Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
11 април 2012
Мислења
4.309
Поени од реакции
4.729
Па вака кај нас на улица едни комшии имаат едно кученце,многу убаво и ја сакам да си земам такво.Ама незнам каква раса е и од кај да најдам такво?Ако знае некој каква раса е нека каже ке ставам слики од него.Фала однапред.:)
Прегледај го приврзокот 96362 Прегледај го приврзокот 96363 Прегледај го приврзокот 96364
Па и не е чистокрвна џукела како што пишаа.
Да веројатно е мешавина ама пак е слатко.
Нешто слично на ова ке ја замолам @Lu да каже како беа вестие или така нешто.
 
L

Lu

Гостин
Па и не е чистокрвна џукела како што пишаа.
Да веројатно е мешавина ама пак е слатко.
Нешто слично на ова ке ја замолам @Lu да каже како беа вестие или така нешто.
Западно Шкотски бел Териер (накусо наречен Вести) :)

Сликичка од него:

Па вака кај нас на улица едни комшии имаат едно кученце,многу убаво и ја сакам да си земам такво.Ама незнам каква раса е и од кај да најдам такво?Ако знае некој каква раса е нека каже ке ставам слики од него.Фала однапред.:)
Прегледај го приврзокот 96362 Прегледај го приврзокот 96363 Прегледај го приврзокот 96364
Кученцето не е расно, мешанче е.
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
Некој да знае каде во Грчка, се дозволува кучиња на плажа, па и посебни плажи за кучиња каде што има, воедно да може и ние луѓево да поминеме викенд?
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Дали може да го бањам моето лабрадорче кое е старо месец и 10 дена ?
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
176
Поени од реакции
232
Дали може да го бањам моето лабрадорче кое е старо месец и 10 дена ?
Не. Не треба да се бања кученце под 2-3 месеци, премногу е младо.
.....земи крпа потопија во вода и со крпата избриши го/ја,убаво исуши го/ја и држи го/ја затоплен/а.
.... кога ќе го бањаш над 2-3 месеци не користи шампони за луѓе туку за кучиња.....
.....моментално немој да користиш ни кучешки шампони затоа што на кучето кожата уште е многу осетлива......
....бањај го/ја кога е потопло надвор,а не навечер.....
:)Се надевам дека ти помогнав :)
 
Член од
2 јули 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Има ли некој претходно искуство со штенечак кај мали кутриња?

Моево има два месеци, од неделата е на инфузија. На почетокот мислевме дека е минлив вирус, но се воспостави дека е баш тоа од кое најмногу се плашевме. Пропатно со инфузијата наутро и навечер, зема и антибиотици плус витамини кои му ги става ветеринарот. Вчера (трет ден од инфузија) состојбата драстично му се влоши. Лежеше и квичеше, не сакаше никој воопшто да го допре, а во склоп со тоа имаше грчеви/парализа во ноџињата и не можеше да се мрда. Го носевме на инекции во сред ноќ.
Имате ли некој предлог како решение што би можело да се направи?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Како е кучето денес? Се надевам се е во ред
Извини што каснам, на пат бев. Добро е сега. Бактерија некоја фатило. Нели невреме имаше и го пуштивме надвор на 5 минути да си поигра и потрча и тогаш изгледа каснало нешто. Али сега во ред е. Супер е, само што прави многу бељи. Цела гарнитура од кожа ја изеде.
 
BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Некој да знае каде во Грчка, се дозволува кучиња на плажа, па и посебни плажи за кучиња каде што има, воедно да може и ние луѓево да поминеме викенд?
Извини вака касно.
Јас знам за 2. Едниот е повеќе за млади, со музика и журки, другиот е порелаксирачки :)
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.583
Поени од реакции
3.591
Моето лабрадирче е старо околи месец и петнаесет дена. Знам дека е мало и вообичаено е ама гриза, апе се шо ке му дојде. За цвеќињата и влечките го сфакам, ама мене и мојте шо не гриза тоа не можам. Башка тоа и ич не ме слуша понашањето му е диво, а верујте многу се трудам со него. Помош?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.309
Поени од реакции
4.729
Добро бе луѓе што правите вие, секој ден читам во темава моето кученце 40/42/45 дена. Па дали некој од вас размислува пред да го земе тоа милениче дека и не е добро да се одвојат толку рано. И како тоа гризе се а ти се трудиш околу него. Извини вака што те прашувам ама што очекувања имаш од куче на негова возраст кое едвај може да се храни само да не сакаше сите команди да ги знае, да наоѓа дрога и да учествува во полициски акции?

И уште нешто како тоа старо околу. Незнаеш кога ти е роден миленикот?
 
Де бе прашав некој ако знае да ми одговори затоа што имам проблем. Не прашав некој да ми соли памет. Кучето беше оставено само на себе немаше кој да се грижи за него, не сум го одвоил од мајка му. Извини шо го вдомив и направив нешто убаво за него. Иначе родено е на 26/27ми мај. И во иднина ке те замолам ако можеш да ми помогнеш реплицирај ми ако не нема потреба за вакви арогантни испади.

edit.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
11 април 2012
Мислења
4.309
Поени од реакции
4.729
Тоа со затни си ја муцката по дома ќе шефуваш не тука на јавен форум.
Како тоа вчера беше лабрадорче сега е вдомено. Извини ама уште неам видено лабрадор скитник па уште па и на 30 дена и само едно да е отфрлено од легло. Или ајде прво ќе глумиме елита и помодарство имам лабрадор, па ако некој срипа и пререче ќе се правам хуманитарец. Не ми е битно какво е кучето и уште помалку гледам на тоа дали си го купил и си платил милиони за него или пак си го вдомил секое од тие миленичиња има право да има пристоен живот.
На милион луѓе им е пишано не си единствен, ако не си подготвен за одговорноста што ја носи миленик ич не го зимај. Па што ќе правиш ти бе за 2 месеци кога ќе почне да менува заби и ќе јаде се по дома???? Да не го банираш како ФИФА со Суарез, 4 месеци да несмее да се приближи до нешто што може да го гризе? Преиспитај се малку што сакаш да прави куче на таа возраст, научи го да игра да ја каса играчката дај му мн играчки и топчиња. Со едно топче и една врвка за гризење не правиш ништо. Да ти поминало вакцинации и слично да ти речам социјализирај го со други кучиња ама рано му е за тоа. Едноставно ќе мораш да се потрудиш да го умориш малку со игра , а воедно и низ неа да го научиш дека не е убаво да те каса тебе полека полека ќе му стане јасно дека треба играчките да ги каса не луѓето. Со тепање нема да направиш ништо. И заборавив да ти напоменам врзано на ланец постојано може да му ја предизвикуваа таа агресија.
 
И не знам зошто ти беше толку тешко да ми го кажеш воа пред убаво да ме исплукаш. За тоа од кај сум го земал, дали сум платил, дали било со педигре и слични работи најмалце треба да те интересира нема потреба најмалце е битно тоа. А за болдираново не те сфаќам по шо заклучи дека не сум спремен? Па само поставив најобично прашање за кое ми требаше помош. Сепак фака ти за одговорот и имај убав ден :)

Иначе еве ja ... може нема педигрe ама најубавa е :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom