Другари, мора да се делува "партизантски", порано за да бидеш доушник на власта било потешко после да се инфилтрираш пак во населението. Денес со лажните профили тоа е полесно. Како од страната на борба против криминалот, така и од страната на работење против Македонија.
Немојте да мислите дека немаме Македонци кои за пари работат против државата. Имаме и такви Македонци кои стрикно помеѓу нас делуваат за Грчка, некои делуваат за Бугарија. Некои стрикно си работат за Амриканците и така натаму.
Воглавном е битно она што сите нас не поврзува. Дали имаме иста цел, и како ќе се бориме за таа цел. Другарот Апасиев денес на фејсбук истакна дека и помеѓу Албанците има луѓе коишто си ја сакаат Македонија, малку ќе цитирам: "
Во 1942, бугарски фашисти го напаѓаат планинското село Долно Јаболчиште - велешко (населено со етнички АЛБАНЦИ). Многубројни војници, контрачети и окупаторски колаборационисти, придружени од тајни агенти и полицајци, влегуваат во селото. Насила ги извлекуваат селаните од нивните куќи на сред село. Откако се најале, ги построиле и ги натерале да играат оро. Ги тепаат по нозете со суровици, прашувајќи ги каде се партизаните од Велешкиот партизански одред (во најголем број етнички МАКЕДОНЦИ) и кои се нивните локални симпатизери? Иако селаните тоа го знаеле, никој не проговорил!
Тогаш, фашистите почнуваат со мачење и убивање... Вкупниот биланс од дивеењето на овие ѕверови е 11 убиени селани и многумина осакатени, а целото село било физички малтретирано и понижувано. Но, никој од нашите сограѓани Албанци од Долно Јаболчиште не ги предаде партизаните! Никој не кажа каде се кријат, ниту кои се нивните јатаци.
p.s. Извршеното ѕверство не ги одврати тамошните селани од поддршката за НОВ. Повеќемина се вклучиле и во партизанските одреди, а барем четворица младинци од ова село загинале како партизани во борбите против балистичките и останатите непријателски сили." Луѓево биле овде и пред ние да ја направиме независна Република Македонија, се бореле заедно со нас и имаат исто толку заслуга. Немојте да си мислите дека они не се изманипулирани од нивните партии. Кој и да прашате нивни човек којшто има достоинство ќе ви каже дека и нивните работат само за џебот. Тоа е јасна порака кон вас другари, дека доколку се спротиставите на ова зло, има луѓе и од другата страна кои ќе ви помогнат.
Јас веќе почнав со делување. Не само овде туку и на терен. Запознаен сум со еден криминал за кого веќе ги собрав доказите написмено, но сега во ова време не ги објавувам, си ги чувам за кога ќе дојде времето да ги изнесам.
Знајте само едно дека ние сме убијци на херои, дали на културен дали на политички план. Малце ќе ви набројам некои имиња за нештата да ви бидат појасни. Јохан Тарчуловски, Тоше, Борис и така натаму. Нема невини другари, има само слаби кои виткаат кичма.
#АСНОМживее
#КласнаВојнаАНеЕтничка
#ДодекаСеМразимеНиГиПразнатЏебовите