Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
1 јули 2020
Мислења
355
Поени од реакции
1.411
Нема потреба од споредби со случаевите Македонија - Израел. Различни случаеви се. Пак ќе речам моралот нема потреба да го употребиме. Факт е дека државата Израел постои повеќе од 70 години. Почнаа и некои од Арапските земји тоа да го прифатат. Реалност е, нема назад. Израел е опкружен со држави и нации кои да би имале сила уште утре ќе ги испоколеа сите Евреи. Од тука излага и жестокоста со која агира Израел. Не може да си дозволат никаква милост оти во најлош случај може да им биде крајот. Тоа што го прават со Палестинците не е во ред и ја сум за коегзистенција ете солуцијата со 2 држави. Е сега што прави Хамас и други терористички групации е далеку од самоодбрана. Значи има многу сиво. На крај страда нардото, Палестинците посебно. Ама како што се, вината не ја бараат кај нивните лидери и групации туку кај Израел.
Дошле Французи, Германци, Пољаци, Американци, Руси им ја украле земјата дека во нивната книга стоело дека таа земја на нив им ја дал господ. Ги иселуваат, малтретираат, убиваат. Во 2020 година ги чуваат во гета и малку проширени концентрациони логори. Целиот регион го дестабилизираат и користа надворешна светска сила (САД) да ги сотрат сите регионални центри.
Израел е опкружен со држави и нации кои да би имале сила уште утре ќе ги испоколеа сите Евреи
Ај не зафркавај, сите ќе сакаат да им се одмаздат. Просто вџашувачки е дека ете опресираните ќе сакаат да му се одмазадат на опресорот после 70 години малтретирање. Кој би очекувал.

Пак ќе речам моралот нема потреба да го употребиме. Факт е дека државата Израел постои повеќе од 70 години.Почнаа и некои од Арапските земји тоа да го прифатат. Реалност е, нема назад.
Види и држава Македонија постоеше па како што видовме за 1-2 години може ситуацијата драстично да се смени. И држава Југославија постоеше, и тоа со далеку поголемо интернационално реноме од Израел. И Родезија постоеше со далеку по поволна географска и воена ситуација. Ама знаат брзо да се сменат нештата.

Ако сте од дечките што прифаќаат реалност е, нема назад сепак ене го Мицковски и ДПНЕ они се доста добри во прифаќање на реалности. Од 1991 до денес сите реалности ги прифатија.
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.283
Поени од реакции
14.601

:facepalm:

Како можат вака пристрасно и емотивно да завземат страна во еден ваков долг и комплициран конфликт, посебно против влијателна и моќна земја како Израел. Свесни се каква глупост прават, има некој да им посочи или се премногу самобендисани за да прифатат сугестија. Сто пати им е посочено да ги остават овие идеолошки глупости со социјализам, Тито, Сталин, Палестина и останати слични глупоштини, да бидат прагматични и да се фокусираат на криминалот на бандите од сдс и дпмне. Имаат потенцијал да станат сериозна политичка опција, ама доколку продолжат со вакви идиотски соопштенија и ставови дека ќе останат само трол партија како Шешел во Србија.
Идеологијата е многу лоша работа во случајов. Во 70тите имаше левичарска терор-група РАФ во Германија која ги поддржуваше Палестинците против Израел и имаше тесно контакти и помош 25 години после крај на Холокауст самобендисани комунисти, Германци, пак против Израел. И да, дел од комунистичката фолклористика е токму анти-Израел ресентиментот. Мислев Апасиев во овој случај е попаметен. Можеби цели на муслимански гласови и тактизира, не знам.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
355
Поени од реакции
1.411

:facepalm:

Како можат вака пристрасно и емотивно да завземат страна во еден ваков долг и комплициран конфликт, посебно против влијателна и моќна земја како Израел. Свесни се каква глупост прават, има некој да им посочи или се премногу самобендисани за да прифатат сугестија. Сто пати им е посочено да ги остават овие идеолошки глупости со социјализам, Тито, Сталин, Палестина и останати слични глупоштини, да бидат прагматични и да се фокусираат на криминалот на бандите од сдс и дпмне. Имаат потенцијал да станат сериозна политичка опција, ама доколку продолжат со вакви идиотски соопштенија и ставови се плашам дека ќе останат само трол партија како Шешел во Србија.
Па тогаш нека се самораспуштат. Веќе ги имаме СДС и ДПНЕ што ќе ни е и трета партија која е "прагматична".
 
Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.283
Поени од реакции
14.601
Дошле Французи, Германци, Пољаци, Американци, Руси им ја украле земјата дека во нивната книга стоело дека таа земја на нив им ја дал господ. Ги иселуваат, малтретираат, убиваат. Во 2020 година ги чуваат во гета и малку проширени концентрациони логори. Целиот регион го дестабилизираат и користа надворешна светска сила (САД) да ги сотрат сите регионални центри.

Ај не зафркавај, сите ќе сакаат да им се одмаздат. Просто вџашувачки е дека ете опресираните ќе сакаат да му се одмазадат на опресорот после 70 години малтретирање. Кој би очекувал.
Аха, ок. Значи оправдано Хамас вчера да пушти 2.000 ракети кон Израел од кои 1.000 им беа срушени и 350 паднати кај нив. И после жртвите се покажуваат како убени од Израел. Туку не сфаќам оти од Сирија 3 ракети беа пуштени кон Израел? Не знаев дека и Сирија е нападната. Туку сфати дека Палестинциве во случајов се само алиби. Исламисти со заеднички сили поддржани од Иран и други едноставно водат верска војна, џихад. Ова е само нова епизода во цела приказна. Ако муслиманите толку ги сакаа Палестинците, можеа со пари да им помогнат а не да финансираат терор во регионот.
 
Израел буквално секој месец од кога почна војната во Сирија ја бомбардира Сирија притоа користејќи го воздушниот простор на Либан или користејќи идентификатори на Американската Авијација за да бомбардираат преку Јордан. Дури и Руски авион беше соборен одкако Израелски авион бомбардирајќи ја Сирија го имаше користено истиот како жив штит.

На јужниот дел на Сирија по добар дел од границата помеѓу Сирија и Израел имаше регион под контрола на ИСИС и со години они таму опстојуваа без да разменат испукан куршум со Израелците. Притоа имаше доста видеа каде што Израелците им праќаат амбулантни возила за да им ги земат ранетите и каде што гаѓаат цели на Сириската војска дека премногу се доближиле до границата.

Аха, ок. Значи оправдано Хамас вчера да пушти 2.000 ракети кон Израел од кои 1.000 им беа срушени и 350 паднати кај нив. И после жртвите се покажуваат како убени од Израел. Туку не сфаќам оти од Сирија 3 ракети беа пуштени кон Израел? Не знаев дека и Сирија е нападната. Туку сфати дека Палестинциве во случајов се само алиби. Исламисти со заеднички сили поддржани од Иран и други едноставно водат верска војна, џихад. Ова е само нова епизода во цела приказна. Ако муслиманите толку ги сакаа Палестинците, можеа со пари да им помогнат а не да финансираат терор во регионот.
Хамас не се подржани од Иран веќе со години зошто Хамас заради пари од Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар ги подржаа исламистите во Сирија зошто тогаш изгледаше како да ќе победат. Иран и Сирија после тоа не им даваат никаква подршка и како што можеш да видиш воопшто и не се вмешуваат во целата ситуација. Турците се единствените кои јавно ги подржаа Хамас.

Аха, ок. Значи оправдано Хамас вчера да пушти 2.000 ракети кон Израел од кои 1.000 им беа срушени и 350 паднати кај нив. И после жртвите се покажуваат како убени од Израел. Туку не сфаќам оти од Сирија 3 ракети беа пуштени кон Израел? Не знаев дека и Сирија е нападната. Туку сфати дека Палестинциве во случајов се само алиби. Исламисти со заеднички сили поддржани од Иран и други едноставно водат верска војна, џихад. Ова е само нова епизода во цела приказна. Ако муслиманите толку ги сакаа Палестинците, можеа со пари да им помогнат а не да финансираат терор во регионот.
А кое е алибито за постоењето на државата Израел? Дека они се одбраниот народ и дека Господ на нив им ја дал таа територија за они да имаат држава таму.

Па јас не знам ниту една држава на планетата земја а искрено можеби и во историјата на човештвото која ја имала ароганцијата, државниот мит за создавање да им биде Господ. Брутално нереална е ароганцијата и лудоста која би требала да ја има група на луѓе така што главниот аргумент зошто нешто им припаѓа на нив е дека Господ рекол така.

А пак да ги обвинуваат уште нивните противници дека они воделе религиозна војна, тоа е веќе ????????.

Аха, ок. Значи оправдано Хамас вчера да пушти 2.000 ракети кон Израел од кои 1.000 им беа срушени и 350 паднати кај нив. И после жртвите се покажуваат како убени од Израел. Туку не сфаќам оти од Сирија 3 ракети беа пуштени кон Израел? Не знаев дека и Сирија е нападната. Туку сфати дека Палестинциве во случајов се само алиби. Исламисти со заеднички сили поддржани од Иран и други едноставно водат верска војна, џихад. Ова е само нова епизода во цела приказна. Ако муслиманите толку ги сакаа Палестинците, можеа со пари да им помогнат а не да финансираат терор во регионот.
Како ќе ги помогнат кога овие живеат во концентрациони логори без покрив. Знаеш дека Газа е под воздушна, копнена и поморска блокада така? Дека ниеден брод од Газа не смее да отиде подалеу од 15 км од брегот и дека секој брод кој иде накај Газа е подложен на Израелска инспекција. Дека Израелците редовно вршат атентати врз секој по влијателен Палестинец и во Палестина и во регионот но и подалеку. Дека Израелците во Западниот Брег бувално си влегуваат рушат цели села и после врз нив градат Еврејски населби? Како можеш да создадеш какво било општество во кое има подобрување на животот кога ти немаш никакви легални права и некој (Израел) може во било кој момент да ти направи што сака.

Мислам овие работи се доста познати би очекувал дека ги знаеш.

Аха, ок. Значи оправдано Хамас вчера да пушти 2.000 ракети кон Израел од кои 1.000 им беа срушени и 350 паднати кај нив. И после жртвите се покажуваат како убени од Израел. Туку не сфаќам оти од Сирија 3 ракети беа пуштени кон Израел? Не знаев дека и Сирија е нападната. Туку сфати дека Палестинциве во случајов се само алиби. Исламисти со заеднички сили поддржани од Иран и други едноставно водат верска војна, џихад. Ова е само нова епизода во цела приказна. Ако муслиманите толку ги сакаа Палестинците, можеа со пари да им помогнат а не да финансираат терор во регионот.
Израел ги држи под целосна блокада, Израел ги иселува и после населува нивни жители во нивните огништа. Ги убива, малтретира, врши атентати, бомбардира. Овие испукуваат ракети направени во механички работилници кои не вредат повеќе од 500 долари бидејќи буквално немаат никаков начин да се спротистават. Палестинците ги тероризираат Израелците. Палестинците ги тероризираат Израелците како ние што ги тероризираме Косоварите.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
7.389
Поени од реакции
22.538

:facepalm:

Како можат вака пристрасно и емотивно да завземат страна во еден ваков долг и комплициран конфликт, посебно против влијателна и моќна земја како Израел. Свесни се каква глупост прават, има некој да им посочи или се премногу самобендисани за да прифатат сугестија. Сто пати им е посочено да ги остават овие идеолошки глупости со социјализам, Тито, Сталин, Палестина и останати слични глупоштини, да бидат прагматични и да се фокусираат на криминалот на бандите од сдс и дпмне. Имаат потенцијал да станат сериозна политичка опција, ама доколку продолжат со вакви идиотски соопштенија и ставови се плашам дека ќе останат само трол партија како Шешел во Србија.
Иако не се согласувам со нивниот став, не би рекол дека се шарлатани зошто многу поголеми и посериозни партии имаат сличен став како нив. Плус поштувам што наместо да прилагодуваат позиции зависно од тоа кај дувне ветрот, си држат до своите принципи.
 
Член од
22 април 2021
Мислења
53
Поени од реакции
146
Факт е дека на територијата на која денес се наоѓа државата Израел, пред 1947 била британски мандат и имала само 10% еврејско население.
Сѐ останато е доселено од Европа, Русија, САД... (и денес постојат специјализирани програми за млади еврејски двојки и семејства, каде ѝм се даваат стотици илјади долари и новоизградени домови, за да од Америка се преселат во окупираниот Западен Брег.) Со други зборови, се работи за добропознатата практика на доселување на население на новоосвоени територии, заради постепено етничко чистење (како што османлиите правеле со башибозукот во западните делови на Македонија, или Србите во Вардарска Бановина.)

Ако одиме векови наназад, пред исламската инвазија на Левант, израелските територии како дел од Источното Римско Царство, се населени од Христијани и Евреи (Сасанидската персиска империја масакрира 90.000 Христијани во Ерусалим за време на инвазијата од 614 година.) Со освојување на овие територии од Калифатот во 636, започнува исламизацијата, преку доселување и конвертирање. Џамијата Ал-Акса и Куполата на Карпата се изградени на рушевините на Соломоновиот храм, храмот над сите храмови (за разлика, Османлиите само со доградување минариња го пренамениле/осквернавиле Храмот на Светата Мудрост Божја во Цариград).

Уште поназад, пред римјанските освојувања, на територијата на денешната држава Израел постојат повеќе кралства, од кои две (Јудеа и Израел) се израелитски, а третото (Едом) се претпоставува дека е на наследниците на Исав (кој од Стариот Завет знаеме е постариот син на Исак, кој го продава своето првородено право на Јаков.)

И сега ако гледаме од историска перспектива, ќе речеме „Епа кој бил прв“ ама тоа нема да го реши проблемот.
По таа аналогија, словенските племиња кои ја населиле Македонија во 6ти век се окупатори на територија која претходно била на домородните Македонци и Пајонци. Англо-саксонците се окупатори на Британија, која била чисто келтска земја... секој е окупатор на некоја територија и другиот ја гледа за света должноста да ги набрка од кај што дошле.

Религиите одат до крајности кога кажуваат кое чие е. Фактичката ситуација на теренот говори нешто друго, а тоа е дека со време Евреите биле незначително малцинство на тие простори, но и дека Исламот не е само религија, туку и политички, правен и банкарски систем. Алах не е само бог, туку и законодавец, а Мухамед како негов последен пророк, е најсовршениот човек кој одел по земјата и пример како секој човек треба да се однесува (да, се работи за истиот оној кој со армии окупирал територии, кој во своите доцни години се оженил за седумгодишно дете а бракот го консумирал кога она имала 9 и чии следбеници обезглавуваат кафири заради карикатури со наводно неговиот лик.)
Како што тој ги испокршил идолите во Ќаба, така должност на секој муслиман е да ги уништи идолите на денешницата (меѓу нив и гласачкото право и избор на лидери на слободни избори). Муслиман искажува верност само спрема друг муслиман, никогаш нема да поздрави кафир со „Ас саламу алијкум- Алејкуму салам“ ниту ќе прими храна од него, тој сака сѐ што му е мило на Алах и мрази сѐ што Алах мрази (принцип познат како Al-Wala wal-Bara). Се одрекува и од сопсвеното семејство, ако тоа не ги следи исламските практики, а ќе прифати за брат друг муслиман од другиот крај на светот, кој никогаш не го знаел претходно, само дека е посветен во религијата.

За Евреите, пак, бог нема да се јави сѐ додека џамијата и куполата не бидат срамнети со земја, а на местото се изгради Трет Соломонов Храм.

Во таква консталација, како да се очекува помирување меѓу засегнатите страни? Ова не е конфликт од 1948, овој конфликт е стар 5000 години, кога Авраам (Ибрахим), наговорен од жена му Сараа, ја набркува во пустината нивната слугинка Агар, со која го имал Исмаил, затоа што Сараа родила на стари години и не сакала Исак да го дели наследството со син на слугинка. Исламската религија е создадена на оваа старозаветна приказна, а муслиманските Арапи се сметаат за наследници на Исмаил. И затоа се многу гневни и си го бараат тоа “што ѝм припаѓа а неправедно ѝм било одземено“.

Од европска перспектива, пак, Израел е последната европска тврдина. Кога ќе падне Израел, ќе падне и Европа.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.891
Поени од реакции
10.243
:D

Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.283
Поени од реакции
14.601
:D

Една од големите заблуди на комунистите е, дека верски фундаменталисти како Хамас и комунистичките движења природно припаѓаат на иста страна. Напротив, тие како Атеисти ги сметаат за најдолу. Ама ете во случајот и во минато се прагматични и земаат помош од кого и да стигне.

И уште една работа ако веќе ја меша Македонија во случајов. Како земја која поради антисемитизам го изгуби цело свое Евреиско население (И ТИЕ БЕА МАКЕДОНЦИ) во најмала рака би било фер да ја согледа и Изреалската страна и да не зазема тако слепо страна про Арапиве. Заедничко на Арапиве со Хитлер е дека, ако би могле, уште утре би уништиле сите Евреи. Се залетал Апасиев во нешто од што не може да се врати без да изгуби образ па најдобро е да молчи за ова. И онака став на Македонски политичар во тематиката е помалку од релевантна.
 
Левичарите се поистоветуваат со Фатах на Јасер Арафат, кое е левичарско движење.

Igorcemk

Cogito ergo sum
Член од
17 јануари 2008
Мислења
11.283
Поени од реакции
14.601
Левичарите се поистоветуваат со Фатах на Јасер Арафат, кое е левичарско движење.

Било поминало. Ама и во случајов движењето има(ше) за цел уништување на Ционизмот и Израел, тешко да поставиш граница со антиземитизмот.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.891
Поени од реакции
10.243
Било поминало. Ама и во случајов движењето има(ше) за цел уништување на Ционизмот и Израел, тешко да поставиш граница со антиземитизмот.
Види споредбата на револуционерно ВМРО со Хамас е целосно точна.

И ВМРО убивало македонци кои соработувале со турците или не не биле лојални. Воедно извршувало терористички операции.

Така да Апасиев во врска со тоа е целосно во право.

Сега тоа што оди контра Израел е глупост од епски размери, ама тоа е тоа кај левичарите :D

Јас затоа велам, многу од конзервативните на форумот кој ќе гласаат за Левица, ќе се разочараат ако Левица си достои на својата идеологија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
12.987
Поени од реакции
19.002

А кој спори дека ВМРО била терористичка организација?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
9.891
Поени од реакции
10.243
А кој спори дека ВМРО била терористичка организација?
Па никој не треба да спори, ама многу од форумџииве не ја гледаат шумата од двјата.

Малце му се заматува погледот, па да испрајме, шо е право, шо е криво :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
12.987
Поени од реакции
19.002
Па никој не треба да спори, ама многу од форумџииве не ја гледаат шумата од двјата.

Малце му се заматува погледот, па да испрајме, шо е право, шо е криво :D
Совршено право е партија која тврди дека е идеолошки наследник на терористичка организација, која во исламска држава правела отпор во име на христијанското население да биде против терористичка организација која како примарен идеолошки принцип има исламски фундаментализам.

Логикава на Апасиев е прилично фалерична, уствари како и на секој левичар, што не сфаќа дека чувството на припадност не може да се објективизира. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom