Рекордни 10,8 милиони денари (околу 175.000 евра) за отштета за рекордни 159 пријавени каснувања од куче се исплатени лани на […]
sdk.mk
„Замислете, во Велес од каснувањето на куче некои лица прават бизнис, печалат. Направиле вешачка вилица со заби и механизам со која се самоповредуваат, се каснуваат. Така бараат пари од Општината“, кажа Јанчев пред советниците на Општина Кавадарци.
Градоначалникот Марко Колев, кој уште лани изрази сомнеж за организирана криминална шема за добивање отштета, вели дека ова е бизнис за одредена категорија луѓе.
„Во зима обезедуваат средства за огрев, а наесен за зимница“, вели Колев и рече дека дека побарал детална истрага. „Побарав полицијата да излезе на местото каде е каснат граѓанинот, да ја фотографира повредата и локацијата. Докторите од болницата да потврдат за каква повреда станува збор. Поднесов и кривична пријава за непознат сторител до Обвинителството, да се утврди кој се стои зад овој бизнис“, кажа Колев.
Досега нема информации од Обвинителството дали е е започната и до каде е истрагата и дали има осомничени