Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
20 ноември 2019
Мислења
50
Поени од реакции
23
Купив куче од Македонија од македонски одгледувачи ама родителите на кучето се од Србија сега сакам да му земам педигре ми кажаа дека немора да му земам експорт педигре туку дека можам да мy извадам обично педигре па знае ли некој дали обичното педигре ке се важи
Јас купив куче од Србија и добив српско педигре. Истото оригинално педигре по некој месец го испратив по пошта до кинолошкиот сојуз на Србија (во Белград) со пополнето барање и уплатница од 55евра (препорачано го пратив), за да после 10-тина дена ми стигне експортното педигре. Ако не ти дале досега педигре (а се надевам дека има) треба да го сториш истото или тоа да ти го организира одгледувачницата од кај си го купил кучето. Инаку за изложби (пример Грција, Бугарија) мислам дека би ти требало експорното педигре. Не е лошо да се консултираш и со нашиот кинолошки сојуз за ова.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.859
Поени од реакции
2.421
Srbite se nevideni manipulatori. Prav odgleduvac samo dava odma eksportno pedigre, bez dopolnitelno da ti kaze ,, ali to ce vas kostati jos...,, Site kutrinja osven edno mi otidoa nadvor od MKD i vo nieden moment ne razmisluvav za toa kakvo pedigre treba da se izvadi. Duri tri pati gi vrakjav vo KSM na korekcija poradi pecatni greski, ama toa e druga prikazna.
 
Се сложувам со тоа, но не секој сака да ги носи кучињата по изложби и одгледувачот да ги продава по други земји. Мене во старт ми беше предочена цената за со експортно педигре (плус 55 евра) кое јас си го реализирав подоцна (пошто нема да го изложувам кучето во други земји веројатно бадијала платив ама нема везе).
Веројатно како што викаш прав одгледувач по дифолт вади експортно педигре пред да го испрати кучето во друга земја и веднаш му е вкалкулирана цената меѓутоа во Србија, МК и сл. тоа оди по договор со купувачот во поголемиот број случаеви.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.859
Поени од реакции
2.421
Nema vrska so izlozbite, ednostavno, toa e peincip, na eksportnoto pedigre pisuva koj e sopstvenikot na kuceto. Mnogu lugje kaj nas posle sakaat da gi parat kucinjata, po avtomatizam mora ednas da izlezat na izlozba.
 
Член од
20 ноември 2019
Мислења
50
Поени од реакции
23
Така е. Веќе нема вонредно оценување. Само на изложба
 
Член од
28 ноември 2017
Мислења
12
Поени од реакции
8
Здраво на сите.
Во план сум да земам куче, ама ме мачи нешто. Знам дека треба кучето да ги прими сите вакцини пред да може да се вади надвор. Е сега, со оглед на тоа што јас живеам во стан, нема никаква можност кучето да се вади надвор, освен на балкон, а нели логично си има физиолошки потреби. Прашањето ми е дали може да се научи кучето првите месец-месец ипол да мочка и кака на балкон и после да се превоспита да го прави тоа само на шетање (откако ќе се вакцинира).
 
Член од
20 ноември 2019
Мислења
50
Поени од реакции
23
Здраво на сите.
Во план сум да земам куче, ама ме мачи нешто. Знам дека треба кучето да ги прими сите вакцини пред да може да се вади надвор. Е сега, со оглед на тоа што јас живеам во стан, нема никаква можност кучето да се вади надвор освен на балкон, а нели логично си има физиолошки потреби. Прашањето ми е дали може да се научи кучето првите месец-месец ипол да мочка и кака на балкон и после да се превоспита да го прави тоа само на шетање (откако ќе се вакцинира).
По правило а и мој совет е да не го земаш кучето пред да ги прими вакцините. Евентуално може да е останата последната вакцина меѓутоа тогаш ќе можеш за кратко време да го извадиш кучето надвор за физиолошки потреби(без блиски контакти со други миленици и улични кучиња и мачки). Куче се зема најрано на околу 3 месечна возраст (ептен ако те условуваат дека мора да го земеш на 2,5 месеци). Обично сакаат да го дадат порано да ги избегнат трошковите но ако треба подобро е плати ги ти вакцините но не го земај кучето пред 3 месеци (по можност 3,5-4 месеци). За беснило после 4-тиот месец.
Инаку може да се навикне кучето на пелена да врши нужда (има и спрејови за тоа кои се ставаат на пелената). Подоцна постепено со често вадење надвор би требало да се одвикне од вршење нужда дома.
П.С. Гледај кучето да биде чипирано и ако е расно побарај си и педигре. Ако нема пасош ќе си извадиш сам кај ветеринар кој ќе го одредиш.
 
Последно уредено:

Како прво фала ти многу на исцрпниот одговор, ми значи многу :)
За жал немам опција да земам куче над 3 месеци од проста причина што малкуте луѓе што имаат легла (на питбули конкретно), не сакаат да се замараат и најбитно од се им е да заработат, така што ги даваат кучињата на два месеци само прочистени од глисти јбг. Во мојата населба нема ни едно куче буквално, и затоа не сум сигурен дали е безбедно да се вади надвор кучето за физиолошки потреби, со оглед на тоа што нема да има никаков контакт со други животни, а притоа ќе ја има примено само првата вакцина.
Исто така, постои можност два пати неделно да останува само по 5-6 саати(не повеќе), страшно е тоа?
Чип ќе си ставам сам, педигре не ми треба.
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
640
Поени од реакции
300

јас на 28 дена го земав пит булот секако без ништо примено, не ми препорачуваа на балкон да го учам туку на некој ќош со весници и цел фокус на надвор трчање на секои пола саат со награда кога ќе се измоча надвор (кога ке прими вакцини секако). Поентата ми е следна:
1. лом ми беше дома не само првите месеци туку тој ќе прави бели и до 1 година (само се поретока се разбира) но, it was all worth it! поентата е дека ако не сакаш дома во стан да ти моча и кака по кревети и теписи не ни треба да помислуваш да чуваш и зимаш куче !!!!!
2. и да нема контакт со никој надвор имало шанса од мачки мочки,измет едно друго да фати некоја си мачка чума која е со голема смртност или ако преживее ќе е инвалид (не ме цитирај на ова само од меморија зборам некој поискусен кучкар нека потврди)

За дома само оставање, моето (како мало) никогаш не беше само дома повеќе од 1 саат и затоа нема никакви бељи направено од типот на гризење кабли, мебел и слично. Само еднаш беше сам дома 6,7 саати док бевме на свадба и тогаш го изгриза малце троседот. Според бене док се мали (првата година - две) најдобро е да не се оставаат многу сами дома зашто тогаш ги фаќа нервоза и страв и анкциозност ама знам секој не го може тоа, во мојот случај сите дома се мењавме.. на пример сега може да е сам дома и по 10 саати ништо нема да му е ќе си спие, лежи, лае на балкон :)
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.523
Поени од реакции
7.854
Не може дома да им ставите ограда во некое ќоше, како американците што праат?
Ми изгледа практично, не може многу да се движи кучето низ станот/куќата и да прави бељи кога не сте дома.

Вака нешто:

или

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
1.873
Поени од реакции
10.659

Нееее. Ни под разно не го ограничувам движењето на моето куче. Чувам 12 годишна Лабрадорка. Кога беше мала грицкаше се и свашта (тргавме се по дома на високо, да не може да докачи), порасна и од тогаш нема ниту една беља направено......на располагање и е цел стан.....ниту има ограничување да не се качува на гарнитура и слично. :)
Секој што се нафатил да чува куче, треба да биде свесен дека тоа е малечко, палаво и дека ќе прави по некоја беља додека не порасне....тоа е нормална работа. :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.859
Поени од реакции
2.421
Нееее. Ни под разно не го ограничувам движењето на моето куче. Чувам 12 годишна Лабрадорка. Кога беше мала грицкаше се и свашта (тргавме се по дома на високо, да не може да докачи), порасна и од тогаш нема ниту една беља направено......на располагање и е цел стан.....ниту има ограничување да не се качува на гарнитура и слично. :)
Секој што се нафатил да чува куче, треба да биде свесен дека тоа е малечко, палаво и дека ќе прави по некоја беља додека не порасне....тоа е нормална работа. :)
Greska, toa ke pravi takvi raboti zatoa sto ti ne si mu pokazal sto smee a sto ne smee.

Ako zemes mlado kutre, bidi svesen deka edno 3 nedeli ke gi uci tvoite naviki, toa znaci deka toa vreme treba da ti bide 24/7 vo oci, za da mozes da go koregiras pogresnoto odnesuvanje(mockanje na ppgresno nesto) a da go nagradis pravilnoto( otislo i se izmockalo na pelena). Da, moze da se desat nezgodi, ama dokolku ti mu dades do znaenje koj e redot, ke nauci.

Super sugestija ti dade @GavolRulz, ne, kuceto e milenik i mora da znae kade smee i ne smee. Crate training i te kako e odlicna taktika. Kafezot ke bide sfaten kako mesto koe e samo negovo, vo koe nema da bide maltretiran i ke odmara, naspoti kazna.

Dokolku ne si spremen da odvois dovolno vreme za da si go educiras kutreto, podobro i ne zemaj. Zatoa sto najcesto sopstvenicite mislat ej abe zaebancija e i na kraj tie kucinja zavrsuvaat na ulica. Na youtube sigurno ke najdes edukativni videa. Ti preporacuvam prvo ti da naucis pred da go doneses kutreto, a isto i da izvagas dali toj karakter na rasa ke ti odgovara na tebe.
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
11.523
Поени од реакции
7.854
Нееее. Ни под разно не го ограничувам движењето на моето куче. Чувам 12 годишна Лабрадорка. Кога беше мала грицкаше се и свашта (тргавме се по дома на високо, да не може да докачи), порасна и од тогаш нема ниту една беља направено......на располагање и е цел стан.....ниту има ограничување да не се качува на гарнитура и слично. :)
Секој што се нафатил да чува куче, треба да биде свесен дека тоа е малечко, палаво и дека ќе прави по некоја беља додека не порасне....тоа е нормална работа. :)
Ти твојата принцезичка не ја затварај. Ако членот што праша погоре сака да си скрати од нервозите, топло му препорачувам да направи нешто како на сликите, нема мрдање додека газдата не е дома :D
Автоматски споено мислење:

Greska, toa ke pravi takvi raboti zatoa sto ti ne si mu pokazal sto smee a sto ne smee.

Ako zemes mlado kutre, bidi svesen deka edno 3 nedeli ke gi uci tvoite naviki, toa znaci deka toa vreme treba da ti bide 24/7 vo oci, za da mozes da go koregiras pogresnoto odnesuvanje(mockanje na ppgresno nesto) a da go nagradis pravilnoto( otislo i se izmockalo na pelena). Da, moze da se desat nezgodi, ama dokolku ti mu dades do znaenje koj e redot, ke nauci.

Super sugestija ti dade @GavolRulz, ne, kuceto e milenik i mora da znae kade smee i ne smee. Crate training i te kako e odlicna taktika. Kafezot ke bide sfaten kako mesto koe e samo negovo, vo koe nema da bide maltretiran i ke odmara, naspoti kazna.

Dokolku ne si spremen da odvois dovolno vreme za da si go educiras kutreto, podobro i ne zemaj. Zatoa sto najcesto sopstvenicite mislat ej abe zaebancija e i na kraj tie kucinja zavrsuvaat na ulica. Na youtube sigurno ke najdes edukativni videa. Ti preporacuvam prvo ti da naucis pred da go doneses kutreto, a isto i da izvagas dali toj karakter na rasa ke ti odgovara na tebe.
Поголемиот дел ги лигават кучињата и после им се качуваат на глава и нив и на тие околу нив.
Јас имам доберман од 70-80 кила и без лигавење и со строг пристап (чат пат и потчукнување кога беше помало) го направив како маче. Кога ќе повишам тон се укочува во место и нема лигавење, додека пак моите родители и сестра ми го лигавеа малку повеќе и сега не ги рецка 2%. :icon_lol:
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
1.873
Поени од реакции
10.659
Greska, toa ke pravi takvi raboti zatoa sto ti ne si mu pokazal sto smee a sto ne smee.

Ako zemes mlado kutre, bidi svesen deka edno 3 nedeli ke gi uci tvoite naviki, toa znaci deka toa vreme treba da ti bide 24/7 vo oci, za da mozes da go koregiras pogresnoto odnesuvanje(mockanje na ppgresno nesto) a da go nagradis pravilnoto( otislo i se izmockalo na pelena). Da, moze da se desat nezgodi, ama dokolku ti mu dades do znaenje koj e redot, ke nauci.

Super sugestija ti dade @GavolRulz, ne, kuceto e milenik i mora da znae kade smee i ne smee. Crate training i te kako e odlicna taktika. Kafezot ke bide sfaten kako mesto koe e samo negovo, vo koe nema da bide maltretiran i ke odmara, naspoti kazna.

Dokolku ne si spremen da odvois dovolno vreme za da si go educiras kutreto, podobro i ne zemaj. Zatoa sto najcesto sopstvenicite mislat ej abe zaebancija e i na kraj tie kucinja zavrsuvaat na ulica. Na youtube sigurno ke najdes edukativni videa. Ti preporacuvam prvo ti da naucis pred da go doneses kutreto, a isto i da izvagas dali toj karakter na rasa ke ti odgovara na tebe.
Погрешно се изразив изгледа, истовремено и се нашалив.
Вака...факт дека секој што зема куче е ДОЛЖЕН истото да го воспита правилно, исто како и кога добиваме дете.
Јас Лабрадорот го земав на 5 месеци, и веќе имаше стекнато навики за мочкање. Правеше по некоја мала беља во стилот чорапа или папуча некоја да докачи. Но и тоа брзо го завршивме со воспитување (буквално без ниту едно удрирање). Јас до нејзина година бев ангажиран да ја воспитам правилно. После тоа надвор кога се шетавме, си ги научи сите команди, малку беше тешко со одењето покрај нога без поводник, но и тоа го поминавме за кратко.
Ја чувам во стан, редовно секој ден сме на по една долга прошетка...нели да се истрча.
Конкретно ти перфектно знаеш што е Лабрадор :).....разбира повеќе и од некој луѓе.....интелегенција на многу високо ниво.
Еве сега веќе е во 12-та година, ја обожавам.

Инаку тоа што го кажа @GavolRulz е супер идеја и решение, конкретно мој другар си порача и му изработија за по дома. Додека нема никој дома, супер му вршат вратичките работа.

*edit
@SaltNPepa ако може само консултација во врска со додатоци во исхрана. Ја хранам со Royal Canin Senior сува храна. Дали треба поради годините кој ги има (12) дополнително некаков додаток во исхраната? Како на пример дополнително витамини или друго. Фала.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom