Па баш и имам искуство со Малиноа женка, и тоа негативно, еднаш се фати Астра со Малиноа женка, и двете пројдоа со по некој заб на себеси, мада Малиноата потешко пројде, зашто Астра поголема и помасивна, па лесно ја соборе, среќа блиску бевме и одма се стрчавме и ги раздвоивме, да бевме подалеку, партали ќе се направеа.
Ова чисто како случка што ми се има десено ја споделив.
Инаку Малиноата има сличен напад како и Доберманот, вилицата им е исто маказеста, така да стилот на напад е речиси ист, во кус период нанесуваат многу угризи.
Генерално Малиноата не е раса за почетници, сепак се работи за службена раса, а со службени раси нема играње.
Уште од сам старт ако не го воспиташ како што треба, додека е мало, кога ќе порасне може многу лесно да изгубиш контрола над кучето.
Многу хиперактивна раса се, си бараат ментални вежби, односно сакаат да работат, да им се задаваат команди.
Карактерно генерално се прилично остри и храбри, али како што кажав, најголем акцент е ставен на воспитувањето, со правилно воспитување се' може да се постигне.
Во АРМ се користат претежно Малинои, покрај останатите раси.
За ова правам муабет
На второво видео, прават вежби, и обрни внимание од 40 до 50 секунда на видеото, Малиноата во сиот насобран адреналин, губи контрола, и се случува вистински напад.