрана....
Не се снајде Металург против одбраната на Загреб....се одеше некако по средина,со сила,со мачење.....
Шутеви од неизградени позиции,од 11 метра,ако не беа Мојсо и Марковиќ кои дадоа 12(од 19)гола кај ќе беше крајот?
Вистински херои,заедно со Станиќ.....
Фалеше брзина,брз проток на топката,движење без топка....вака влегоа во стапицата на Загреб,целосно ја умтртвија играта....
Проба Лино со честа ротација,ама не оди ова така лесно..не е наша лига...
За квалитетна ротација ти требаат максимално спремни и искусни играчи...
А со играчи од калибарот на Левов,Стојчевски да разбиеш една ваква висока и цврста одбрана како на Загреб е тешко....
Немаат висина,немаат сила да направат позиција за шут....се изгубија тотално..
Подобро да се одеше со Колзина,иако не беше во форма...
Сепак има топ во раката и против ваква зона можеби беше ептен потребен....
Барем да пробаше да шутира,вака се остана само со Марковиќ и Мојсо како главни шутери....
Мислам дека Металург ќе одигра многу подобро во Загреб...
Притисокот ќе биди сега на спротивната страна.....
А во вакви мечеви е многу важно да си растеретен од притисокот дека мора да се победи по секоја цена....
Има сила Металург за еден добар меч во Арената.....
Станиќ не го покажа целиот свој потенцијал,Козлина беше резервиран.
Загреб досега освен со Барса,со другите екипи лесно излегуваше на крај....иако освен Шамбери и Шафхазуен другите екипи не беа нешто посебно(не дека и овие две екипи се некој квалитет)....
Примаа доста голови,но и даваа......
Да имаше предност од 3,4 разлика тогаш ќе беше полна капа...
Вака се е отворено...
Добра работа е шо се задржа Загреб само на 18 гола..
Мислам дека во реваншот ќе има повеќе голови од двете страни,па најверојатно Загреб ќе треба да брка 2 разлика...
Очекувам добар меч,незивесен до самиот крај....
Околу другите мечеви...
Очекувано шлакање добија Плок од Кил,се беше јасно овде..
Фуше очекувано тешко доби во германското дерби,мислам дека во реваншот ХСВ пред своја публика ќе оди понатаму,но мора да се спомни дека овие Фуше се ептен заебани,и се многу понезгодни на гости отколку дома...
И тука е се отворено како на мечот Загреб-Металург...
Барса неочекувано губеше со многу разлика,на крај куртулија од резил,и се вратија со добра негатива..
Очекувам да поминат лесно понатаму....
За мечот Аттлетико-Шафхаузен се е кажано....
Адемар во меч со две различни полувремиња го доби Веспрем...
Ја гледав утакмицата,меч со две различни полувремиња..
Првото,во кое паднаа дури 38 гола,супер брз ракомет,со брзи голови,добри потези....
И второто,сосема различно,со многу грешки,груби стартови,почетнички грешки....
На крај Адемар повторно запна(губеа 21-25 на 15 мин до крај)....заслужена победа..
И тука е се отворено,со мала предност за Веспрем,пред се зошто дадоа 28 гола на гости....
Копенхаген очекувано си ги шлакна изгубените Савехоф..
Очигледна разлика во класи помеѓу двата тима....
И на крај можеби најголемото изненадување....
Киелце-Копер....
Одвај куртулија Киелце од срам,само 1 разлика,победа на сила....
Покрај Фуше и Веспрем една од најнестабилните екипи во ЛШ...знаат да изиграат маестрален ракомет,а знаат да грешат како почетници....
Не е ни чудо,сите играа во иста група
А и Копер ме изненадија некако....со онаа екипа(со Кривокапиќ)
да извадиш само 1 минус во Полска е огромен успех...
Во нивната сала се е можно,познавајќи ги Киелце ништо чудно и да испаднат богатите Пољаци