Кучиња скитници

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    606

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Oh God. 100 пати напоменав дека ОБОЖАВАМ кучина. Цел живот растам со нив. Ти не можиш мене да ме убедиш дали ги сакам или не и да процениш дали лажам или не. А ставање на исто мерило човечки живот и кучешки напоменав уште појќе пати дека е глупо или по твојов речник кажано - bullshit. И не се труди да ме прајш лажга и не ме цитирај - очигледно е дека не ми ја сфаќаш поентата.
Се разбира дека можам. Гледај сега ти чел живот чуваш кучиња. Ајде кажи колку пати си им помогнала на питачите или на децата без родители? Ајде направи споредба колклу пари си потрошила за да се грижиш за твоите кучиња, а колку на животните кои си ги чувала?
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
ја сум да ги кокнеме сите скитници:vozbud:
-побезбедни улици,нема расфрлање на ѓубре,нема лаење у 8 сабајле,нема лајна по тротоари!
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Така да не е битно дали е скитник или е домашен чувар, ако почувствува закана од тебе ќе те нападни жестоко
Што е многу јасно, не?
И ти да видиш како некои луѓе ти влагаат во двор, прво ќе ти предупредиш(у случај на куче: залајување), а после ако сеуште ти претставуваат закана-ќе нападнеш.
И тоа пази, ние луѓето би нападнале друг човек за секаква глупост: имот, навреда кон мајка/сестра/брат..., пари, работно место, паркинг место.....
А кучињата ќе те нападнат ако сакаш да им земеш храна, да им нападнеш младенче или ако си бранат сопствен живот..
Епа ако веќе си решил да му напраиш нешо од ова-очекувај да те нападнат..

ја сум да ги кокнеме сите скитници:vozbud:
-побезбедни улици,нема расфрлање на ѓубре,нема лаење у 8 сабајле,нема лајна по тротоари!
Ако планетава земја по некоја случајност може да размислува, се надевам дека вака исто мисли за нас луѓето.
Епа ај ако не да ги убиеме сите животни на планетава зашо ни пречат додека спиеме после изнмоштувачкиот секс, ни се пикаат у храна или поминуваат на 100 метри од нас...:uvo:
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Се разбира дека можам. Гледај сега ти чел живот чуваш кучиња. Ајде кажи колку пати си им помогнала на питачите или на децата без родители? Ајде направи споредба колклу пари си потрошила за да се грижиш за твоите кучиња, а колку на животните кои си ги чувала?
Бегаш офтопик друже. Сум потрошила пари и за луѓе и за кучина, но местото за ваква дискусија не ни’ е овде. Tака да нема повеќе место за тоа.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Ако планетава земја по некоја случајност може да размислува, се надевам дека вака исто мисли за нас луѓето.
Епа ај ако не да ги убиеме сите животни на планетава зашо ни пречат додека спиеме после изнмоштувачкиот секс, ни се пикаат у храна или поминуваат на 100 метри од нас...:uvo:
А што,ако ме апне утре некое невакцинирано куче, и ми викаат "Дечко бирај,или нема да живееш со две раце,или ќе живееш со една рака",шо праиме тогаш?
-Тогаш сите кучишта во радиус од 50 км ќе ги истребам....
-ја СУМ ЗА куче,ама домашно,одржавано,редовно хрането,да си има своја мочална,шетална и слично....Се наоѓаме на цивилизирани места,на што тоа личи да се шетаат скитници како некое племе да сме?
-И во селата не е добро чуството кога околу тебе шетаат 5-6 Шарпланинци со што уште не на нив,нели?
-Ќе го земам,ќе го згрижам,ќе го бла бла бла
-ќе земеш едно куче,макс две ако си нездрав,ама што остана со другите 20 000 скитници у околината? :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
А што,ако ме апне утре некое невакцинирано куче, и ми викаат "Дечко бирај,или нема да живееш со две раце,или ќе живееш со една рака",шо праиме тогаш?
-Тогаш сите кучишта во радиус од 50 км ќе ги истребам....
-ја СУМ ЗА куче,ама домашно,одржавано,редовно хрането,да си има своја мочална,шетална и слично....Се наоѓаме на цивилизирани места,на што тоа личи да се шетаат скитници како некое племе да сме?
-И во селата не е добро чуството кога околу тебе шетаат 5-6 Шарпланинци со што уште не на нив,нели?
-Ќе го земам,ќе го згрижам,ќе го бла бла бла
-ќе земеш едно куче,макс две ако си нездрав,ама што остана со другите 20 000 скитници у околината? :)
Епа фино лепо ќе одиш од куќа до куќа и ќе ги најдеш сите паметни газди на кои после месец дена кучето не му се видело како добра идеа за дома, па го пуштил да шета по светов и ќе му одржиш убава лекција.
И после тоа куче се спарило(природно) едно 10 пати и изродило 50-тина малу кученца кои се осудени да бидат скитници, и тоа 50 кучиња рофиле/напраиле по уше 50 други мали кученца и така некако ќе дојдеме до таа твоја бројка на 20 000 кучиња скитници.
(Chaos theory rulzzzzz:))
Taka што наместо да ми продаваш муда за бубрези и да ми кажуваш дека треба да се усмртат сите скитници, почни да си ја подигаш самосвест и да им ја подигаш свеста на другите луѓе што прават вакви работи.
А, и да те касне невакцинирано куче, ќе си појдеш на лекар одма и нема да дојде до тоа да треба да ти отстранат рака.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
-ја СУМ ЗА куче,ама домашно,одржавано,редовно хрането,да си има своја мочална,шетална и слично....Се наоѓаме на цивилизирани места,на што тоа личи да се шетаат скитници како некое племе да сме?
Па доколку помислиш малце, вината не е во кучињата, ниту ќе решиме нешто на долг рок со нивното истребување.

Проблемот е во нашите каприци, сакаме куче, ама не сакаме да водиме грижа за него.

Доколку нема кој да води грижа за него, препуштено е самото на себе да се снаоѓа по законите на природата.

Кучето е зависно од човекот, треба да го носиш на прошетка, треба да го лекуваш, чистиш, храниш итн. итн.

Примитивна е логиката, ме мрзи да се грижам, па дај да го скинам, не ми треба повеќе.

Имам едни комшии, кои ни самите незнаат колку кучиња и мачки променија, ниту ги ранеа ниту ги носеа на ветеринар и сл. задолжителни работи.
Преку лето ќе отидоа на село цели два месеца, а кучето скапуваше на горештините врзано во дворот без храна и вода.
А додека внуците доаѓаа, кучето беше добра забава, играчка поточно, за седлање, шутирање ...

Кога ќе се родеа мали кученца, отиди до најблискиот дол и фрли ги заврзани во вреќа надоле од кола во движење и замини си. Никому ништо.

Ќе цивкаат неколку дена и ноќи додека некои деца не ги извадат и ако имале среќа да преживеат можеби ќе ги вдомат или барем на одредено време ќе ги хранат.
После тоа повторно со неизвесна судбина.

Маму им е*ам, кучиња глупи, шо не умираат кога ќе ни здосадат.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
колку само за инфо,да не бидам ептен куче-мразач...имам у куќата куче...и не би го фрлил/убил/продал за ништо...:helou:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
колку само за инфо,да не бидам ептен куче-мразач...имам у куќата куче...и не би го фрлил/убил/продал за ништо...:helou:
Е па како можеш да зборуваш така за сите останати на улица?
Се згрозив од темава т.е. од неколкуте слики кои ги видов од веќе успаните кучиња. Нејќам да коментирам и да читам повеќе, само навратив да ви кажам еден пример од вчера, за да сфатите колку сте во "право", вие кои сте за истребување. Има исклучоци се сложувам, но поради нив човечката рака не смее да посегне по сите животни!
Кучката со три мали кученца (кои ги ранам на улица затоа што во станов повеќе од две кучиња не можам да чувам) е голема и страшно изгледа, но не напаѓа никого. Жива атракција е во тоа маало со малечките ... луѓе што поминуваат не можат а да не застанат да ги погледаат, најчесто тие со мали деца. Е, на сето тоа, поминала вчера од таму некоја кола со скопски таблици и ги гаѓала со воздушна пушка. Мамата нивна, арно што не се погодив тука. Сега кучката има крвава дупка на глава, а малите за среќа се без никаква рана. Кога ја видов срце ми се искина и не престанав да пцујам по клошарите, кои којзнае за какво задоволство го направиле тоа. И што ... таа е крива во случајов? Ја чувам, ја ранам, сите луѓе ги навикнав да ја пазат кога јас не сум тука, за да помине некој сељак и да ја убие еден ден? Затоа што е голема и во некоја болна глава може да се развие филм дека може да нападне? Абре ајде.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Сабајлево прочитав за сомнеж за некои сметки на зоолошката градина од каде би било интересно болдираното. Ова го поврзувам со негрижата од тие служби и кампањското работење, како да им недостасуваат средства. Дали јавноста има увид во работењето на овие институции-во делот посебно за згрижување на животни? Инпут, аутпут на средства (некој сака да донира, но да знае дека парите не му одат џабе), број на уловени, лекувани, згрижени...(иако делува вон топик, сепак се работи за јавни институции кои можеби се во некоја слична состојба-доколку е против правилото, овој цитат за зоолошка ќе го избришам)
Исплатени им се на ненаменска сметка од Зоолошката градина, од каде се извлечени за нив. Државните органи допрва ке го чешлаат работењето на Зоолошката градина, токму поради чудните парични текови на нејзините сметки...
Исто така и ова во контекст
Стационарите за кучиња немаат услови за работа

„Јавноста е сведок за распишаните терндери за отстранување на кучињата, а последен е примерот на РЕК „Битола“. Никој не конкретизира што е тоа отстранување!? Нивно застрелување, што е спротивно на кривичниот закон, или транспорт до стационарите кои што немаат ни услови ни капацитет?!“ изјави Вангел Мичевски, „Срце за животните“.
Здружението „Срце за животните“ реагира и поради тоа што во стационарите во Скопје и во Битола, каде привремено се згрижуваат кучињата нема елементарни услови. Многу од кучињата во стационарите се малтретираат, се тепаат и се усмртуваат, тврдат од невладиниот сектор.
Алфа го посети стационарот за кучиња скитници „Вардариште“ во Скопје. Вработените се свесни за несоодветните услови за привремен живот на кучињата, но велат дека во никој случај кучињата не се тепаат или малтретираат.
„Кучињата кои што се носат овде се подложни на хуман третман. Оние кучиња кои што треба да се вратат назад или да се посвојат се стерилизираат и вакцинираат против беснило“ вели Слободан Костевски, раководител на стационарот „Вардариште“.
Посебно е интересен (да не кажам тажен) коментарот на овој напис од Алфа ТВ.
За жал, повеке пати кога одам и барам да си го земам кучето од стационар (како што декларативно се предвидува по начелата на стационарот) , од Комуналец добивам луди и нелогични објаснувања дека кучето је прерипало оградата и избегало (ограда од 2 метра!??), или било вдомено, а газдите не сакаат да им се дознае идентитетот(??)
Ова
http://www.khigiena.com.mk/index.php?id=152
дека досега се истретирани 1600 животни не значи нешто посебно. За кој период, како се истретирани...(не општо, со бројки), нема ништо од такви информации (немам најдено).

И ова обраќање ми се допадна
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7FAEDC96138287409D8BD4C98169C91B
Со должна почит, ви ја пренесувам мојата згрозеност и револт во однос на начините со кои стационарот „Вардариште“ се обидува да „воспостави контрола“ над прекумерната бројка на бездомни кучиња во градот.
Потоа произлезе дека, наместо тоа, се спроведува срамно, неетичко и спротивно на законот елиминирање на речиси секое второ куче во Скопје (575,7 отсто), што е недозволиво и срамно практикување на сила,
Поради тоа, потребно е:

1. Ургентно прекинување на масовната евтаназија! Со неа се покажува грозоморната суровост, концепциската заостанатост и грубото непочитување на зацртаните европски стандарди во однос на третирањето на бездомните кучиња!

2. Итно реорганизирање и зголемување на капацитетите во стационарот „Вардариште“. Срамно е да очекуваме некакви резултати од стационар, кој нуди само една служба за фаќање и еден ветеринар, а треба да се третираат 10.000 кучиња! Со ваквиот несериозен пристап само се прибегнува кон неконтролирано убивање, а неповратно се трошат огромни суми пари! Повеќе од потребно е вклучување на најмалку уште 5 ветеринарни лица или секоја општина да ангажира ветеринар и служба за фаќање на кучиња, која на располагање ќе има возило.

3. Воведување на константен мониторинг на работата на овој проект – инспекторат, градска управа, граѓански здруженија.

4. Доследно враќање на фатените кучиња на истата локација, обврска која „Комуналец“ апсолутно не ја спроведува, иако за тоа е платена! (Последица: „испразнетите локации“ ги пополнуваат кучиња од други локации, дури и надвор од градот!)

5. Ангажирање на компетентни лица во стационарот, кои би се залагале за зголемена стапка на вдомување на кучињата, наместо некомпетентните лица на „Комуналец“, кои очигледно и сами не веруваат дека бездомните кучиња треба да се вдомуваат!
Некој е информиран дека има само еден ветеринар и една служба. Тоа е добро инаку никако да се дознае што таму се работи конкретно (мислам дека и Наташа ова слично го спомна, нејаснотијата на функционирањето, така нешто-нек ме поправи ако сум згрешил).

Нема мониторинг, нема, отчет, нема стручни лица и повеќе служби, нема лице/лица кои ќе се пробиваат низ јавноста со апели за посвојување... Затоа и прашувам, дали се проблем средствата, нивно движење низ сметки...

Инаку (со задоцнување:) ) акција за згрижување-30 и 31 мај 2009
http://www.khigiena.com.mk/index.php?id=387

Комунална хигиена беше еден од учесниците на настанот кој беше организиран од невладини организации.
Некогаш и Комуналец треба да е и организатори и сврдел во овие активности.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Како што предпоставував и реков, зад кулисите никој незнае што се случува. Додека администрацијата во Македонија е преплавена, во стационерот работи само еден ветеринар (трагична комедија) од толку многу завршени и стручни ветеринари. И на крај заклучуваме дека од сета игра најголемата жртва се кучињата :(
Ако бидат успиени (што е непотребно) барем да бидат како што треба...но тоа кај нас е научна фантастика, затоа и ми се роди сомнежот на некоректно работење зад затворената врата во Вардариште.
Несредени сме во секое поле, ништо подобро не се третираат ни децата во домовите, а за животните пак да не ни размислуваме.

СРАМОТА!
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Значи почна убивањето на кучињата.
Да има митинг Коце сега искрено нема жив да си отиде. Би го убила и ни тронка жал нема да имам за него

Еве најново нешто
VO MOMENTOV DOBIVME INFORMACIJA OD 10 LUGE KOI STO SE PRED STACIONAR VARDARISTE DEKA E DONESENA ODLUKA STACIONAROT DA SE ZATVORI ZA POSETITELI. EDINSTVEN DEN KADE MOZE DA SE POSVOJUVAAT KUCINJA KE BIL VO PETOK I TOA OD 9 DO 13 CASOT.


Го мразам цело раководство на оваа држава. Можат они со години да се караат за името, да градат статуи, да незнаат кај се ги трошат парите а бездомниците (кучето и луѓето) умираат!


:zid::zid::zid::zid:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Нормално дека ќе го затворат. Идиотите кент тејк д преш`р.:tapp:
Се прашувам што ќе прават ако цел чопор им отидеме пред стационар...:toe:
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Во петок ке има нешто како протести пред стационарот. Се организираат уште.

"Поминаа само три месеци откако градоначалникот Трајановски го презеде раководењето на Градот, и не може за 90 дена да се реши проблем стар повеќе од десетина години. Но градоначалникот на овој проблем сериозно работи, па дури го стави на дневен ред на втората седница на Координативното тело на градоначалници и побара предлози за соработка и решавање на овој проблем", велат од кабинетот на градоначалникот Трајановски

Додека дојде таа седница пола кучиња ке ги снема од овој свет.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
[FONT=Verdana, sans-serif]Почитувани,[/FONT]​
[FONT=Verdana, sans-serif]по упатените критики за работата на стационарот Вардариште и исклучително високата стапка на усмртување во истиот (официјално 55,8%), денес се случи уште еден преседан, за кој сметаме дека треба да бидете известени: Од денес стационарот Вардариште е затворен за посета на граѓани заинтересирани за посвојување – според одлука на одговорните. Денес, десетина активисти на СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ и заинтерсирани граѓани за посвојување беа дочекани со затворена капија и со објаснување дека отсега може да се дојде само петоците од 9:00 до 12:00 часот (иако во јавноста се тврди нешто друго, дури и на официјалната web-страница на стационарот). Веќе станува очигледно дека стационарот Вардариште почнува да работи зад затворени врати, по можност, далеку од очите на јавноста и без контрола на тивкиот геноцид врз животните кои најчесто не излегуваат живи оттаму.[/FONT]
[FONT=Verdana, sans-serif]Заради тоа, ние отворено ги поставуваме следните прашања:[/FONT]

  1. [FONT=Verdana, sans-serif]До кога одговорните за стационарот ќе спроведуваат тивок геноцид зад затворени врати? - Многу индикативно е дека очигледно им смета често присуство на заинтересирани граѓани и активисти од здруженијата. Дали имаат нешто да кријат од очите на јавноста?[/FONT]
  2. [FONT=Verdana, sans-serif]До кога ќе ги опструираат сите обиди да се посвојуваат дел од животните во стационарот, одвраќајќи ги заинтересираните?[/FONT]
  3. [FONT=Verdana, sans-serif]Каде завршуваат многубројните заловени животни, кои за ден или два исчезнуваат без трага од стационарот, а на нивно место доаѓаат нови. За хуман третман, тоа е прекраток период, а за посвојување, јасно ни е дека не се посвоени (впрочем, затоа и стационарот нема евиденција на лица кои посвоиле. Вака не ни може да се провери дали некој посвоил и дали се грижи за тие животни). [/FONT]
По средбата на здруженијата со градоначалникот на град Скопје, г-нот Коце Трајановски, која се одржа во петокот, градоначалникот не извести дека се планира зголемување на возила и ветеринари за стерилизација и третман на бездомните животни, со намера и лично да го посети стационарот Вардариште – што го поздравуваме. ОНА ШТО ЗА НАС И ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ Е АЛАРМАНТНО, Е ФАКТОТ ШТО СЕ ПРАВИ БЕЗМИЛОСНА ЕВТАНАЗИЈА ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ И НИКОЈ ОД ОДГОВОРНИТЕ НЕ МРДНАЛ СО ПРСТ ТАКВАТА СИТУАЦИЈА ДА СЕ ПРОМЕНИ. ВПРОЧЕМ, ДЕНЕШНОТО „ЗАТВОРАЊЕ“ НА СТАЦИОНАРОТ, СПОРЕД НАС, Е УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАМЕРИТЕ: ТИВОК ГЕНОЦИД.
За контакт и дополнителни информации, Ви стоиме на располагање!

Вангел Мичевски за
„СРЦЕ ЗА ЖИВОТНИТЕ“


И после ќе ми речат дека се` тоа регуларно се одвива. Ма дај, прост народ сме.[сочна пцовка]:uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom