Србите имаа шанса да направат сензација каква што можда и не памети кошарката, со оглед дека Америка на олимпијадата го зема праткично најдоброто од НБА, затоа и освен американци и искривените ко дардан што не знаат што е баскет, денес остатокот од светот повеќе за нив навиваше, историја ќе се испишеше. За ова имаат и те како да жалат, све им беше подредено и ги ставија американците под огромен притисок бидејќи ова злато они под дифолт си го рачунаа, и пола година тераа со тој Леброн assemble што го направи, за да кошаркарски си го вратат приматот број 1 откако на светското потфрлија, ама секако, со многу послаб ростер зашто многу тоа не го есапат.
Све им се подреди до пар нелогичности што можеа да ги избегнат во последна четвртина, почнувајќи од шутот на Гудурич тотално непотребен, во глобала поштувам кога некој врзува добри поени а овој 6 поени врза у два напади и кога осеќа дека му иде шут, одма зима, ама ок е друже, у задња четвртина, иди дугачок напад и под дифолт, давај прво топка на Јокич, тоа основно правило треба да е у таква фаза од меч. Такви минорни моменти на крај одлучуваат зашто после тој шут дојдоа битните ствари, брзи 6 поени на американците, влагање во бонус на србите, Јокич 4та, све ова се деси во рок од 2 минути и задњи 7 влегоа и со бонус, и со Јокич на фаул до исфрлање од игра, и секако мнооогу поуморни поради слабата ротација.
За ваква прилика долго ќе жалат србите зашто реално со појак тренер американциве све ќе истераа со blowout, еднаш у 100 натпревари ќе ти се погоди ваков ден каде со 8 играчи у ротација од кои неколку се прелоши за вакво ниво ко Милутинов на пример, не да си во егал против ваква Америка, него да влезеш у 4та со двоцифрена предност.
Би рекол дека докажаа ако ништо друго на американците дека кошаркава е глобален спорт и не е само Америка центарот на истата, технички е секако, најдобра кошарка у универзумот секогаш се играла таму ама не треба да се потценува и европската кошарка, веќе гледаат како европјани им газат во НБА ама има и тимови и репки што играат добар баскет. Али на крајот од денот победниците само се памтат, ова ништо не им значи на србите и си немаат они утеха за поразов, можат да се горди на изданието, и треба да бидат, ама и самите се свесни дека ваква шанса сега и никад веќе нема да им се укаже, не во вакви околности, така да ќе им треба време да си го проголтаат овој пораз.
Они се кошаркарска нација, ако успеат да извезат повеќе таленти во иднина, дали во јаките европски клубови или НБА, и со тоа да добијат на ширина во ростер, може да се надеваат и на нешто повеќе, утре пак да играат против ваква Америка ќе им се деси прво коло од групна фаза. Невозможно е да играш против ваков ростер на вакво ниво 4 четвртини, им треба трет лидер во екипа, и подобри играчи од оние што им се во ротација, многу подобри од Милутинов, Маринковиќ, Давидовац и Гудурич. Мициќ цело првенство беше тапа денес беше добар, ама и он потфрли генерално гледано, требаше да си остане во Ефес и да си докторира у европска кошарка, не е он за НБА.
Штета ова не беше бар финале, ваков спектакл требаше таму да се гледа, Франција ќе биде помината ко плитак поток, а и тие па како успеаа преку Германија и Канада, бог да чува, на крај сребро ќе земат а полоши се од едно 5-6 тима на првенствово.