Ова ме потсети на мојот случај на времето..
... сега ми иде да се изнасмејам како сум се чуствувал тогаш и како сум гледал на тоа и верувај ми и ти ке се смееш после неколку дена и ке ја гњавиш пак да излезете од пуста желба зашто и мене така ми беше хахахаха.НАЈИСКРЕНО.Еве ке ти кажам како јас планирав тогаш да се отсрамам и пред неа да не испаднат почетник мада според годините тогаш сега ми е смешно како сум можел и да го помислам тоа.Значи прв пат требаше да ми биде а бев сигурен дека таа имала дечко пред тоа и ми беше многу страв да не се посрамам.Имав опција една да најдам поискусно девојче за тренинг
а познавав такви ама ми беше срам да ги прашам тогаш си викам мечка страв мене не страв и ке прашам некоја па што сака нека биде.Искрено не успев, не можев хахахаха и се усрамив и само се пофалив дека ке искочам со девојчето и мерак ми било да споделам и толку.Пусти срамои ххахахахаха.И ми дојде една идеја едно девојче од кај мене блиску живее и знаев дека немаше дечко таа сеуште тогаш и ми дојде идеја неа да ја убедам и си викам и таа незнае и ја незнам па ке се научиме, нема никој на никого да се смее.Изгледаше совршено и ке беше супер ама девојчето со кое требаше да се видам не можело да чека и дојде таа кај нас во населба и кога ми кажа една другарка во земја ке пропаднев од срам.Искрено мислев дека е крај на светот и дека сум готов пропаднав како машко и дека не ме бива и дека муабети ке ми извадат и тоа е крај за мене.Неможев да размислувам свесно и избегав таа вечер не отидов да се видам со неа
хахахахах значи уште ми е смешно тоа
човече избегав:pos2:.Ми проаѓаа разни идеи низ глава таа вечер мислев да отидам и да и да се извинам што не дојдов на време и да се молам дека не дошла за мување (аха сигурно
) ама не отидов и пропадна таа вечер.Верувај помина година дена, значи цела година после тоа и бев од таквите шанси од тој пуст срам и знаев дека грешам многу и дека ако продолжам така ке помине мнооогу долго време и ке се каам зашто тогаш ке биде потешко.Слушав муабет за другари кои сеуште незнае и само смешка една две и толку се забораваше тоа и си викам ех јас имав шанса пред една година и ми пропадна сега ке им солев памет на овие ама ништо глуп сум.Се сожалував себе си.Да не ја должам многу приказнава не чекав уште долго од тогаш за првото лижење и се помина во најдобар ред.Бев смирен за среќа моја зашто се плашев да не се растресам таму од срам како што обично знаев тогаш,и едноставно спонтано така се случи.Полека беше малку по малку со страв и не пуштив одма јазик туку со усните прво си играв чекав погоден момент и јас прв да пуштам јазик па малку по малку си викам ке се опуштиме и ке се ослободам.Помина и УСПЕАВ фала богу си викав тогаш.Излезе премногу едноставно и проста работа и немав појма дека така ке биде.Одма се покајав за првата шанса ама јбг помина и си реков тогаш саше од сега па натаму нема бегање што и да е ново што незнаеш ке пробаш па и да утнеш јбг не е крај на свет за се има прв пат.Епа брат незнам дали ти помогнав ама сигурно не ти објаснив како треба да го направиш тоа ЗНАМ.Единствен совет од овие што ти ги дадоа би ти препорачал верувај во себе и биди смирен.Тешко е за оние што неможат до дејт да дојдат, штом има заинтересирани за тебе цурици се е полесно верувај ми.Колку години и да имаш не е страшно нема правила во тоа едноставно опуптеност и ке го направиш тоа одлично.Сите ние го имаме тоа во себе кога ке помислиш какви уште не вештини си научил и си сватил во животот што е едно мрдање со јазикот нели?Ке успееш биди сигурен, јас те уверувам во тоа.Немој да избегаш само како јас тогаш..Позз и со среќа