Зина во ред е тоа, ама кучиња скитници и кучиња со сопственици не се исто. Во која смисла велиш дека законот се спроведува селективно? Во смисла дека мора да носат маски само кучињата со сопственици а не и уличните или...?
Јас сум секој ден во контакт и со едните и со другите и тврдам дека се казнува за неносење маска, а поретко и за носење без поводник или за оставање измет од кучето (кога полицијата била присутна во парк, се случило и тоа) Сега можеби е малку попуштено но во најмала рака можеш да добиеш опомена или да те запишат, а ако те забележат повеќепати, не ти гине казна. Не велам дека е совршено, но во голема мера се подига свеста да се носат маски, затоа што не секој шета социјализирано куче. Јас сериозно ти велам дека си имала среќа, особено за ротвајлер (по дифолт големо и опасно куче нели де)
Јас маски ставам уште години пред да стане законот задолжителен, првенствено поради опасност од отров, па ми се случувало порано и самите полицајци да ме прашаат зошто им ставам маска. Мачкање очи или не, полицијата има право да казнува за поводник и маска а ако им се даде тоа право и за оставање смет, газење на тревата итн... е некаде се спроведува тоа повеќе а некаде не. А законот е јасно формулиран дека се однесува за сопствениците на кучиња и не се однесува на уличните кучиња. Мене лично најглуп можен изговор ми е ‘‘ јас не ставам маска додека не ги решат скитниците‘‘ или ‘‘ не му ставам маска оти ако го нападнат скитници не ќе може да се одбрани‘‘ А знаеш колку пати имам видено такви ‘‘ што не можат да се одбранат‘‘ како во парк неможат да им извадат од уста некое друго куче? Епа јас како сопственик на куче одговарам за моите кучиња а не за туѓи или пак улични. И мое лично мислење е дека поголема опасност да ми нападне куче има од нечие домашно невоспитано куче отколку од улично - сепак мое мислење, не велам дека нема и агресивни улични, само мислам дека многу поретки се од ‘‘домашни-исфрустрирани-непрошетани-тепачи‘‘
Еве Зина има ротвајлер кој е моќно куче но е социјализирана, дресирана и стабилна - но должна ли е таа или било кој со куче со такви карактеристики, да и биде кучето искасано и да плаќа ветеринарни трошоци затоа што некој има не толку културно куче а го пуштил ‘‘да си поигра‘‘ па направило инцидент? Затоа што ако некој е одговорен и аргументира дека нема потреба неговото куче да носи маска бидејки не напаѓа, тогаш и тој што не е одговорен а има потенцијално опасно куче ќе аргументира - па ако ти не ставаш маска на кучето, не ставам ни јас. Затоа велам дека почитувањето на законот поаѓа прво од сопственикот.
А од друга страна еве ви едно друго прашање - како да очекуваме некој да ги штити правата на нашите миленици а не сакаме да ги почитуваме законските обврски за општа безбедост. Затоа што некој е изнервиран оти имало многу кучиња, некој оти многу лаеле, некој оти кога шетал го нападнале.... итн, итн а тие нервози не ги решаваат по законски пат, туку фрлајки отрови, тепајки, пукајки ( некои со воздушна пушка не пукаат по конзерви за жал) и притоа страдаат подеднакво сите кучиња, и мирни и лоши и домашни и улични.