Сметам дека голем број од луѓето кои се одлучуваат за ласерска операција не се запознаени со можните несакани ефекти.
Еве една страница што има збирка од несакани ефекти. Кај некои објаснувања е претерувано, ама воглавно се реални. Особено видете ги сликите.
http://www.lasikcomplications.com/index.htm
Прво, ласерската операција нема медицинска оправданост. А естетска оправданост има само за диоптери над 8-9. За помалите диоптри едноставно не е оправдано да се изложуваш на такви процедури кои се неповратни и ја ослабуваат рожницата.
Наочарите денес може дури и да ја подобрат естетиката со малку подобар избор.
Исто со денешната техника дури и кај нас доста ефтино можеш да си купиш стакла кои се истенчени и воопшто не се познаваат дека има висок диоптер.
Потоа, добри резултати се постигнуваат најмногу кај пациенти кои немаат астигматизам и диоптер со цилиндар и воглавно нивни се извонредните позитивни искуства кои ги читаме по интернетот. Кај оние со астигматизам резултатите се доста ограничени и не може да бидат подобри од корекцијата на видот која ја нудат очилата.
Несаканите ефекти кои ги читаме како проценти се всушност многу чести и горе долу со нив се справува секој кој имал ваква операција.
Прво суви очи, извонредно често.
Намален ноќен вид.
Пречки во видното поле кои не се поправаат со очила или леќи, како што се: дамки, точки, светла, поматувања, дури и дупли слики.
Јас и брат ми бевме закажани во една македонска клиника за да направиме операција. Требаше да се правиме во ист ден, но мене ми се укажа шанса за патување и ја откажав операцијата и за среќа никогаш не ја направив.
Брат ми се направи операција и сега се жали на лош ноќен вид и некои вакви ефекти од светлата како на сликата подолу и многу му пречи денска светлина. Не признава директно, но гледам дека се кае што правел операција.
И како една анегдота која не мора ништо да значи, лекарот кој нѐ прегледуваше носеше очила.