@Sase_Ohrid мене навистина не ми е јасно како правилник за увоз може да биде земен како замена за регулатива за тоа што легално може да се чува дома како домашен миленик.
Јас сосема те разбирам што кажуваш, но искрено очекував посочување кон конкретен закон. Вака излегува дека се тоа што стриктно не е забрането... дозволено е.
Од читање разни форуми ширум интернет, знам дека во други земји иако постојат забрани за чување на добиток во урбани средини, легално е дозволено чување еден до два примероци на поситните животни, ако се чуваат дома и како миленици (значи дома, и со хигиена, а не во штала).
Добиток = стока што се чува во штала со релативно ниски хигиенски норми, домашен миленик = животно што се чува дома со релативно повисоки хигиенски норми.
Нормално никој не може да чува крава како миленик, од едноставна причина што истата е преголема. Но има безброј примери каде како миленици се чуваат џуџести виетнамски свињи, пигмејски кози, и слично. Што е сосема нормално да бидат наречени миленици, со оглед на тоа што се не луѓето чуваат дома како домашни миленици... па и тука кај нас имаме луѓе што чуваат се и сешто: бурмански питони со огромна величина, Комодо змајови, крокодили, и што се не...
Но да не дигресирам, зарем навистина нема законски акт кој точно кажува што може а што не може да се нарече (и чува како) домашен миленик?