Лефкада

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Поголема сума на пари? Одмор во Лефкада ќе те чини помалку од Охрид, а за тоа потпишувам со две раце :)
Што е потребно документација за да се отиде до грчка исто и за влез ? :)
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Грција е секогаш во топ 5 летни туристичи атракции во светот, и не е за џабе тоа. Грција, грчките плажи, грчките острови... се сон на повеќето Американци. Нас тие места ни се достапни на само 2-3 часа возење и + цените за комплетен аранжман се сосема прифатливи за еден Македонец. Баталeте политика, гледајте тоа што го нуди Грција. :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.350
Цел живот на Грција изметот и го јадете и вие и Европа, а кога ке дојде лето тоа гзенцата полни ви се со среќа, просто ке се посерете што ке идете на одмор во Грција.
Темата е во подфорумот за „Туризам“, а не за „КВАЗИ ПАТРИОТИЗАМ“.
Жалам, ама ќе мора да те баниран од темава поради труење со глупости и оддалечување од дискусијата. Мислев дека само деца во маало на клупи го прават овој муабет, ама и они престанаа во меѓувреме - остана само уште ти. Мои пари, моја одлука, мој одмор. Дали ќе решам да ги дадам во Лефкада или Трпејца, јас ќе одлучам. Таа одлука зависи од условите кои ќе го добијам за парите кои ги давам. Не од зборовите на политичарите или квази патриотите кои се лупаат во гради. Рака на срце и јас бев еднаш таков, ама со тек на време се созрева...

Назад на темата - убавините на Лефкада.

Кој бил на островот? Ме интересира дали за рентање на скутер од 50cc е потребна возачка од А категорија, или даваат и со B?
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Цел живот на Грција изметот и го јадете и вие и Европа, а кога ке дојде лето тоа гзенцата полни ви се со среќа, просто ке се посерете што ке идете на одмор во Грција.
idi u ohrid i daj si gi site pari za ezero so lajna...a za 200 evra ke vidis raj
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Темата е во подфорумот за „Туризам“, а не за „КВАЗИ ПАТРИОТИЗАМ“.
Жалам, ама ќе мора да те баниран од темава поради труење со глупости и оддалечување од дискусијата. Мислев дека само деца во маало на клупи го прават овој муабет, ама и они престанаа во меѓувреме - остана само уште ти. Мои пари, моја одлука, мој одмор. Дали ќе решам да ги дадам во Лефкада или Трпејца, јас ќе одлучам. Таа одлука зависи од условите кои ќе го добијам за парите кои ги давам. Не од зборовите на политичарите или квази патриотите кои се лупаат во гради. Рака на срце и јас бев еднаш таков, ама со тек на време се созрева...

Назад на темата - убавините на Лефкада.

Кој бил на островот? Ме интересира дали за рентање на скутер од 50cc е потребна возачка од А категорија, или даваат и со B?
Не ти треба возачка од А категорија за скутер до 150 сс понегогаш бараат да им покажеж Б категорија возачка понекогаш ни таа не ја бараат.
 
.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас би сакал ова лето да одам :love: Бидејќи вакви убавини не се пропуштаат не за друго малце се распрашав со ти е пари охрид што одам 15 дена. таму ќе бидам 7 дена ама топ :love:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Таман биле значи муабетите, кога пред две години ми кажуваа дека на Лефкада има поубави плажи, ама слабо забава - а на Закинтос е посиромашен со вакви плажи, ама забава јака. Нормално дека второто го избравме тогаш на 19 год. :D:D. Не дека и Закинтос не го шетавме и не уживавме во плажите надвор од Лаганас (бидејќи тамошната градска плажа е катастрофа и место за локање), Shipwreck bay ја вбројуваат во најубавите 10 плажи на Светот, ама во Лефкада дефинитивно има нешто повеќе да се види од ова.

Убав е островот очигледно и вреди барем еднаш да се посети. Здравје еден ден можеби кога ќе се уозбилиме малце, млади и диви сме уште за таму :).

Пепси_ , шетањето на плажите е изводливо и не е скапо. Зборувам од искуството во Закинтос, таму секој ден од меѓу 8 и 9 часот на центарот на Лаганас престигаа автобуси кои носеа до сите поубави плажи на островот. Картите беа околу 3-4 Евра (повратни нормално), а некои во нив плус вклучуваа и лежалка (на плажите на кои се наплаќаат). Стигаш значи околу 9-10 на плажата, цел ден си таму, накај 5-6 поручек те собира автобусот за назад. Гарант и на Лефкада го имаат тој систем.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Лани бевме со девојката на Крф, во своја режија, смештај преку booking.com и со сопствено возило... така да успеавме целиот остров да го свртиме и да појдиме на најубавите плажи. За годинава сакав да биди Лефкада следна, на истиот принцип, со сопствено возило и нонстоп во движење... ама за жал нема да бидиме во можност :(
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.281
Поени од реакции
273
До сите кои биле на ова место колку би ме чинело да одам во сопствена режија некаде крајот на август????
 
M

macgowan

Гостин
До сите кои биле на ова место колку би ме чинело да одам во сопствена режија некаде крајот на август????
Зависи што очекуваш од одморот и буџетот.
Август е по правило најскап до кај 20ти, но кон крајот би требало да е нешто поефтино.
Прогуглај си студија, апартмани, хотели, зависи што сакаш и прашувај за цени, ценкај се биди упорен ќе најдеш нешто поволно. Јас така секогаш и за секаде.
На Лефкада ти треба превоз обавезно за да ги прошеташ сите убајни така да ако не одиш со сопствено возило, во буџетот да има ставка за рентање кола или барем скутер.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
macgowan гледам дека си доста информиран па неколку прашања за тебе

Летово сакам да одам Лефкада, меѓутоа тајмингот сакал нејќел изгледа ќе ми биде околу шпицот (25 јули - 05 август).

1. Каде е најдобро да се сместам, во кој дел? Не сакам премногу забава сакам блиску до убави плажи само да не биде уџум негде да нема никој. Средина некоја.
2. Дали можеш да го прошеташ островот/плажите со скутер т.е. колку е паметно да изнајмиш скутер наместо кола. Дали има вистина во оние гласини дека намерно ги удираат изнајмените коли? Дали имаш лично искуство со ова? И колку чини изнајмување кола?
3. Дали се преполни сите плажи кога е шпиц на сезоната или има некои онака подалеку што не се толку посетени.
4. Што да не пропуштам додека сум таму?

Колку можеш од ова одговори, јас у секој случај ќе пребарам сам на нет ама сакам и мислење "од прва рака" :)

Ако има и некој друг што бил, би бил благодарен за секој хинт.
 
1. Јас досега сум бил сместен во Лигија(вон сезона) и Нидри. Ако би одел пак, би се сместил во Аг.Никитас или Василики. Можеби и во Лефкас. Имаш сместувања и наКатизма, ако сакаш да си ептен до најубавото море! Од ноќен живот не очекувај на Лефкада многу, таа е за лезет одмор, фантастично море и плажи кои одземаат здив. Имаше некои дискотеки во Нидри колку паметам. Во Лефкас е стандардна туристичка приказна со таверни и кафичи, мене појќе ми се бендиса. Ако си мобилен, нема да ти менува многу каде си. Тука стигнавме до точка

2. Обавезно изнајмување превоз на Лефкада, за да ги видиш сите убајни! Патиштата се планински низ островот претежно, но со скутер нема проблем мислам. Јас се вуцарав со колата уздуж и попреко секој ден. За рентање не знам како стојат цените, не е скапо и не тантели гласини 5%! Ако сте повеќе луѓе-кола рентајте обавезно! Ич не му ја думај!

3. Имаш избор на плажи во Лефкада ехаа...а најпопуларните типот Порто Кацики, Егремни, Катизма, Милос, Аг.Никитас и сл., стандард е `позбучено` таму ама големи се нема проблем!
За полабаво посетени има, како не, но во топ сезона не верувам да ќе се осетиш `осамен` некаде.

4. Да го прошеташ цел западен брег и да уживаш максимално во фантастичните глетки и море!
Лефкада е супер, само не е место за журки и забави. Еден мој другар со таков ниет замина, не знам што мислеше дека ќе начека и ќе прави таму, небаре Миконос или Ибица киниса, па кога се врати ми кукаше...
Накратко толку, шо да те интересира прашај слободно на пп!
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
330
Поени од реакции
104
Бил сум на Нидри, ни е нешто особено, има доста островчета во околината вкл и острова на Онасис. Скутери барем у Нидри нема никаков проблем да се заемат.
Убавата част на Лефкада е западниот брег.
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Годинава има доста интересни понуди од туристичкиве агенции, па доколку планирате да одите Лефкада и да го избегнете Нидри со цел да сте поблиску до убавите плажи погледнете понуди за Василики/Никијана или Агиос Никитас.:pipi:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom