Пукање во колено, дефинитивно.
Што се однесува до колосекот кој Берик го спомнува, ја баш би рекол дека (почнаа да) застрануваат.
Зошто?
Најголема опасност за Левица според многумина кои гајаат симпатии кон таа партија, е квалитетот на истакнатото членство во партијата (повисоки ешалони, кандидати за пратеници, советници, градоначалници и тн)... што еминентно ќе ги приберат и ќе им се вклучат во партија сомнителни личности и карактери, како што е случај со харакири-во, или пак разно-разни паразити кои нити имаат капацитет нити пак го носат жарот и пасијата на 2цата пратеници. Сите независни кои имаат симпатии кон оваа партија си го поставуваат истото прашање... Како ќе изгледа партијата во поглед на членство, пратеници, советнинци и тн кога ќе биде повеќе етаблирана на сцената и кога ќе има поголемо учество во институциите? Тоа е она што малку, мене, и верувам сличните како мене независни не грижи. А сигналите кои ги добивам во овој момент и со харакирито, воопшто не се сјајни.
Мислам дека освен жарот, ораторската пасија па дури и популизмот на Апасиев/Крмов, партијава ништо продуктивно не понуди откако станаа парламентарна партија. Не дека има простор за продуктивност при оваа фашизоидна банда на власт, не можеш да си продуктивен во ваква поставеност на нештата кога СДС е на власт, ама сепак, малку од малку можеа да покажат дека се способни и да предложат, наместо слепо да критикуваат. Секако, си треба трета опција и оној grasroot момент кој го имаат уште од Ленка е за почит. Залагањето за македонската нација во државава, исто е за почит. Ама тоа искрено, мене не ми е доволно.
Она што многу фали кај нив е темата економија и дигитализација. Како млада партија, составена од млади ликови, да не понудат решенија или да немаат некаква визија или пак соодветен кадар на тоа поле, може многу да ги кошта понатака. Како беше она, лесно е да си навивач и да критикуваш, оди на терен да те видам... Не може и не смее партијата да нема став и ставови за животната средина и само слепо и немо да репостира од о2 коалиција, останати невладини или само да споделува клипови од Св.Николе и останати општини. Немаат план за овие прашања, немаат експерти едноставно кои ќе понудат прогресивни, левичарски и уникатни решенија.
Пред Левица на парламентарните немам гласано никогаш, немав големи очекувања од нив, ама сепак, мислам дека, според она што го видов и што го гледам изминативе 2 години, не направија и не ги исполнија и онака малите очекувања кои ги имав за да ги гласам пак, барем не со овој избор на кандидат, на локалниве. За парламентарни, ќе видиме.