Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Според твоиве критериуми ние никогаш не сме имале добар кандидат. Сваќаш у каков лупхол си влезен, ако е на висока позиције(претседател на стопнска) е коруптивен, ако не е па е без искуство. Нигде нема перфектно, глеаме што е подобро/ полошо.

На крајот од денот шилегов како влијателен политичар во сдсм и со подршка од централната власт ќе направи највеќе за скопјани, меѓутоа објективно според резиме е неколку пати полош избор од Данијела.
А ај да бидеме реални дали сме имале?

Аколу Арсовска воопшто не сум влезен во круг, зошто јас не реков дека самиот факт дека е преседател на сојуз на стопански комори значи дека е коруптивна, али мораш да си признаеш дека сепак тоа дава доста простор за сомнеж. Сепак на крајот на денот нејзината работа и нејзините дела се тоа што треба да ја дефинира. Како што пишав и на инглориус јас не најдов ништо, најдов само статии за она како стигнала до некоја позиција.

Зошто за мене барем и Арсовска и Перо се анонимуси ќе видиме ај на дебатите кои им се ставовите. Али ова дека се луѓе со доволно цврст карактер за да се справат со вистинските проблеми, да не се лажеме не се. Против Шилегов секако ќе се гласа али да не се лажеме себеси.
Автоматски споено мислење:

Не, не зборам за Данела. Јас за нејзе немам став, и да, исто ко тебе сакам да видам што направила, што планира да направи, како и со кои луѓе, пред да изградам став.

Зборев генерално за чесност vs. компетентност. Чесноста е битна, откако компетентноста како елиминационен услов ќе биде поминат. Некој може да е најчесен на свет, со најдобри намери, ама ако не е компетентен, џабе. Ете Трифун е еден пример.
Трифун не би ставил во група на компетентни чесни луѓе во никој случај али без разлика. Според мене проблемите со кои се соочуваме во Скопје не бараат воопшто компетентност ( тоа е главна карактеристика за градови како Стокхолм, Цирих, Осло, итн...) ние сме на ниво на Неапол и Калабрија. Нас ни треба гад кој е доволно смел и луд директно да иде во војна со градежната мафија и загадувачите. А без никаков сомнеж тоа ќе биде буквално војна.

Мене прашањето кое ме води е "Дали е овој доволно ментално цврст да донесе мораториум за каква било изградба на згради на ниво на град Скопје", "Дали е доволно ментално цврст да ги сруши платформите на Матка". А тековното раководење на градот, за тоа си има далеку покомпетентни луѓе кои можат да бидат вработени.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.759
Поени од реакции
17.457
А ај да бидеме реални дали сме имале?
И да сме немале, значи тој ни е кадарот со кој располагаме во држава. Еве имаш вака на памет некој лик, кој би го остварил ова што го бараш? Не ни мора да се занимава со политика.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.920
А ај да бидеме реални дали сме имале?

Аколу Арсовска воопшто не сум влезен во круг, зошто јас не реков дека самиот факт дека е преседател на сојуз на стопански комори значи дека е коруптивна, али мораш да си признаеш дека сепак тоа дава доста простор за сомнеж. Сепак на крајот на денот нејзината работа и нејзините дела се тоа што треба да ја дефинира. Како што пишав и на инглориус јас не најдов ништо, најдов само статии за она како стигнала до некоја позиција.

Зошто за мене барем и Арсовска и Перо се анонимуси ќе видиме ај на дебатите кои им се ставовите. Али ова дека се луѓе со доволно цврст карактер за да се справат со вистинските проблеми, да не се лажеме не се. Против Шилегов секако ќе се гласа али да не се лажеме себеси.
Автоматски споено мислење:

Трифун не би ставил во група на компетентни чесни луѓе во никој случај али без разлика. Според мене проблемите со кои се соочуваме во Скопје не бараат воопшто компетентност ( тоа е главна карактеристика за градови како Стокхолм, Цирих, Осло, итн...) ние сме на ниво на Неапол и Калабрија. Нас ни треба гад кој е доволно смел и луд директно да иде во војна со градежната мафија и загадувачите. А без никаков сомнеж тоа ќе биде буквално војна.

Мене прашањето кое ме води е "Дали е овој доволно ментално цврст да донесе мораториум за каква било изградба на згради на ниво на град Скопје", "Дали е доволно ментално цврст да ги сруши платформите на Матка". А тековното раководење на градот, за тоа си има далеку покомпетентни луѓе кои можат да бидат вработени.
За овие прашања ти треба војска, не градоначалник.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.269
Поени од реакции
78.911
Пукање во колено, дефинитивно.

Што се однесува до колосекот кој Берик го спомнува, ја баш би рекол дека (почнаа да) застрануваат.
Не. Пратениците у собранието прават тоа што треба.

Други позиции немаат, за да кажам дека застрануваат.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
19.852
Пукање во колено, дефинитивно.

Што се однесува до колосекот кој Берик го спомнува, ја баш би рекол дека (почнаа да) застрануваат.

Зошто?
Најголема опасност за Левица според многумина кои гајаат симпатии кон таа партија, е квалитетот на истакнатото членство во партијата (повисоки ешалони, кандидати за пратеници, советници, градоначалници и тн)... што еминентно ќе ги приберат и ќе им се вклучат во партија сомнителни личности и карактери, како што е случај со харакири-во, или пак разно-разни паразити кои нити имаат капацитет нити пак го носат жарот и пасијата на 2цата пратеници. Сите независни кои имаат симпатии кон оваа партија си го поставуваат истото прашање... Како ќе изгледа партијата во поглед на членство, пратеници, советнинци и тн кога ќе биде повеќе етаблирана на сцената и кога ќе има поголемо учество во институциите? Тоа е она што малку, мене, и верувам сличните како мене независни не грижи. А сигналите кои ги добивам во овој момент и со харакирито, воопшто не се сјајни.

Мислам дека освен жарот, ораторската пасија па дури и популизмот на Апасиев/Крмов, партијава ништо продуктивно не понуди откако станаа парламентарна партија. Не дека има простор за продуктивност при оваа фашизоидна банда на власт, не можеш да си продуктивен во ваква поставеност на нештата кога СДС е на власт, ама сепак, малку од малку можеа да покажат дека се способни и да предложат, наместо слепо да критикуваат. Секако, си треба трета опција и оној grasroot момент кој го имаат уште од Ленка е за почит. Залагањето за македонската нација во државава, исто е за почит. Ама тоа искрено, мене не ми е доволно.

Она што многу фали кај нив е темата економија и дигитализација. Како млада партија, составена од млади ликови, да не понудат решенија или да немаат некаква визија или пак соодветен кадар на тоа поле, може многу да ги кошта понатака. Како беше она, лесно е да си навивач и да критикуваш, оди на терен да те видам... Не може и не смее партијата да нема став и ставови за животната средина и само слепо и немо да репостира од о2 коалиција, останати невладини или само да споделува клипови од Св.Николе и останати општини. Немаат план за овие прашања, немаат експерти едноставно кои ќе понудат прогресивни, левичарски и уникатни решенија.

Пред Левица на парламентарните немам гласано никогаш, немав големи очекувања од нив, ама сепак, мислам дека, според она што го видов и што го гледам изминативе 2 години, не направија и не ги исполнија и онака малите очекувања кои ги имав за да ги гласам пак, барем не со овој избор на кандидат, на локалниве. За парламентарни, ќе видиме.
Што мислиш дека требаа да направат Левица во Собрание, што би било продуктивно според тебе?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.421
Поени од реакции
7.763
Што мислиш дека требаа да направат Левица во Собрание, што би било продуктивно според тебе?
Ќе се самоцитирам, за да скратам на мануелно одговарање и повторување.
Да појаснам пак, не ни можеа да бидат продуктивни поради целата политичка состојба со фашистиве и колаборационистиве… Ама можеа да покажат дека имаат капацитет на повеќе фронтови.
економија и дигитализација…Ништо не нудат на овој план, нити пак тоа им е воопшто стожер во креирањето на нивната политика.
Особено второто, бидејќи тоа е еден од основните столбови за елиминација на корупцијата која е канцер во Македонија, и која најмногу го тангира нивниот кор - младите, во кои спаѓам и јас, сеуште.

Не дека има простор за продуктивност при оваа фашизоидна банда на власт, не можеш да си продуктивен во ваква поставеност на нештата кога СДС е на власт, ама сепак, малку од малку можеа да покажат дека се способни и да предложат, наместо слепо да критикуваат. Секако, си треба трета опција и оној grasroot момент кој го имаат уште од Ленка е за почит. Залагањето за македонската нација во државава, исто е за почит. Ама тоа искрено, мене не ми е доволно.

Она што многу фали кај нив е темата економија и дигитализација. Како млада партија, составена од млади ликови, да не понудат решенија или да немаат некаква визија или пак соодветен кадар на тоа поле, може многу да ги кошта понатака. Како беше она, лесно е да си навивач и да критикуваш, оди на терен да те видам... Не може и не смее партијата да нема став и ставови за животната средина и само слепо и немо да репостира од о2 коалиција, останати невладини или само да споделува клипови од Св.Николе и останати општини. Немаат план за овие прашања, немаат експерти едноставно кои ќе понудат прогресивни, левичарски и уникатни решенија.

… не ги исполнија и онака малите очекувања кои ги имав за да ги гласам пак, барем не со овој избор на кандидат, на локалниве. За парламентарни, ќе видиме.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
Ќе се самоцитирам, за да скратам на мануелно одговарање и повторување.
Да појаснам пак, не ни можеа да бидат продуктивни поради целата политичка состојба со фашистиве и колаборационистиве… Ама можеа да покажат дека имаат капацитет на повеќе фронтови.
економија и дигитализација…Ништо не нудат на овој план, нити пак тоа им е воопшто стожер во креирањето на нивната политика.
Особено второто, бидејќи тоа е еден од основните столбови за елиминација на корупцијата која е канцер во Македонија, и која најмногу го тангира нивниот кор - младите, во кои спаѓам и јас, сеуште.
Корупција не се елеминира со предлагање на закони во собрание. Кога некој ти ветува системски промени за да се елеминира корупцијата знај дека те лаже во старт. Што мислиш дека ние немаме доволно закони за кој било обвинител со кичма уште утре да напика едно 2-3 000 функционери и поранешни функционери по затвор за корупција? Ги имаме, али ајде иди најди дечки кои ќе ги спроведат.

Корупција се елеминира само и само со кадрова политика. За да вршиш кадрова политика потребна ти е каква било извршна власт.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.421
Поени од реакции
7.763
Корупција не се елеминира со предлагање на закони во собрание. Кога некој ти ветува системски промени за да се елеминира корупцијата знај дека те лаже во старт.

Корупција се елеминира само и само со кадрова политика. За да вршиш кадрова политика потребна ти е каква било извршна власт.
Корупција се елиминира со многу фактори, меѓу кои и кадровата политика се согласувам.
Ете, да земеме дека само и само со добра кадрова политика се елиминира корупција. Но не и со Камиказе/Харакири кадрова политика. ;)

Нејсе, јас не гледам да дебатираат они во медиумскиот простор што го имаат како парламентарци со жар околу теми кои мене како млад гласач ме тангираат, покрај македонското национално прашање(за кое се прилично бучни и искрени ради што ги имаа моите симпатии на претходните парламентарни, за наредниве не знам рано е уште)... а тоа се дигитализација и економија.
За образованието кренаа прашина, за онака, тривијална работа, ништо суштинско и на таа тема.
Здравство, нешто предложија или само се расфрлуваа со бројки и со катастрофалната политика на Венко?
Ајде ќе си речеш, што има да предлагаат, нивно е да критикуваат... ама они НИШТО не нудат на тие клучни сфери, во смисла дека воопшто немаат капацитет и уникатност и план како што имаа до претходните парламентарни... А овие 2 години требаше да качат левел по неколку прашања кои погоре ги наведов... Сега за сега, мене не ми изгледа дека тоа не е случај воопшто.

За разлика од тоа, па 50% од искачањата на Апасиев се репетиција и дежа ву, веќе кажани работи. Треба да си ултра слеп за да не го видиш ова.
-Каде е кваката, законот за јазици, платформата против бугарија, ја предавам XYZ, римјаните имаат поговорка, римско право, Калето, попис, бојкот, преспански договор, Таљат Џафери и тн и тн... Како да ти кажам, латентно е и латентно звучи вака после 2 години за исти работи да зборат, а требаше 2 левели да качат досега.

Ни еднаш не излезе, нит тој (иако не е економист, очигледно), нити Крмов (нити пак е он), нити пак било кој ете, економист од Левица за да зборува за тоа како може да се привлечат инвестиции во државава, како да се крене просечната плата, како да се дојде до чиста и здрава животна средина, како да се намалат тромите бирократски процеси и индиректната преку дигитализација и тн и тн ...
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.663
Поени од реакции
7.568
За овие прашања ти треба војска, не градоначалник.
До негде се сложувам, али па и ако некој тука мисли дека СДС и ДУИ ќе дозволат да бидат тргнати од политичката цена, раскомадани и да чмаат по затвори без каков било вооружен конфликт и тие се во заблуда. Тоа ни се опциите реално.

Ние сме човек кој во моментов има копје кое му поминува низ гради, и во истото време целата дискусија околу тоа што треба да правиме во врска со копјето некако се врти околу дали да го офарбаме дрвото црвено, плаво или бело. И да не треба може и да го наоштриме врвот кој е поминат низ нашиот грб. Никој не дискутира што ќе правиме со самото копје.

Или ќе пробаме да го извадиме копјето и можеби и ќе умреме при вадењето или ќе умреме после некое време секако. Единствениот проблем е што како поминува времето се повеќе ни се намалуваат шансите да го преживееме вадењето.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Јас би го гласал Камиказа за прецедник.Замисли објава на странски вести прецеднико на државата Перо Камиказа.Исто така звучно име имаше и Сокол Митрески.Замисли само на англиски колку јако звучит.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.249
Поени од реакции
3.173
Според твоиве критериуми ние никогаш не сме имале добар кандидат. Сваќаш у каков лупхол си влезен, ако е на висока позиције(претседател на стопнска) е коруптивен, ако не е па е без искуство. Нигде нема перфектно, глеаме што е подобро/ полошо.

На крајот од денот шилегов како влијателен политичар во сдсм и со подршка од централната власт ќе направи највеќе за скопјани, меѓутоа објективно според резиме е неколку пати полош избор од Данијела.
Шилегов со поддршка од централната власт може само да испие највеќе ракија од скопјани.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.600
Поени од реакции
34.794
app-1.png

... не знам, мене сеуште не ме убеди за неговите намери, по интуиција мислам дека нешто не е во ред, иако говорите му се перфектни, веднаш ги доби моите симпатии и си викам дали е можно вака некој да им го забибери во лице на власта посебно на колацијата, токму во Собранието,

... но ако подобро размислам, кога на еден Миленко -Дудинка знаат да го „стегнат“ и на форум и на ФБ, што не е никој и ништо, што не би и во овој случај со Апасиев?
...некако многу ја „има слободата“ на нараторство како никој друг што ја нема, па ниту рандом членови од редовите на власта ако се против неа, дали е осмислено на „патриотски“ перфиден начин да се растури членството на тие што единствено можат денес да ја сменат денешнава власт?
хм, од каде иде и онака ме посеќа на Фрчковски потези во позадина! :toe:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.644
Поени од реакции
38.830
Прегледај го приврзокот 304979

Викаш Апасиев е тројанскиот коњ?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
... може да е најчесен на свет, со најдобри намери, ама ако не е компетентен, џабе. Ете Трифун е еден пример.
Ne svativ primerot za koj del se odnesuva, dali za cesnost, dali za kompetencija...
Автоматски споено мислење:

Inaku, Levica I Apasiev imaat moi simpatii samo za da ja razbijat momentalnata zabokrecina od politicka scena.
Dovolno ke bide na naredni parlamentarni da osvojat pristoen broj glasovi I vlezat vo koaliciona vlada kade ke baraat samo eden minister - Pravda!
Lici Apasiev I dovolno stucen I dovolno lud da proba da napravi nekoj red...
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Да зачудувачки е зошто некој би одбрал самоуверен, добар оратор за кој постарата урбана популација има носталгични сеќавања за времето во кое он бил популарен. Ептен зачудувачки. Неговата кандидатура им носи на Левица екстра гласови во општините на кои они се концентрираат Аеродром, Центар и Карпош а директно му одзема гласови на Шилегов и драматично му ја намалува шансата дека ќе може да победи во првиот круг. Во старт таа предност од на Шилегов шиптaрските гласови ја намалија за едно 5-10к гласови а и дополнително им ја влошува ситуацијата на СДС во Центар и Карпош. На минатите избори во Центар СДС имале 2000 повеќе гласови од ДПНЕ и Левица заедно, додека во Карпош СДС имале и помалку гласови од ДПНЕ + Левица. Е сега одземи ги од гласовите на СДС и овие од ЛДП/ДОМ во прв круг, и додади го порастот на Левица кој ќе биде чисто на сметка на СДС и одеднаш ситуацијата не им е воопшто сјајна. Мислам целиот облог на СДС е дека Меџети кој е комплетно против коалицијата на ДУИ со нив ќе им донесе доволно гласови да ги надполнат веќе веројатните загуби во секоја друга општина.

А на крајот на денот една од најважните работи сепак ќе бидат дебатите. Па ќе видиме "небањати" аголот на Шилегов и СДС колку ќе функционира против личност која очигледно "интелектуалците" од Центар и Карпош ја сметаат за "бањата". Да не излезе пијаницата на крајот "небањат" па тие 5-10к да не станат 10-15к и да го погребаат уште во прв круг.
Ако нешто не се сомневам во Перо е дека е Македонец, во добра смисла на зборот (ако остана таква воопшто). Не мешај ораторство и зборење у кафич или тв шоу. Ораторство последниве години е сведено на локални обраќања пред договорена иста публика која се влечка со коли и автобуси низ државава и нарачани интервјуа во обоени медиуми. Нема дуели, лице во лице, соочувања. Перо беше посоодветна варијанта за пратеник, ако веќе решил да влегува отворено во политика. Тоа е место со говорници. Градоначалничко место има свои специфики кои имаат врска меѓу другото и со планирање на простор, инфраструктура, инжинерство што мислам дека му мањка. Мое лично согледување и не мора да биде популарно. Имам и порано пишувано дека не ѕид, туку планина пред себе има Левица, а тоа се вика "кадрова политика" внатре во партијата и дека мака ќе мачат да се екипираат со кадар што не е претходно испоганет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom