Кучиња (грижа, општи дискусии)

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.485
Поени од реакции
3.299
Ne e sosema zavrsena so smenata na zabite, tuka seuste "trosi" kalcium taka da, daj i uste malku vreme, bi trebalo da go ispravi uvoto sama. Do kaj 6 meseci bi trebala da zarsi so promena na seto zabalo. Mene mi se cini deka nemas nikakov problem so malinoata, stom od sega ja zanimavas so dolgi prosetki i igranje. Probaj da ja zanimavas i so igracki vo koi mozes da stavis hrana, namesto obrokot dai go davas cel naednas vo cinija, stavi go vo nekolku igracki i rasfrlaj gi niz dvorot, za da moze da di bara i da se zanimava so niv podolgo vreme. Toa moze da i pomogne da ne se fokusira na rasturanje koga i e dosadno. Malinoite se strasno pametni,pa treba da i napravis i malku mentalna stimulacija, daj i da resava zagatki :)
Кога беше помала помала ископа пола метро длабока дупка во двор и сама става играчки внатре па после пробува да ги извади :D. Цело време и врти мозочето нешто, ќе пробам така со храната.
А за увото и ветеринарот пред месец дена ми кажа така, да почекам, ама јас за секој случај прашувам, да не треба нешто да се интервенира на време. Ќе земам сега и калциум таблети, па ќе видиме.
 
Член од
23 јуни 2014
Мислења
241
Поени од реакции
131

20160828_123818.jpg na edni prijateli....teska budala
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Не му давам калциум.
Jаде варен ослич, варени јајца, интегрален леб, по малце сува храна и телешко месо од конзерва. Понекогаш добива пилешки коски, малце ориз и слично.

Sent from my A8 using Tapatalk
Треба да почнеш да му даваш калциум.Јас на моето му давав два пати во денот,наутро и за време на главниот ручек и немавме никаков проблем со ушите,од првин и без проблем ги исправи.
Калциумот му е потребен и за коските и за забите,пожелно е да му даваш калциум.

Можеш и лушпи од јајца да му дадеш,ситно издробени во јадењето.

Инаку полека со кучето,ти пишаа погоре дека буквално е машина,ако само малку му дадеш слобода,може сериозни проблеми да имаш со него,да не му даваш да го има главниот збор и ако некогаш не слуша,употребувај весник и мавај по муцка,од мало се учи.

Моето беше иста ламја како помало,додуша уште е,ама сега се контролира и многу е сталожен додека е дома,кога е време за шетање,ќе види дека облекувам патики,земам чешел и ланец и се мрднува :D

По саат време го шетам и јас,наутро му давам малку за јадење,главниот ручек му е накај 18 часот,обилен ручек и секоја недела шетаме на долги релации,да го научам на кондиција и на наредби.
Па можам слободно да кажам сега дека во двор можам без проблем да оставам милион долари,нема да се осмели никој да ги чепне парите.Многу добар чувар е,одличен послушник,си бара цврста рака и силен сопственик кој не попушта и одлично помнење има.
Еве пример по моето,пред еден месец додека никој сме немале дома,некои дечишта го провоцирале и го мавале со камења,а кучето врзано е со ланец и патем сака деца.
Приметив после некој ден дека кога има деца на улица е нервозно и нон стоп лаеше само на одредени три деца кога ќе ги видеше,по другите не правеше ништо.
Па една вечер ги фатив на дело истите тие три деца како го закачаа кучето преку оградата и сакаа да го удрат со стап,па сега кога и да ги види,мислам дека ќе ги изеде во еден гриз.

Опасни кучиња се,ама нема подобри чувари барем за мене.
 
Дефинитивно нема подобри чувари. Никако сила покажување,страшно се паметни и работливи,со убаво се ќе научат. Или ќе имаш перфектно куче или најголем проблем,кај нив нема средина. Сепак тврдам дека не е за почетници
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.485
Поени од реакции
3.299
Никако не можам да ја научам да не рипа на луѓе, ни со убаво ни со лошо, нема шанси, поготово кога се радува на некој од домашните, како збудалена е :). Се мислам да нарачам онаков електричен околувратник, гледам ефтини се на Али.
 
http://www.index.hr/mobile/clanak.aspx?category=ljubimci&id=917763
 
Член од
8 септември 2016
Мислења
45
Поени од реакции
6
После долго истражување планирам да земам Џек Расел териер да ме тргне од седење по дома, седење пред компјутер, итн. Природата на работата ми е таква што имам слаба доза на социјализација и физичка активност.

Порано бев многу физички активен но сега немам доволно волја, па затоа сакам да си земам еден хиперактивен другар за да предизвика земјотрес во животов. Ова е можеби најхиперактивното куче што постои. Имено чист лудак кој бара 2-3 саати дневно трчање, играње, лудување. итн (за да не биде анксиозно дома). Покрај тоа бара многу дресура уште од мали нозе за да не гризе, да не лае многу, да не биде агресивно (а знае да биде и тоа многу), итн.

Накратко ќе си земам уште едно "дете" дома и тоа хиперактивно. Знаејќи го сето ова му се радувам на предизвикот. Ќе го дресирам сам, но ако испадне дека не можам ќе го носам на дресер... со мое присуство.

Планирам да го чувам во стан иако многумина се скептици за ваква варијанта. Но ако ја има потребната доза на физичка активност, чување дома не е проблем според искуствата на многу сопственици.

Е сега, прашањето е каде да се истрча вакво куче ако живееш во централно подрачје Скопје. Колку што знам (а можеби и не знам) во Парк не можеш без маска и подводник да го пушташ да трча и брка топчиња и сл. Мислам, ако сакаш можеш (многумина и го прават тоа) но нели законот вели поинаку? Плус не би сакал да трча без контрола кога во близина има непознати деца, луѓе и кучиња. Истото важи и за сите помали урбани паркчиња низ Скопје. А овие "паркови" за кучиња што ги направија во Парк и карши Веро Тафталиџе не идат во предвид.

Прашањето е каде да го носам на некое пошироко место по два саата дневно на раат да се истрча?
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795

Мислам дека година или повеќе помина од тогаш, но сретнав еден човек со џек расел додека го шетав моето (ердел териер) на Водно. Човеков со точак и Џек расел до него трча, до врв одат заедно по мали патеки. Ми вика дека тоа едвај му ја троши енергијата. А, зошто не по кучешки паркови? Неколку пати месечно ја носам мојата колку да се социјализира со кучиња и луѓе, а паркот (и Астра на @Lu ) :D многу ни помогнаа и во раната социјализација (беше нападната од куче како мала и многу плашлива почнуваше да станува). И во градски парк во тревниците можеш да го пуштиш и со flirt pole (не го знам изразот на македонски, како голема играчка за мачки е) да му трошиш енергија плус. По планини шетање секој викенд можете исто така. Мојава по заградени игралишта ја носам. Таму двете трчаме, плус ментална стумулација (изведување и учење нови трикови, вежбање за на изложба). Со себе носам и награди без масти или јаглени хидрати (дехидрирано зелено чкембе, дехидриран бел и црн дроб). Многу е важно да го држиш слабо, т.е. ни кило плус ни кило минус. Моето кога го здебелив (6 кила вишок имаше) многу мрзливо стана, не можеше да прерипа препрека што можев да ја пречекорам, не можеше да трча повеќе од 5 минути, едноставно не личеше на териер.
 
Член од
8 септември 2016
Мислења
45
Поени од реакции
6
Мислам дека година или повеќе помина од тогаш, но сретнав еден човек со џек расел додека го шетав моето (ердел териер) на Водно. Човеков со точак и Џек расел до него трча, до врв одат заедно по мали патеки. Ми вика дека тоа едвај му ја троши енергијата.
Такви се, ептен бараат физичка стимулација. Ако не, дома партал се ќе направат, од мебел до луѓе и се останато.

А, зошто не по кучешки паркови? Неколку пати месечно ја носам мојата колку да се социјализира со кучиња и луѓе, а паркот (и Астра на @Lu ) :D многу ни помогнаа и во раната социјализација (беше нападната од куче како мала и многу плашлива почнуваше да станува).
По кучешки паркови може, т.е. обавезно треба за социјализација. Но кучешките паркови се малечки кај нас и не може таму да ја истроши енергијата.

И во градски парк во тревниците можеш да го пуштиш и со flirt pole (не го знам изразот на македонски, како голема играчка за мачки е) да му трошиш енергија плус.
Може, ама шубе ми е да не ме казни некој од општинскиве полтрони дека без маска и подводник. Инаку парк би било идеално. Со fetch ќе му ја извадам душата (на зеленило кај што нема деца, итн.), а тоа најмногу го сака како раса.

По планини шетање секој викенд можете исто така. Мојава по заградени игралишта ја носам. Таму двете трчаме, плус ментална стумулација (изведување и учење нови трикови, вежбање за на изложба).
Добар предлог за на планина секој викенд. И треба да се менуваат локации. Многу битен момент за психолошката стабилност на кучето. Е сега ме заинтересира ова што го спомна 'заградени игралишта'. Кај има такви? Не знам на што мислиш? Може да наведеш неколку?

Со себе носам и награди без масти или јаглени хидрати (дехидрирано зелено чкембе, дехидриран бел и црн дроб). Многу е важно да го држиш слабо, т.е. ни кило плус ни кило минус. Моето кога го здебелив (6 кила вишок имаше) многу мрзливо стана, не можеше да прерипа препрека што можев да ја пречекорам, не можеше да трча повеќе од 5 минути, едноставно не личеше на териер.
Одма се познава дека си супер сопственик. Преку игра најубаво се дресира куче. Покрај задолжителни неколку 10-минунти сесии дневно (дома), преку игра надвор треба обавезно да се вметнуваат и вежбаат команди.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Такви се, ептен бараат физичка стимулација. Ако не, дома партал се ќе направат, од мебел до луѓе и се останато.

По кучешки паркови може, т.е. обавезно треба за социјализација. Но кучешките паркови се малечки кај нас и не може таму да ја истроши енергијата.

Може, ама шубе ми е да не ме казни некој од општинскиве полтрони дека без маска и подводник. Инаку парк би било идеално. Со fetch ќе му ја извадам душата (на зеленило кај што нема деца, итн.), а тоа најмногу го сака како раса.

Добар предлог за на планина секој викенд. И треба да се менуваат локации. Многу битен момент за психолошката стабилност на кучето. Е сега ме заинтересира ова што го спомна 'заградени игралишта'. Кај има такви? Не знам на што мислиш? Може да наведеш неколку?

Одма се познава дека си супер сопственик. Преку игра најубаво се дресира куче. Покрај задолжителни неколку 10-минунти сесии дневно (дома), преку игра надвор треба обавезно да се вметнуваат и вежбаат команди.
Териери или терори, сопственикот избира што ќе бидат. :D

Многу често гледам луѓе кои ги пуштаат кучињата во парк. Јас, лично тоа не го правам зашто последен пат мојата исплива езерце (мрази вода инаку), трчаше како мува без глава и се акна од оградата на паркот за кучиња (уште се познава вдлабнатина). Така да само во заградени простори одиме од тогаш, секако, со награди во џеб.

Тој во градски е поголем, а со други кучиња и те како се троши енергија. И твојата и на кучето. :P Беки спие како заклана по 2 саати трчање, 20-30 минути скокање препреки, а потоа обична прошетка низ градски. Лошата страна на кучешките паркови е што секакви луѓе со секакви кучиња одат таму и често има тепачки (обично за викенди, кога има гужва). За среќа на Беки не ѝ се десило ништо за сега, со сите се сложува.

Игралишта и фудбалски терени за деца, основни училишта, градинки (секако, кога не играат деца таму). Секое сабајле (6 саат) и вечер ја носам мојата таму, по околу 2 саати (4 саати дневно), плус уште некој саат и пол трчање во двор. Ако не можеме во игралиштата по некоја случајност, со брз чекор ја обиколуваме населбата, некогаш пошироко. Така да, животот со териер никогаш не е досаден. :)
 
Член од
8 септември 2016
Мислења
45
Поени од реакции
6
...последен пат мојата исплива езерце (мрази вода инаку), трчаше како мува без глава и се акна од оградата на паркот за кучиња (уште се познава вдлабнатина). Така да само во заградени простори одиме од тогаш, секако, со награди во џеб.
А тек Џек Расел да пуштиш така ако го најдеш после ќе биде во ред. Знае да се закопа сам, ако најде јазбина (добро во парк нема) и да остане внатре со денови (без храна и вода). Не за џабе секаде се препорачува териер да се пушта без подводник само во заградена површина.

Тој во градски е поголем, а со други кучиња и те како се троши енергија. И твојата и на кучето. :P Беки спие како заклана по 2 саати трчање, 20-30 минути скокање препреки, а потоа обична прошетка низ градски. Лошата страна на кучешките паркови е што секакви луѓе со секакви кучиња одат таму и често има тепачки (обично за викенди, кога има гужва). За среќа на Беки не ѝ се десило ништо за сега, со сите се сложува.
Ќе мора да го испитам тој кучешкиот во градски ама секогаш кога поминувам ми се гледа мал.

Игралишта и фудбалски терени за деца, основни училишта, градинки (секако, кога не играат деца таму). Секое сабајле (6 саат) и вечер ја носам мојата таму, по околу 2 саати (4 саати дневно), плус уште некој саат и пол трчање во двор. Ако не можеме во игралиштата по некоја случајност, со брз чекор ја обиколуваме населбата, некогаш пошироко. Така да, животот со териер никогаш не е досаден. :)
Тешко, тешко... штета што нема поголеми заградени површини.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.485
Поени од реакции
3.299
Како мал кучешкиот парк, нема да трча маратон кучето, во круг трча со други кучиња и така ја троши енергијата, плус се качуваат на тие препреките итн..
 
Член од
8 септември 2016
Мислења
45
Поени од реакции
6
Како мал кучешкиот парк, нема да трча маратон кучето, во круг трча со други кучиња и така ја троши енергијата, плус се качуваат на тие препреките итн..
Океј, може и тоа ама НЕ САМО ТОА. Оваа раса е адреналин џанки. Треба фрлање топче до кај што ти фрла раката и така едно 2 саати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom