Ова ми личи на алергија. Во вторник ја носам на ветеринар. Во последно време не ја мијам со шампон, само со вода ѝ ги плакнам нозете за да не носи кал по дома. Има огрлица против паразити и се покажа ефикасна (а нема поминато 6 месеци откако ја ставивме), но премногу се чеша. На градите видов дека има ептен ретко влакно, чат пат по некоја дупка. Сакав да пробам да ѝ ги истискам аналните жлезди, но моите ми кажаа во вторник дека ќе го направи тоа ветеринар. Така да или се анални жлезди, или алергиска реакција (што е невообичаено кај Беки).
Прашањето ми е, од што може кучето да добие алергииска реакција? Пред некој ден се случи да изеде грозје, па може да е од тоа? Не покажуваше никакви реакции откога го изеде и сѐ беше во нормала. Исхраната ѝ е само со месо и ориз, дехидратот ни се потроши.