2009/10 Access list
The list below is provisional, however, and is subject to final confirmation from UEFA.
Листата на линко:
http://www.uefa.com/competitions/ucl/format/newsid=788260.html
Според листата, директни учесници по земји:
3 од Англија
3 од Италија
3 од Шпанија
2 од Германија
2 од Франција
2 од Русија
1 од Романија
1 од Португалија
1 од Холандија
1 од Шкотска
1 од Турција
1 од Украина
Вкупно: 21 екипа од 32 севкупно.
Квалификации, 11 места во групите:
1. Дел со подобро пласирани екипи во националните лиги:
4-то пласираните од Англија, Италија и Шпанија
3-то пласираните од Франција и Германија
Овие пет екипи ќе чекаат противници од следните десет екипи, односно победниците од дуелите формирани од следниве екипи:
3-то пласираниот од Русија
2-ро пласираниот од Романија, Холандија, Португалија, Шкотска, Турција, Украина, Белгија, Грција и Чешка.
Победниците од дуелите формирани од овие екипи (вкупно 5 победници) ќе играат со погоре споменатите екипи од најдобрите пет првенства.
Победниците од тие дуели (вкупно пет победници) одат во групите на ЛШ.
2. Дел со шампиони од националните лиги:
Имаме 3 квалификациони кола. Шампионите на Белгија, Грција и Чешка почнуваат од третото коло (последно). Победниците на 32 национални првенства (Лихтенштајн ми е сомнителен, па можно е 31), меѓу кои и нашиот шампион, се во второто коло. Шампионите на Фарски Острови, Лихтенштајн, Црна Гора, Малта, Луксембург, Андора и Сан Марино почнуваат од првото коло квалификаци.
После овие три кола, има плејоф во кој учествуваат 10-те победници од третото квалификациско коло.
5-те победници од плејофот одат во групите на ЛШ.
Вака како што е, има една двојбена ситуација. 32-от учесник според овие правила треба да е бранителот на титулата. Не е јасно единствено, ако освојувачот на ЛШ обезбеди учество во групите преку националното првенство (што е 99% сигурно за сите полуфиналисти), кој ќе го заземе тоа 32-ро место во групите на ЛШ.