-ја СУМ ЗА куче,ама домашно,одржавано,редовно хрането,да си има своја мочална,шетална и слично....Се наоѓаме на цивилизирани места,на што тоа личи да се шетаат скитници како некое племе да сме?
Па доколку помислиш малце, вината не е во кучињата, ниту ќе решиме нешто на долг рок со нивното истребување.
Проблемот е во нашите каприци, сакаме куче, ама не сакаме да водиме грижа за него.
Доколку нема кој да води грижа за него, препуштено е самото на себе да се снаоѓа по законите на природата.
Кучето е зависно од човекот, треба да го носиш на прошетка, треба да го лекуваш, чистиш, храниш итн. итн.
Примитивна е логиката, ме мрзи да се грижам, па дај да го скинам, не ми треба повеќе.
Имам едни комшии, кои ни самите незнаат колку кучиња и мачки променија, ниту ги ранеа ниту ги носеа на ветеринар и сл. задолжителни работи.
Преку лето ќе отидоа на село цели два месеца, а кучето скапуваше на горештините врзано во дворот без храна и вода.
А додека внуците доаѓаа, кучето беше добра забава, играчка поточно, за седлање, шутирање ...
Кога ќе се родеа мали кученца, отиди до најблискиот дол и фрли ги заврзани во вреќа надоле од кола во движење и замини си. Никому ништо.
Ќе цивкаат неколку дена и ноќи додека некои деца не ги извадат и ако имале среќа да преживеат можеби ќе ги вдомат или барем на одредено време ќе ги хранат.
После тоа повторно со неизвесна судбина.
Маму им е*ам, кучиња глупи, шо не умираат кога ќе ни здосадат.