Шефот на државата истакна и дека нема намера да се сретне со рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин, посочувајќи дека нашата држава пред неколку дена се приклучи кон санкциите на ЕУ, дури и кон оние од 2014 година воведени по анексијата на Крим, кои предвидуваат и дипломатска изолација на...
telma.com.mk
"НЕМА ДА СЕ ВИДИМЕ ЗАТОА ШТО ИМА ЕДНА ФРАЗА КОЈА Е СОДРЖАНА ВО ЧЕТВРТИОТ ПАКЕТ САНКЦИИ НА ЕУ И САД. ТАМУ ПОСТОИ ФОРМУЛАЦИЈА, КОЈА ШТО ГЛЕДАМ МЕДИУМИТЕ СЛАБО ЈА ОБЈАВУВААТ, ДЕКА ТИЕ КОИ СЕ ПРИКЛУЧУВААТ КОН САНКЦИИТЕ ТРЕБА И ДИПЛОМАТСКИ ДА ЈА ИЗОЛИРААТ РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, РЕЧЕ ПЕНДАРОВСКИ."
"
ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА, ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР БЕЗДНИКИН
Денес, 16 март 2022 година (среда), со почеток во 13:00 часот, во репрезентативната „Струшка сала“ на Собранието на РМ – пратениците на Левица проф. д-р Димитар Апасиев и Борислав Крмов остварија деведесетминутна работна средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.
На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од истата по меѓународниот поредок. Акцент се стави на процесот на денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опасност за секоја современа демократија.
Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените русофобски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како провокаторски и непријателски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите односи меѓу македонскиот и рускиот народ. Пратеникот Апасиев се огради од последните контроверзни дејствија на македонската дипломатија и потсети дека овие нецивилизирани антируски чекори воопшто не ја изразуваат волјата на мнозинството македонски граѓани."