Видете вака. Левица ја финансира државата. После овие избори Левица е уште повеќе моќна финансиски и уште повлијателна на политичкава сцена. 10 години се бараше лик ко Апасиев малце да го раздрма системов. Илјадници фаци не гласаа за Левица мислејќи дека тоа е потрошен глас и дека Левица нема да биде парламентарна партија. Многу од народов не ни ја знаеа Левица дека постои. Е сега кога веќе сите знаат за Левица и Апасиев, на слдни избори јана да е мајка ќе имаат по еден пратеник а во кец двајца-тројца.
Во прилог оди тиа што американциве моментално немаат многу време да се занимаваат со Левица пошто се спремаат избори таму и цел фокус е на тоа. Башка тоа за макс две години и кај нас ќе има избори. Според мене мислам дека Левица нема да има голем притисок и можи да издржи две години да си тераат своја политика. Доволно долго време за народов да се свести и да ги подржи уште повеќе.
Мисам дека на Апасиев му е толку многу скурчено што и закани за фамилија нема да го допрат за да си го тера своето.