Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
Мислиш на Бул Териер?
http://www.dogbreedinfo.com/bullterrier.htm

Никад не сум чула за Стафордски Бул Териер.
Ако мислиш на оној што го постирав, имам видено еден дечко у Карпош 3 со една женка. Прекрасни се.
На Алмала, не мислам за Англиски Бул Териер туку мислам за Стафордски Бул Териер ( Staffordshire Bull Terrier ).
Англиски Бул Териери имам видено во МК и не се во голем број али сепак се застапени, ги има околу 25 Англиски Бул Териери во Скопје.

Јас прашав за друга раса, Стафордски Бул Териер.
Незнам како досега не си слушнала за оваа раса :)
Стафордските Бул Териери растат до 40 цм во висина и килажата им е околу 15 килограми и многу личат со Американскиот Стафордски Териер, само што Стафордскиот Бул Териер е многу помал од Американскиот Стафордски Териер.

Повеќе за расата можеш да прочиташ на следниов линк:
Staffordshire Bull Terrier



Стафордскиот Бул Териер е ретка раса на Балканот и во Македонија мислам дека ја нема оваа раса или евентулно можеби има само 2 - 3 примероци.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Ахаххааа...збунка!!! Толку сум навикната само да го кажувам Стафорд што целото име кога му го напиша одма ми се направи спој у глава....и темница фати!!! ;):pos:

Тој на сликата ми личи на мојот Блу, срцка моја златна.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин


Стафордскиот Бул Териер е ретка раса на Балканот и во Македонија мислам дека ја нема оваа раса или евентулно можеби има само 2 - 3 примероци.
На изложбата за АСТ , СБТ и БТ видов еден стафордски бул териер и тој победи беше на едни грци , а може имало и повеќе но не видов. Иначе во Србија има мислам бајаѓи примероци на СБТ...не се баш 2-3
 
L

Lu

Гостин
На изложбата за АСТ , СБТ и БТ видов еден стафордски бул териер и тој победи беше на едни грци , а може имало и повеќе но не видов. Иначе во Србија има мислам бајаѓи примероци на СБТ...не се баш 2-3
Кога реков 2-3 мислев за во Македонија (а можеби и воопшто ја нема оваа раса кај нас), иначе знам дека има повеќе примероци од СБТ во Србија и соседните земји, али сепак важи за ретка раса на Балканот.

А баш ми е криво што не присуствував на специјалката за Териери од типот Бул, односно Американски Стафордски Териер, Стафордски Бул Териер и Бул Териер.

Го имаш досега однесено на изложба твоето Стафордче ?
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Кога реков 2-3 мислев за во Македонија (а можеби и воопшто ја нема оваа раса кај нас), иначе знам дека има повеќе примероци од СБТ во Србија и соседните земја, али сепак важи за ретка раса на Балканот.

А баш ми е криво што не присуствував на специјалката за Териери од типот Бул, односно Американски Стафордски Териер, Стафордски Бул Териер и Бул Териер.

Го имаш досега однесено на изложба твоето Стафордче ?
Неее...здравје понатаму. Он има 8 ипол месеци во јуниор е , џабе ќе го носам кога нема да ми дадат оцена.

Еве една слика ,некако многу му е голема главава на сликава , чуден ми е многу. Ова е со телефон ќе го сликнам со апратот па ќе постирам слики.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
колку одприлика одат цените на американски мастифи??
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
8
Поени од реакции
4
Здраво, сакам да ми дадете совет како да му помогнам на кученцево. Значи ќе ви објаснам од почеток.
Кученцето го купив пред 4 дена уште кога го носев по колата повраќаше 2-3 пати (повраќаше глисти) , пошто прв пат земам кученце незнаев за што станува збор и одма го однесо на ветеринар му дадоа апче и мислам дека за 2 дена се среди тој проблем. Другиот проблем е што кученцето нејќе да јаде веќе 2 дена односно јас му давам со шприц млекце и водичка но после 10 минути кученцето повраќа се што конзумирало. Го однесов на ветеринар му дадоа витаминска инекција и уште една инекција незнам точно, но истото се случува и 4 ден по ред. Се јавив кај газдата откај што го купив ми беше посочено дека сум му направил јас проблем со млекото што му го давав но тоа беа 4-5 шптица по 10мл. , млекото било премногу јако за него да сум купел млеко со помала масленост. Кученцето е 35-40 дена ве молам да ме посоветувате како да му помогнам жал ми е да го гледам тажно и да не јаде :(
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Кучето како што рече има глисти, убаво што сте му дале таблета, мислам дека во ваков случај се дава двојна доза од таблети против глисти.
Кучињата не се осетливи на мастите од млекото, туку на млечниот шеќер (лактозата), разредувај го млекото со вода, ако видиш дека повторно повраќа не му давај млеко.
Работава е следнава, кучето е одвоено од мајка му, по правило треба уште да биде со неа, затоа што мајчиното млеко е полно со антитела кои го прават кутрето отпорно на болести. Затоа кучињата се чуваат со мајката до 5-6тата недела, па се вакцинираат со првата вакцина и потоа се даваат.

Иди кај друг ветеринар, ако си од Скопје иди кај Диме, ординацијата е во Капиштец.

П.С. Не се секирај, ќе му помине како на кутре. :) И ако можеш мавни му еден бокс на човекот од кај што си го купил, пошто ти го продал болно. :mad:
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Како може да ги купувате такви мали? Не 5/6 туку до 12 недела треба да се кај мајката. Ама дека прв пат зимаш кутре јас стапот би го скршила од тие што ти го продале кутрето толку мало (битно парите се во џеб)! Со цицањето малите го чистат шлајмот кој го имаат додека се во утробата на мајката. Туку што е тука е, однеси го на ветеринар нека видат да не има преплетени цревца па што го враќа јадењето назад, или пробај ако има некаде да продаваат млеко во прав за мали како замена за мајчиното млеко. Никако не му давај обично млеко не само што ќе повраќа туку и пролив ќе добие а за малите тоа може да биде и смтоносно. Со среќа.

п.с Ед. кутрето не е болно, болни се луѓето што го дале толку мало.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
Мој совет само кај Диме во капиштец мене така мало кутре успеа од стенечњак да ми го спаси
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
прашање.. дали кај нас може да се најде англиски или американски мастиф и колку одприлика се движат цените.. на реклама5 гледам има 5-6 огласи за легла во србија ама нешто нели се збореше превари биле тие??
очекувам одговор и фала многу :)
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
прашање.. дали кај нас може да се најде англиски или американски мастиф и колку одприлика се движат цените.. на реклама5 гледам има 5-6 огласи за легла во србија ама нешто нели се збореше превари биле тие??
очекувам одговор и фала многу :)
За Амерички не ми се верува да има,а англиски мислам дека има 3-4 кучиња,за цена незнам :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom