Кучиња (грижа, општи дискусии)

N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако немаш пари да купиш расно куче, тогаш зошто не си посвоиш кученце од Вардариште ?
Ем ќе си имаш кученце, ем ќе направиш добро дело и ќе спасиш кученце од сигурна смрт.
Лошката моја е посвоена (ја има во Кајгана миленичиња).
Не дека немав пари, туку сакав да спасам кученце. Не е расно, мешанче е, ама незнам од што :)
Многу е мила и со работа сама си ја научив на многу работи, а таа сама се научи да си отвара врати со предните ножиња :D
 
L

Lu

Да, ја видов Лулу во Кајгана миленичиња, и срцка е, многу е порасната :)
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
имам германски овчар машко (уште 4 дена 2 месеци ќе има) за хранењево малце сум збунет пошто сите различно кажуваат,од кај што го земав ми вика топи му ја сувата храна во млеко од денес за утре,на ветеринар ми викаат пилешко со ориз,палента со јогурт од кој и двете ги јаде,вчера бев во фауна и продавачот ми вика само сува храна тоа другото ништо да не му давам,му земав вреќа ројал канин махи јуниор (http://www.royalcanin.co.uk/products/products/dog-products/size-health-nutrition/maxi-dogs-26-44kg/maxi-junior) изеде на два пати по 60 грама и сега неќе да ја јаде,му давам пак ориз со пилешко и палента со јогурт и се ги јаде без проблем,да не му е рано за таа сувата храна може ли некој да ми објасни што како. please :(
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
кога треба да го парам кучето на колку месеци?
и во педигрто пишува дека треба да се добие дозвола од тоа како и да се викаше друштвото???
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
имам германски овчар машко (уште 4 дена 2 месеци ќе има) за хранењево малце сум збунет пошто сите различно кажуваат,од кај што го земав ми вика топи му ја сувата храна во млеко од денес за утре,на ветеринар ми викаат пилешко со ориз,палента со јогурт од кој и двете ги јаде,вчера бев во фауна и продавачот ми вика само сува храна тоа другото ништо да не му давам,му земав вреќа ројал канин махи јуниор (http://www.royalcanin.co.uk/products/products/dog-products/size-health-nutrition/maxi-dogs-26-44kg/maxi-junior) изеде на два пати по 60 грама и сега неќе да ја јаде,му давам пак ориз со пилешко и палента со јогурт и се ги јаде без проблем,да не му е рано за таа сувата храна може ли некој да ми објасни што како. please :(
Не е рано за дехидрат, јас моето го ранев со дехидрат од два месеци и претходно луѓето од каде што го зедов го хранеа со дехидрат.
Можеби не сака да ја јади Ројалот како храна, пробај со Пурина Про План која е исто така премиум храна за кучиња. Затоа не се зема цела вреќа со храна на прв пат, ајде ако не сака ќе ја продадеш на некој чие куче ќе ја јаде.
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
кога треба да го парам кучето на колку месеци?
и во педигрто пишува дека треба да се добие дозвола од тоа како и да се викаше друштвото???
Дозволи да се пари на возраст од над 9 месеци! барем така јас сум слушнал.Полово зрел кога ќе биде,додека женските ако немаат година наполнето,татко ми не дава да се парат :D
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Го вежба бато кучево со петарди за воени услови :icon_lol:. На почеток пред Нова Година се лутев викав ама не можеш да се разбереш со немирно дете од осум години. И отрпна кучево еј еве Април месец овај сеуште фрла петарди преку ѕид во двор ама и бомба да рокни не реагира повеќе не се плаши :icon_lol:.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
имам германски овчар машко (уште 4 дена 2 месеци ќе има) за хранењево малце сум збунет пошто сите различно кажуваат,од кај што го земав ми вика топи му ја сувата храна во млеко од денес за утре,на ветеринар ми викаат пилешко со ориз,палента со јогурт од кој и двете ги јаде,вчера бев во фауна и продавачот ми вика само сува храна тоа другото ништо да не му давам,му земав вреќа ројал канин махи јуниор (http://www.royalcanin.co.uk/products/products/dog-products/size-health-nutrition/maxi-dogs-26-44kg/maxi-junior) изеде на два пати по 60 грама и сега неќе да ја јаде,му давам пак ориз со пилешко и палента со јогурт и се ги јаде без проблем,да не му е рано за таа сувата храна може ли некој да ми објасни што како. please :(
Исто и јас му купив Ројал Канин Макси Јуниор и неможе да дочека кога ќе дојде време за јадење. Што и да му дадам јаде, апчиња против глисти и калциум на нив највеќе се радува. Сега купив Натурал Тренер и таа ја јаде без проблем.
 
Член од
27 февруари 2012
Мислења
7
Поени од реакции
0
неќе бе ова моево незнам зашто,а купив цела вреќа а и тој од фауна ме убедуваше дека ке ја јаде 100%,треба да му појдам сега он да ја јаде цела,ќе мора да му барам друга храна некоја,а за оваа (http://www.royalcanin.co.uk/products/products/dog-products/size-health-nutrition/maxi-dogs-26-44kg/maxi-junior) ако има некој куче што му ја јаде ако сака да му ја продадам пошто нема што да и правам,јас ја купив на 09,04,2012 имам сметка се, рокот и е до 10,01,2013 вреќата е од 15кг фалат едно 0,150гр ја купив 3700ден. ја продавам 3000ден. зашто стварно немам што да и правам ѓаволов мој не ја јаде, па ако е некој заинтересиран нека пише.
 
L

Lu

Гостин
кога треба да го парам кучето на колку месеци?
и во педигрто пишува дека треба да се добие дозвола од тоа како и да се викаше друштвото???
Најубаво е да се пари кучето НАД 1 годишна возраст.

За да го париш кучето мора да го однесеш на изложба за да го отценат, или можеш да закажеш вонредно отценување.
За да може да се пари кучето мора да добие отцена 5, во случај ако добие помала оцена од 5 тоа значи дека кучето не ги поседува стандардите на расата и дека нетреба да се пари.

имам германски овчар машко (уште 4 дена 2 месеци ќе има) за хранењево малце сум збунет пошто сите различно кажуваат,од кај што го земав ми вика топи му ја сувата храна во млеко од денес за утре,на ветеринар ми викаат пилешко со ориз,палента со јогурт од кој и двете ги јаде,вчера бев во фауна и продавачот ми вика само сува храна тоа другото ништо да не му давам,му земав вреќа ројал канин махи јуниор (http://www.royalcanin.co.uk/products/products/dog-products/size-health-nutrition/maxi-dogs-26-44kg/maxi-junior) изеде на два пати по 60 грама и сега неќе да ја јаде,му давам пак ориз со пилешко и палента со јогурт и се ги јаде без проблем,да не му е рано за таа сувата храна може ли некој да ми објасни што како. please :(
Возраста му е одлична за давање на сува кучешка храна.
Кученцата уште од 3 неделна возраст можат да почнат со конзумирање на сува кучешка храна, но бидејќи на 3 неделна возраст почнуваат да им растат запчиња кучешката храна треба да се натопува со млеко или супа и да се прави како кашичка.
Али твоето кученце штом е 2 месечно, слободно може да си ја јаде сувата храна, дури нема ни потреба да му ја омекнуваш сувата кучешка храна бидејќи веќе си има запчиња и може да ја јаде сува.

За останатото имам пишувано во темата Храна за кучиња
Прочитај го воведниот пост од темата, имам убаво и детално објаснето за храната и исхраната на кучињата.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Го видов вчера сајтов.. како реклама од една пријателка на ФБ.
Има многу тажни и среќни приказни...
Но.. од секциите "To be destroyed" и "All Gone, Never Forgotten", не можев цела вечер да спијам.
Денес одлучив овде да пишам, ми беше тешко на душава... а вие ако сакате можете да споделите на фб, или на било која друга социјална мрежа..
Ние можеби не сме таму за да им помогнеме на тие кучиња, но доволно е да придонесиме во глобализација на нивниот проблем.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Имам шарпалинец женско старо 30 дена... ова ми е второ куче, имам исто шарпланинка ама стара е 6-7 години... е сеа сакам да прашам (пошо све тоа таткоми пред 7 години правел, не се секјавам јас).
Со што да го хранам додека е мало, кога да го носам на вакцинација... и сл.
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Што мислите за коски дали се добри за кучиња или не ? На пример телешки, јагнешки ?
 
L

Lu

Гостин
Имам шарпалинец женско старо 30 дена... ова ми е второ куче, имам исто шарпланинка ама стара е 6-7 години... е сеа сакам да прашам (пошо све тоа таткоми пред 7 години правел, не се секјавам јас).
Со што да го хранам додека е мало, кога да го носам на вакцинација... и сл.
За исхраната прочитај ја темата Храна за кучиња
А за вакцинацијата сврти неколку страни поназад во темава.

Што мислите за коски дали се добри за кучиња или не ? На пример телешки, јагнешки ?
Коските не содржат хранливи материи, такада коските можеш да ги даваш само како десерт за кучето или за занимација да има нешто да си грицка.
Телешките коски се супер и слободно можеш да даваш телешки коски.
Само пилешки коски никогаш немој да му даваш на кучето бидејќи пилешките коски кога ги јаде кучето не се ронат туку се кршат на остри парчиња како стакло, и често се случува да им направат лом во организмот на кучињата.
Јас знам неколку кучиња што умреле од пилешки коски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom