Колку држи вода ова што вели дека причината за 2001 е признавањето на Тајван?
Не вели дека 2001 е причината за признавањето на Тајван туку дека признавањето на Тајван е причината за повлекување на набљудувачите од Обединетите Нации кои биле распоредени на границата кон Југославија зошто Кина после признавањето ставила вето на продолжување на мандатот.
По што нашите супер-убер-најдобрите-одличните-блиските партнери од Америка, ЕУ и НАТО организираат преку границата која официјално они треба да ја контролираат, префрлање на терористи обучени, спонзорирани и организирани од нив да го тероризираат Македонското население, да палат Македонски куќи а не е незабележителен теророт извршен и врз локалните албанци во форма на киднапирање, силување, итн...
И од таму произлегува дека ако не го признаевме Тајван, Кина немаше да стави вето на набљудувачите од Обединетите Нации на северната граница и ќе беше политички далеку покомплицирана ситуацијата за Американците и УЧК од тоа како што испадна.
И ова не е некоја нова теза ова уште од тогаш од 2001 се дискутираше и со кој памет се признава Тајван и се оди против Кина. А потоа после почетокот на НАТО-УЧК инвазијата од Косово, Љупчо мислам дека одби и оформување на нова мисија на набљудувачи под покровителство на Обединетите Нации кои требаше да бидат распоредени на границата со Косово.
Се на се немам никаков сомнеж дека Љупчо, Доста и Тупурковски за 30-40 години ќе ја имаат истата репутација како Ванчо Михајлов, штетата кои они ја имаат направено врз Македонија е ненормално голема. Посебно Доста која е главниот поборник за комплетно растурање на сите Македонски безбедносни служби. Нивните гревови се поголеми и од тие на Заев.