Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.007
Поени од реакции
18.809
Абе уште малку и Хичкок можете да го замените со филмовите кои ги правите.

Новиот блокбастер од продукцијата на Филозофка “The Dogs“.

:kajg:
Сега дај Боже вакви кучиња да шетаа по Скопјево, само што не се такви. И многу ми е интересно што сите тука што ги бранат кучињата скитници, обично дома чуваат расни кучиња. Кучињава не шетаат од денеска па така ревносно да ги браните , сте имале шанса да вдомите некое куче скитник, а сепак сте си одбрале расно. И јас сум за тоа да има стационар каде што кучињата ќе се приберат, ќе бидат лекувани и се по ред, доколку не бидат посвоени од некои добри души тогаш колку и да звучи грозно, тие треба да бидат успиени како што се прави во секој европски град. Во кој од некој од поголемите градови во Европа сте виделе глутница кучиња како слободно си шетка во сред центар на градот. Јас сум за ваков чекор затоа што пред некоја година кај мене во маало имаше некоја глутница од 15 кучиња која што навечер ми седеше пред дворот од зградата. И ја требаше да ги чекам или да ги бркам со камења за да си заминат па да поминам.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855

Немој не ме радуј. Сто пати имам кажано, а и други покрај мене дека чувам улични кучиња. Или можеби расни се, а јас не сум свесна. Не знам. Ај види:

Од другите немам слики, затоа што не сметам дека е вкусно да сликам крваво куче.
Ако сметаш дека е во ред т.е. дека се улични кучиња, може сега да бидам против нивно успивање? Да го додадам и фактот дека не ми се први кучиња во животов. Може?
А за нехуманоста на човекот и со овие имам доказ. Тоа првото, Бронки, ако не го слушнеш како трча нема да успееш да го видиш од што е мало и воопшто не се приближува на луѓе доколку не биде повикана и не и се пушти рака да се гали. Тогаш паѓа во транс и ужива додека тоа трае. А знаеш што имам начекано дека и прават? Дека ја шутираат големи стоки од мажи. Ете тоа. И тоа што е мала не ја прави помалку опасна, за да не биде тоа контра аргумент. Ако ти кажам како се фрла на кучиња со големина на вучјак и како ги дави ако осети дека и стапнале на нејзина територија или се приближиле до мене или синчето, нема да ми веруваш.
Иначе не сум дознала од сигурен извор како е во Европава со уличните кучиња, но знам како е во Австралија. И да сакаш не можеш да најдеш куче на улица затоа што и да има веднаш се пријавува и стручните служби веднаш го вдомуваат. Прво во прифатилишта, па потоа на посвојување. Ако не се најде каде да се даде кучето, во никој случај не бива убиено или истерано на улица. Но и културата на луѓето е поинаква, таква каква ние не можеме да ја имаме за милион години. Таму и твое куче да загинеш ќе ти биде вратено како што си го видел последен пат. Оди па пробај да помислиш да кренеш рака на живо суштество и ќе видиш колку си згрешил.
И не е кај нас проблем само тој градоначалникот ... и тој е човек како многуте тука кои гледаат на кучињата како на животна опасност, што е траги-комично. Простотилук е тоа, а не никаков страв или претпазливост или шо да е.
А за лоши примери со кучиња секој има. Неодамна мама беше касната од куче и лошо и потече ногата. Се среди без последици и жената јасно беше под стрес, но тоа не ја одврати од љубовта кон кучињата кои се забележуваат од далеку дека немаат беснило или било каков друг нападен нагон. Тие што веќе се штетни за околина и не може со никаков третман да се излечат (а тие ако не па се познаваат!) и јас би прифатила да се успијат, затоа што таквите се штетни и за луѓето и за кучињата и за се` друго. Но другите, н и к а к о.
 
Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Јас ги обожавам сите кучиња, ама да бидам искрен, се плашам од скитниците. Мислам дека треба да се најде некое решение што не е дадено во анкетата, значи ни да се убиваат, ни да се пуштат на улица, сепак има ризик да нападнат човек или да исплашат. Би требало да се направи некој стационажен центар(шинтерница, такво нешто) каде што би се сместувале овие кучиња и би се грижеле за нив, со можност за нивно "посвојување".

Кога сме веќе кај тоа какви кучиња чуваме....јас чувам џукелче и многу си го сакам :pipi: :) :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.748
Поени од реакции
12.207
Јас ги обожавам сите кучиња, ама да бидам искрен, се плашам од скитниците.
Па опасни се, секако. Не е наивна работат.

За проблемот од Дневник. Според она што е кажано, ветено ...

Трајановски ветил хуман третман на кучињата
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски во петокот на претставниците на Здружението за заштита на животните „Срце за животните“ им ветил дека лично ќе оди во стационарот „Вардариште“ за да се увери во тамошната состојба и дека ќе се заложи за хуман третман на кучињата-скитници. Тој бил расположен да прифати дел од предлозите за решавање на проблемот со прекумерното убивање на бездомните кучиња.
излегува дека
- Трајановски вети дека деновиве ќе оди во стационарот. Тој го прифати нашиот предлог за зголемување на бројот на ветеринарите и на возилата - вели Вангел Мичевски, претседател на „Срце за животните“.Тој додаде дека од градските власти, сепак не добил цврсто уверување, ниту тие изнеле конкретни мерки и активности за хумано справување со уличните кучиња.

- Не можеме да си дозволиме да чекаме само ветувања. Друго е кога ќе видиме дека тие предлози се применуваат во практиката - вели Мичевски.
- останува ветувањето-но без некои гаранции.

Од Одделението за односи со јавноста во Градот соопштуваат дека на состанокот градоначалникот Трајановски нагласил оти тој е на функцијата нецели три месеци, а дека проблемот со уличните кучиња во Скопје е стар повеќе од 15 години. Трајановски ја посочил Програмата на активности на Градот Скопје, во која е предвидено зголемување на капацитетите на службата за заловување улични кучиња, набавка на јамки за заловување, пушки за успивање и возила, како ангажирање дополнителен број ветеринари.
- дека досега немале капацитет за соодветна акција и справување со овој проблем.

- Градоначалникот Трајановски ги увери претставниците на „Срце за животните“ дека во стационарот „Вардариште“ не се врши масовно убивање на кучињата - потенцираат од Одделението за односи со јавноста.
Повторно, дека се останува само на уверување. Ниту има ниту нема докази, но дали може новинарска екипа да отиде во било кое време (ако е заинтересирана) и да го вметне тоа во еден запис. И не само новинари, да ги посети некој од овие граѓани кои се загрижени за начинот на третирање во тој објект и таа институција.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Сега дај Боже вакви кучиња да шетаа по Скопјево, само што не се такви. И многу ми е интересно што сите тука што ги бранат кучињата скитници, обично дома чуваат расни кучиња. Кучињава не шетаат од денеска па така ревносно да ги браните , сте имале шанса да вдомите некое куче скитник, а сепак сте си одбрале расно. И јас сум за тоа да има стационар каде што кучињата ќе се приберат, ќе бидат лекувани и се по ред, доколку не бидат посвоени од некои добри души тогаш колку и да звучи грозно, тие треба да бидат успиени како што се прави во секој европски град. Во кој од некој од поголемите градови во Европа сте виделе глутница кучиња како слободно си шетка во сред центар на градот. Јас сум за ваков чекор затоа што пред некоја година кај мене во маало имаше некоја глутница од 15 кучиња која што навечер ми седеше пред дворот од зградата. И ја требаше да ги чекам или да ги бркам со камења за да си заминат па да поминам.
Како прво, голем дел од нас веќе имаме посвоено улично куче, а како второ, и да имаме расно куче не значи дека треба да сме против уличните.
А за болдот, мижи асан да ти баам. Ај не драматизирај, 15 кучиња биле... :nesvest: А и да ги имало повеќе, не значи дека ќе те нападнеле, ти не си ни поминал покрај нив, па да знаеш.

И како бе јас секој ден поминувам покрај улични кучиња, цел чопор, па ништо не ми направиле? Само вие некоја приказна ќе извадите дека се` тоа е опасно по живот... :tapp:
 
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Е баш затоа државата тапка во место. Ние македонците имаме нааа волкав јазик, а ништо не превземаме и само се препуцаваме , караме итн. Старите и болните кучиња може да се рече дека треба да се успијат, ама малите само треба да се стерилизираат и да се вдомат. Јас до сега имам вдомено три улични кучиња од кои две се подарени кај луѓе со куќи и дворови, а едно го чувам заедно со моето расно куче. Само стерилизацијата и вдомувањето би помогнале според мене. Најискрено би фрлил 20 денари да земам 100гр салама и да му ја дадам на гладно куче отколку на некој циган од 6 години па да оди да купи цигари или лепак да дува, или она пијанчиштана и манијачиштана што дремат на секој ќош. Само поминете навечер кај библиотеката Браќа Миладиновци кај ОУ Коле Неделковси да ви се згади од она пијанчиштана и наркоманине...да не зборам за циганите што се бањаат и вршат голема и мала нужда во фонтаната во градски парк... Дефинитивно треба да се обрне повеќе внимание на животните и луѓето бездомници, па после да изиграваме којзнае каква дестинација и да правиме рекламни спотови за земјава.:icon_excl:smir:
 
bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Дефинитивно против т.н. успивање на кучињата.Попрво би можел тој кој е одговорен за ова да ги стерилизира или пак да ги вакцинира против беснило и слично, отколку сите да ги убие.Само што не му се даваат пари тоа е друга работа.
Сум чувала кучиња скитници по дома, пред врата, или пак во маало.Како мала многу почесто, сега сестра ми повеќе се грижи со нејзините другарчиња.Ги храниме, им правиме засолништа, и според реакциите на кучињата и малите кученца, се гледа дека го ценат тоа.Затоа што стануваат приврзани за нас, па и често кога ќе се појави некој циган околу децата кој сака да ги ограби кучињата само ќе го избркаат со лаење за да не им се приближи.
Исто се согласувам со Doomy.Попрво би потрошила пари за да наранам некое куче отколку да му дадам на циганче кое тие пари ќе ги потроши за дување на лепак, а додека кучињата, за да се исхранат, да преживеат.
Што се однесува до искуството, да ме каснало куче.Имам лузна на грбот од тој гриз.Но ситуацијата беше оправдана.Затоа и после тој гриз јас се` уште им се приближувам на кучињата и воопшто не ги мразам за разлика од некои останати:smir:.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
51
Поени од реакции
8
Да не мешам многу политика во ова, иако неутрален сум и ги мразам политичариве, подобро дел од парите за споменици да се одделат за еден стационар, па после кога ќе дојде некој да може на раат да гледа споменици и посетува музеи без да има проблеми со бездомните кучиња.:helou:
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Најверојатно немаше да има толкава поддршка предлогот за успивање на кучињата, ако од страната на оние кои го бранат не застанеа малолетни девојчиња кои толку срцепарателно се ангажираа за одбрана на правото на живот на кучињата.
Тоа е резултат на еден од основните импулси кои сме го имале уште од најмали, да расплачеш девојче, па онака да му се ситиш што плаче.
Најверојатно колку и да сме возрасни, детето што им тегне кики или малтретира кукли во нас никогаш нема да биде надрастено.

На темава.
Навистина ми е жал што човекот се има доведено себе си до ситуација да прави нешта кои под закрила на рационалноста, ја оправдуваат надмоќта врз оние кои треба да ги заштитуваме.
Кучињата не се дојдени и не постојат на улиците сами од себе, тие се резултат на човечката негрижа.
Тие кучиња не се домородни во градовите, тие се едно субопштество креирано од луѓето.

Сега гледајќи ја сопствената немарност се обидуваме да пронајдеме инстант решение, бидејќи реално гледано смеатаат.
Што да мисли човек, разгледувајќи ја состојбата, што да препорача и направи без да згреши?
Нема лесно решение, кучињата мора да се тргнат од улиците, но каде би отишле и кој би се грижел за нив таму каде ќе ги испратиме?
Предлози тука има колку сакаш, но реално, освен еутаназија друго нешто практично, на скала толку голема(10000?), не е можно да биде направено, барем не за краток период кој не знам од каде се зададе.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Шетајќи со Трајановски за време на кампањата, посебно при остварувањето средби со граѓаните, скоро секаде беше спомнуван проблемот со кучињата скитници.
ЗНАЧИ: Има многу граѓани кои сакаат тоа да биде решено што е можно поскоро.

Оние кои сега скокаат наоколу против оваа акција никаде ги немаше.

И како последно. Колку гледате македонски или странски филмови кои се снимаат во Скопје. Во СИТЕ од нив кога се наведуваат лошите страни на градот низ кратки инсерти се спомнати глутници куќиња и глутници таксисти.

Можеби мерките се радикални, но се ефективни. Откако ќе биде завршена акцијата, тогаш веќе и во Скопје ќе биде ситуацијата како онаа што ја опиша Наташа неколку страни наназад за градот во кој живее во Германија.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Кучињата скитници се еден вид на тежок проблем. Факт
Донесувањето на радикални мерки со кои се мисли дека ќе се решат сите прашања преку ноќ е се уште потежок проблем. Факт.
 
Член од
2 април 2009
Мислења
1.405
Поени од реакции
177
Шетајќи со Трајановски за време на кампањата, посебно при остварувањето средби со граѓаните, скоро секаде беше спомнуван проблемот со кучињата скитници.
ЗНАЧИ: Има многу граѓани кои сакаат тоа да биде решено што е можно поскоро.

Оние кои сега скокаат наоколу против оваа акција никаде ги немаше.

И како последно. Колку гледате македонски или странски филмови кои се снимаат во Скопје. Во СИТЕ од нив кога се наведуваат лошите страни на градот низ кратки инсерти се спомнати глутници куќиња и глутници таксисти.

Можеби мерките се радикални, но се ефективни. Откако ќе биде завршена акцијата, тогаш веќе и во Скопје ќе биде ситуацијата како онаа што ја опиша Наташа неколку страни наназад за градот во кој живее во Германија.

А што сакале граѓаните? Да ги тепаат до смрт? Да ги оставаат гладни,жедни?
Јас сум сигурна дека тоа не го сакале.Можеби сакале побрзо да се реши проблемот да,но не на тој начин.
„Успивањето“ кое што е наведено е само на блага форма искажано.Не ги „успиваат“,туку ги прават сите оние работи кои што ги споменав погоре.
Хуманост,чувствителност = непознат поим за нашиот „ценет“ градоначалник.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.800
Поени од реакции
1.520
Не, не е хипокритично да споредуваш стари луѓе и кучиња, туку е идитски!

Како и во сите нормални ЕУ држави - не можеш ни куче ни мачка да најдеш на улица:) Плаќаш за да вдомиш куче, дури и ако нема никакво расно потекло. Ама, од друга страна - дури и домашните кучиња кои се опасни (големите раси), ги шетаат со некакво железно чудо на устата, затоа што ако каснат некого ќе бидат прогласени за побеснати и ќе ги успијат.

За во Скопје, конкретно - колку што се накотија во последниве две години, никогаш претходно немало.
Анастазија пратила писмо до владата каде што ги укривува кучињата за лошата економска состојба во државата...

Што ви е чудно...?

И немој да ја нервирате пошто ке прати уште едно писмо до владата!!!
Јасно?
 
P

Princ

Гостин
Tinna, тоа е сериозно обвинување и доколку беше вистина, некој затвор сериозно ќе лежеше. Ама пак, 14 годишни деца колку сериозно можеш да ги сватиш...
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Шетајќи со Трајановски за време на кампањата, посебно при остварувањето средби со граѓаните, скоро секаде беше спомнуван проблемот со кучињата скитници.
ЗНАЧИ: Има многу граѓани кои сакаат тоа да биде решено што е можно поскоро.

Оние кои сега скокаат наоколу против оваа акција никаде ги немаше.

И како последно. Колку гледате македонски или странски филмови кои се снимаат во Скопје. Во СИТЕ од нив кога се наведуваат лошите страни на градот низ кратки инсерти се спомнати глутници куќиња и глутници таксисти.

Можеби мерките се радикални, но се ефективни. Откако ќе биде завршена акцијата, тогаш веќе и во Скопје ќе биде ситуацијата како онаа што ја опиша Наташа неколку страни наназад за градот во кој живее во Германија.
А зошто ако толку многу луѓе сакале да се реши проблемот со кучињата, зошто тогаш градоначалникот тоа не го наведе во својата програма и не го кажа на ниту еден митинг? Од што се плашел градаоначалникот за време на изборната кампања ако имало толку многу луѓе кои сакале да се убијат кучињава?

И друго, и да имало такви кои сакале да се тргнат кучињата од улица, сигурно мислеле на тоа да бидат згрижени некаде, а не вака да ги мачат кутрите животни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom