Легалноста на чување домашни животни како домашни миленици, како законот разликува миленик и стока?

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.814
Затоа размисли што ќе значи чување на коза за здравјето на тебе, твоето семејство и твоите соседи.
Смрт, па зошто мислиш дека една добро чувана мала коза, заедно со куче, во двор, со посебна мала куќичка, со сите моменти за хигиена... би му сметала на некој сосед повеќе одошто неговите кучиња ми сметаат мене?

Кај мене повеќе соседи во дворовите чуваат кучиња. Едниот од нив го поседува најхистеричното куче на планетава кое никогаш не престанува да лае (изгледа дури ни кога спие, или па не спие никогаш), а лае неверојатно со неверојатно иритирачки високи тонови (како да го колат).
Кога јас го толерирам сето тоа со години, па на кој би му сметала една мала козичка??
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Како всушност законот разликува домашен миленик и домашно животно (стока)?
Секое животно е миленик, се додека не направиш кременадли од него.

Купи си џуџеста коза или свиња, и ич не му се мисли. Ако случајно властите ти прават проблеми, секогаш можеш да ги претвориш во сластен оброк.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok
Наполно се согласувам. Но погрижи се животното да има добри услови за живот. Проучи се за животното, консултирај се со ветеринари, направи и добра куќичка, обезбеди и храна и заштите се себе и семејството
Козите се преносници на зоонозата бруцелоза. Македонија е подрачје каде има бруцелоза Таа болест кај животните има благи сиптоми, но може да се пренесе и на луѓе. Тешко се лечи, а една од последиците од болеста е трајна неплодност кај мажи и спонтани абортуси кај жени.
http://en.wikipedia.org/wiki/Brucellosis
 
D

Daedalus

Гостин
Секое животно е миленик, се додека не направиш кременадли од него.

Купи си џуџеста коза или свиња, и ич не му се мисли. Ако случајно властите ти прават проблеми, секогаш можеш да ги претвориш во сластен оброк.
Според тебе луѓето е непотребно да се приврзуваат за домашните миленици емотивно. Исто како што ова...

е сиво за монохроми.
 
Последно уредено од модератор:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.814
@Смрт за зони и пајак воз. нема брзање, оваа година немам услови и можности. Секако дека ги размислувам работите однапред, инаку немаше да ја отворам темава, нели? ;)

Од аспект на самата тема, на жалост мора да констатирам дека како и за многу други работи во државава, така и моево прашање нема дефинитивен одговор. Законите можат да ги читаат како што им одговара. Поточно иако законот не е дефинитивен, можам да очекувам проблеми ако чувам мала пигмејска коза како миленик.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Според тебе луѓето е непотребно да се приврзуваат за домашните миленици емотивно. Исто како што ова...

е сиво за монохроми.
Многу овчари и козари емотивно се поврзани со своите животни, делејќи ги своите најинтимни доживувања со нив (често во ладните осамени ноќи). Ја сето тоа потполно го поддржувам, само сакам да има закон кој ќе ги спречи дворот до мене да го направат штала.
 
D

Daedalus

Гостин
Многу овчари и козари емотивно се поврзани со своите животни, делејќи ги своите најинтимни доживувања со нив (често во ладните осамени ноќи). Ја сето тоа потполно го поддржувам, само сакам да има закон кој ќе ги спречи дворот до мене да го направат штала.
Ама тоа е дворот до тебе. Не е твојот двор. :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.347
Поени од реакции
29.814
Многу овчари и козари емотивно се поврзани со своите животни, делејќи ги своите најинтимни доживувања со нив (често во ладните осамени ноќи). Ја сето тоа потполно го поддржувам, само сакам да има закон кој ќе ги спречи дворот до мене да го направат штала.
Секогаш ме чуди како во секоја тема се наоѓаат барем по неколку вакви како тебе, што дури ни насловот не го дочитуваат добро... а не па уводниот пост. Но сепак никако не пропуштате да ја споделите својата мудрост со нас. Фала, ама нека, навистина не требало!

Некој чува игуани, некој чува змии, некој чува пајаци... некој чува ебани крокодили бе. И тоа за Скопје зборам, не за белиот свет. Што има проблем за една коза од минијатурна раса, која секако ќе биде похигиенски чувана од повеќето кучиња што живуркаат заборавени по дворовите.
Иди за нив жали се на комунални инспектори зошто никој не ги шета тие кучиња или во спротивно зошто барем понекогаш не им го собира изметот да не смрди цел комшилук на лајна. Или жали се зошто никој не реагира кога истите малтретирани кучиња не престануваат да лаат по цел ден и цела ноќ.


Како и да е, темава е отворена за од писмени луѓе да се протолкува ставот на законот, во врска со статусот на миленик на одредени видови животни. Не е темава, за разни Шабани (ок и Шабази) да си играат мајтап.

За мајтап, ЧДА е во тој правец -------------------------------> Чек дис аут!
За зоофилија не знам, ама можеби да пробаш во Љубов и секс, но се некако мислам дека ќе те препратат во Здравје, така да можеби сепак најдобро ќе биде веднаш да се упатиш таму.


Воопшто не мора да ни пренесеш како ќе се заврши работата.

Поздрав.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Vanlok
Денес случајно во друштво бев со еден ветеринар и го прашав за бруцелозата.
Ми рече ако се вакцинира животното нема да представува опасност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom