Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.669
Поени од реакции
3.605
Па неможам да ги барам сеа твојте постови,и да ти цитирам,али у главном,си се подјебавал
Аха добро, значи не збориш за нешто конкретно, туку генерално за мојот став.

Не сум се подјебавал. Го кажувам мојот став. Некогаш да, да се подјебавам, форум е, сите го праиме тоа, но генерално мојот став е тој, конзистентен, за многу работи во политиката 10ина години наназад.
Ако мислиш на пратениците, да, реков дека ке има отприлика 1 пратеник. Не реков дека ќе нема, туку прашање е дали 1 или 2. Многу од тука велеа дека ќе има 5, како и он самиот што велеше дека ќе има пратеничка група, односно 5 пратеника.

Тоа не е подјебавање, тоа е моја анализа, која што е точна. 5 не може да освои во никој случај. Реков дека нема структура партиска, а поради тоа не може да стигне до толка број на пратеници. Нема ни доволно луѓе за да му седат по избирчки места во 2 смени (тоа се 7000 луѓе), а уште помалце па членови на избирачки одбор кој што можат да поднесуваат приговори. И плус ред другите работи кои што ги нема во моментов, за да освои толку многу пратеници.

Кажав и претходно, многу работи од неговата програма не можат да се исполнат, или многу тешко. 4 години брзо проаѓаат, ќе видиме колку од тоа што ветил успеал да исполни.
Сум објаснил и за преспанскиот договор и за неговиот наратив, и за неговата одговорност како лидер на малата политичка партија и мн други работи.

Знам дека тоа што го пишувам не им се допаѓа на неговите поддржувачи тука, но тоа е вистината
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Профилот на Апасиев е и те како соодветен за моменталниве политички услови, кога владее сервилност, полтронизам, клиентелизам, кога професијата политичар е наследна и привилегија само за оние кои ги "красат" горенаведените "епитети", кога имате фосилни остатоци од комунистичката школа, истрошени политичари попут Шекеринска, тендер бизнисмени кои што изиграваат политичари, продадени професори и сенилни академици кои што се безгласна буква, квази интелектуала спонзорирана од "невладини" организации... Излага Апасиев, дете на обична радничка фамилија, се пробил низ образовните и институционални корумпирани лавирнити, каде што непотизмот царува и уште непрооден ти става сопки, догурал до професор, сега станува и пратеник.
Цела "крем" политичка, новинарска полтрон фела ја фаќа масовна хистерија, му се дешава баг во матриксот и со сите сили пробуваат да го решат, се фаќаат за сламки, за речник, идеологија, му девалвираат струка, истите тие кои што се до гуша закопани во криминал и се дават во сопствените фекалии говорат за морал, а реално можат само да му се фатат.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.669
Поени од реакции
3.605
@Joe Dalton
Македонската политичка сцена е таква, многу тешка за успевање, иако навидум изгледа дека е лесна ко боза. Не е дека само за него и Левица ги фаќа хистерија, туку тоа му се случува на секој што ќе се обиде да биде трета опција. Да не се лажеме да бидеш трета опција покрај 2 киклопа како сдс и вмро е олово тешко, дури не возможно. Вака од страна делува многу лесно кога гледаш, но да си ти вистинската трета опција е претешко. Затоа третите опции во минатото после 1 изборен циклус секогаш се приклонуваат ко една од двете големи партии, затоа што после извесен период тоа е единствената сламка спас за останување жив како субјект на сцената.

Патот на Апасиев за да биде трета опција не е ни започнат. На тој пат ќе треба да се соочи со мнооооогу предизвици. Нашата политичка сцена е организиран хаос, каде што нема никакви правила. Ајкули има од сите страни и никој не ти простува. Во игра си само ако си од корист.

Прв иницјален доказ дека сум во право тоа што го кажав дека многу од тоа што го ветува е неостварливо се 2000те преговори до ДИК и 101 тужба до Управен Суд. Институциите 2 - 0 Апасиев.
Ете најпрост пример како уште не седнат во пратеничка фотеља, губи со 2 гола уште пред да започне натпреварот. Тоа му е увертира за тоа што ќе му се случува во наредниот период.

Лесно е кога си во опозиција односно надвор од парламент, немаш одговорност и збориш против се живо и диво. Но сега, жешкото столче е спремно. Сите погледи се вперени, од сега па натаму секој збор се мери, од една страна е народот, од друга се противниците. Одговорноста е многу поголема.

Можеби овој мандат ќе го истера во опозиција. Но така нема да може да тера долго. Веќе во наредниот ќе сака да биде дел од власта, без разлика дали ќе има повеќе пратеници или исто. Дури и он самиот да не сака, ќе им притисок од членството да се биде дел од власт, јер 8 години опозиција е предолг период. Кога е на власт ги има благодетите, ќе може да подели по некое вработување, да стави свои луѓе на раководни позиции и нормално да ја добие моќта за некои работи он да одлучува како што барал и за што се залагал на избори.

Тоа е од една страна. Од друга страна, за да дојде на власт ќе мора да разговара со некоја од албанските партиии :icon_lol: . Што значи дека ќе мора да биде во коалиција со некоја албанска партија и плус еден од вмро или сдс. Lose - Lose ситуација за него, јер што и да одбере ќе има незадоволни членови и гласачи кои што го гласале, а веќе нема да го гласаат.
Проблеми ќе има премногу, прашање е како ке се носи. До сега се што правеше беше во ќар, јер во оваа фаза имаш само ќар. Од сега па натаму или ако не од сега, за брзо време од сега потезите што ќе ги влече ќе му носат и штета. Па ќе треба да пресметува кој потег да го повлече не за да биде ќар туку за да си направи помала штета.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Излезе и јавно кажа како стојат работите со Албанците.
Нешто што никој од ВМРО никад не го напраил, у задњи дваес години. (за СДСМ да не ни зборам)

Па дури и ништо од сад па надаље да не напраи, пак свака му част.
Важно ти уплашен од корона не отиде да го гласаш.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.567
Поени од реакции
13.898
Интересно е што сега многумина дознаваат за Апасиев и се изненадени од прејаките говори.За сите што мислите дека ова е најдобро интервју евер, гледајте ги минатите дуели и интервјуа. Сите му се во топ 10 откако е формирана државава :D
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
И да се клатат
И за стајлинг имаат серено, е толку ниско паѓаат, како бил облечен. А ваму излага Мицко, Заев, Димитров, носат одела што коштаат колку една просечна месечна плата на обичен македонски работник и му се обраќаат на обичното граѓанство, бараат глас, му ветуваат брда и долини. Лудило.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.296
Поени од реакции
13.175
И за стајлинг имаат серено, е толку ниско паѓаат, како бил облечен. А ваму излага Мицко, Заев, Димитров, носат одела што коштаат колку една просечна месечна плата на обичен македонски работник и му се обраќаат на обичното граѓанство, бараат глас, му ветуваат брда и долини. Лудило.
Сеа ќе ти објасни @Middle Distance Runner
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.288
Поени од реакции
18.114
Гром се распадна,сеа не знам он за кого работи )))) иначе у штаб на дпмне ок џорче се носеле печатени принт скринови од форумов
Хмммм ова е второ спомнување на форумов со ДПМНЕ, пред некое време некој кажа дека ДПМНЕ имале и ексел фајл со никовите од форумов, само не разбрав за што ги користеле.

Дајте некој повеќе инфо ?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Хмммм ова е второ спомнување на форумов со ДПМНЕ, пред некое време некој кажа дека ДПМНЕ имале и ексел фајл со никовите од форумов, само не разбрав за што ги користеле.

Дајте некој повеќе инфо ?
Не знам, ама ако може да погодувам, сигурно имале две колони, кој ник ја спомнал партијата и во каков контекст- позитивен или негативен.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.011
Да формираме народна армија. Со униформи со палки со све.
Нема потреба од формирање на ништо. Само треба да се следат работите убаво и да се реагира колективно и по потреба.
Автоматски споено мислење:

Не иде промената од сендвичари и купени службеници и функционери, за една година оп борци за кауза! Сето тоа мора да се анимира, да се добие критична маса, па тогаш. На Кале и навивачка група ќе завршеше работа, ама требаа дечките да знаат дека имаат подршка од некого, не нашите и нивните против нашите да биде :(
Кале го давам како пример за пораз и предавсто од "нашите". За да се задоволат потребите на коалициониот партнер и криминалните бизниси, тогаш им беше препуштено целосно да го "освојат" Скопје. Борбата не беше за црква туку баш за ова што го зборувам. Од една страна имаш "навивачка" група, дивите пазарџии од Бит пазар, радикални муслимани, локално население кое дојде поради наредба од Дуи. И сето тоа се случува со амин на "македонската патриотска" партија. Повикуваше членство на други места кога се работеше за тогашната опозиција но не и за вакви работи. Затоа сега е многу тешко да се сменат овие работи, и Грујо и сега Заев премногу го продлабочија овој проблем со нив. Ако Апасиев остане на овие тези ќе биде во опасност, не може да се бори сам, за таква работа му треба народ. И самиот кажа вчера, жално е во 21 век да се расправаме со ова нно за тоа се виновни поранешните власти и оваа сега и сам кажа дека он као политичар сака да рабити на економија, здраство, правда, но ова е еден од најголемиот проблем за нас како држава, затоа и поентата ми е дека џабе он пробува да го реши тоа ако не му помогнеме ние кои сакаме да се реши ова прашање, сите знаеме дека со нив не се решаваат толку лесно проблемите поготово од таа 2011 па наваму кога практично и официјално Скопје(читај државата) стана ортачки/а.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.035
Поени од реакции
80.880
Важно ти уплашен од корона не отиде да го гласаш.
Така е. Веќе го кажав ова пред избори.
Јас се плашам од корона, за разлика од партиските пацови, кои се имуни и немаат гајле. Тоа е тој имунитет долгогодишно сурово брусен со специјална диета составена од посебна салама, вегета и две парчиња леб, од страните. Обичниот граѓанин не може тој режим на храна да си го дозволи, па ќе мора да се припази во овие времиња, како впрочем и јас.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.091
Поени од реакции
6.731
за социјализам треба широка народна свест и самосвест, еден чоек не ја управа работата.........дебати рекол ова или она,па реплика па медиум па портал - ефтин ПиаР

оваа е "држава" на ефтини партиски пацови, така и ќе остани
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom