Кучиња (грижа, општи дискусии)

L

Lu

Гостин
Леле луѓе се заљубив во Presa Canario,едноставно прекрасни кучиња се.
Штета што во Македонија ги нема,а во Србија сега на крај на Јануари ќе има прекрасно легло на Преси.
Другар ми сака да земе една Presa Canario и јас топло му ја препорачувам оваа раса затоа што со правилно воспитување ќе имаат одличен карактер.
Овие кучиња се одлични чувари и Body-guard и не им треба тренинг,сами си знаат која им е работата.
Ах да имав моментално можност да чувам уште едно куче,ич без да се мислам одма ќе одев во Србија по една Presa Canario.

И за крај една слика со кои бои може да биде крзното на Presa Canario

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Ги нејќат во нашава Армија Пит булите повеќе преферираат Вучјаци, Ротвајлери и Шарпланинци.....

А што е работава со лаењето нивно оти ми рекоа да не очекувам многу многу да лае само кога ќе е во борбено расположение, и ова моево ржи а не лае досега го немам слушнато.....
Kаква полза ќе има Армијата од Пит Бул?!
 
L

Lu

Гостин
Kаква полза ќе има Армијата од Пит Бул?!
Незнам каква полза ќе има Армијата од Пит Бул,но затоа знам каква полза ќе имаат од Белгиски овчар Малиноа.
Ова куче има изразита агресивност и ако се разљути тешко се сопира,на клипот добро може да се види околу 45 секунда како од што е разљутено и неможе да се контролира ќе го касне оној што му е тренер.
Видите што може да стори Белгиската Малиноа,убав клип е, секој нека го погледне.
Многу ми се допадна последната сцена со напад (околу 01:10) буквално двете кучиња му се нафрлија и го кутнаа :bravo: одличен тренинг.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Kаква полза ќе има Армијата од Пит Бул?!
Па ми има кажано човек кој што работи во таа област дека многу непредвидливи им биле за дресура не знам зошто, ама јас нејќам куче војник слеп послушник па не ми представува проблем.
 
L

Lu

Гостин
И на само Пит Бул туку и секое добро чувано и добро воспитувано куче може да ти биде лојално како на клипот.
Но затоа и буквално секоја раса може да ја направиш ѕвер и маче безразлика дали е Чивава,Пудла,Пит Бул,Доберман...
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
American Bulldog ,ајде некој нека го каже мислењето за оваа раса. Американскиот ми се допаѓа каде каде повеќе од Англискиот бидејќи е поагилен i е повеќе по мој вкус. Значи кај оваа раса има две крвни линии Standard (Scott ,кај оваа крвна линија американските булдози имаат постегната вилица) ,другата е Bully или попозната како Johnson ,кај оваа има многу ретки примероци кој ми се допаѓаат бидејќи некако лабави ми изгледаат ,но има и добри примероци.
Johnson или Bully:

johnson_1.jpg

Oвие се Scott или Standard
American_bulldog_duke.jpg black_american_bulldog.jpg 20070126095413_083200_1.jpg
 
Attachments

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Мене многу ми се свиѓаат Американските Булдози! Од овие слики што ги стави, сите ми се убави :) Пред неколку години кога гледавме да посвоиме куче од тие што се напуштени, најдени на улица или спасени од негде - аплициравме за еден бел. Не одбија затоа што сме имале мали деца и кучето можело да ги бутне. Истото ни гокажаа и кога гледавме во Пит Були и Мастифи. Мислам глупости! Зар не мислат дека ја веќе знам дека тоа може да се деси? И дали они сакаат тие кучиња да најдат добар дом или не кога вака одбиваат луѓе?
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Сите кучиња се храбри, не е само Пит Булот, проверете само во Двете Светски Војни колку миленици има земено Армијата на Англија, Германија... кои ги тренираја за кучиња-самоубијци да се пикаат со експлозив под тенковите и оклопните возила.

Онака историски ме интересира што напраел оној Пит Бул за да биде толку посебен? Сигурно е нешто големо.

http://en.wikipedia.org/wiki/Sergeant_Stubby
 
L

Lu

Гостин
American Bulldog ,ајде некој нека го каже мислењето за оваа раса. Американскиот ми се допаѓа каде каде повеќе од Англискиот бидејќи е поагилен i е повеќе по мој вкус. Значи кај оваа раса има две крвни линии Standard (Scott ,кај оваа крвна линија американските булдози имаат постегната вилица) ,другата е Bully или попозната како Johnson ,кај оваа има многу ретки примероци кој ми се допаѓаат бидејќи некако лабави ми изгледаат ,но има и добри примероци.
Johnson или Bully:

Прегледај го приврзокот 39208

Oвие се Scott или Standard
Прегледај го приврзокот 39204Прегледај го приврзокот 39205Прегледај го приврзокот 39206
Охоо што е ова,нели ќе зимаше Американски стафордски териер,а сега си свртел на Американски Булдог а?
Епа штом прашуваш за мислење,еве јас да си го кажам моето.
Ми се допаѓаат и двата типа (крвни линии) на Американскиот Булдог.
Али не се признати од FCI и немаат педигре и нормално неможат да одат по изложби.
Признати се од AKC (American Kennel Club) и некои такви слични организации,али тие неможат да се споредуваат со FCI.
А Американскиот Булдог не е признат од FCI поради големите отстапки од стандардот или поточно кажано нема стандард за оваа раса затоа што неможе да се дефинира еден конечен изглед на Американскиот Булдог поради крвните линии и разликите во изгледот.
А и факт е дека никогаш нема да се признае Американскиот Булдог од FCI.

Е сега ако не ти пречи тоа што ќе биде без педигре и тоа горе што го напишав,тогаш земи си Американски Булдог.
Баш сега пред 3 месеци имаше легло од 8 кутриња,али сите си ги најдоа домовите.
Незнам точно кога ќе има следно легло на Американски Булдози во МК али знам дека нема да биде во скоро време.
 
Не ,не стафордот си останува ,кога ќе кажам стафорд дека ќе зимам и стафорд ќе земам ,ако ми веруеш јас последниве месеци дали сум пробал милка или хамбургер штедам у ѓаола.

Ме интересираше општото мислење за расата ,но само двајца се изјаснија ,о кај нас не знам колку е застапен т.е. ни на нет ни на изложби не сум приметил дека го има во Македонија.
 
Па нормално дека нема да го приметиш по изложби бидејќи како што кажав немаат педигре од ФЦИ и затоа неможат да учествуваат на изложби.
А кај нас многу малку е застапен,максимум 20 кучиња се во цела Македонија.
 
Па ти мислиш сите кучиња што ПРИСУСТВУВААТ на изложбата се натпреваруваат ? Си ги носат некој за нивни атер ,си имаш убаво куче ,сакаш да ти го приметат и изложбата е прикладно место ,има некој добри 10% такви.

Инаку во мојот коментар пред малку на тој што ме цитираше сум згрешил ,се брзав и згрешив :)

Едно прашање ,знае некој каде и дали има легло на Ca de bou во Македонија ? Не сум запознаен со расата ,а другар ми има одлична понуда за ca de bou ,од врвно легло е и толку знам. Газдата е некој кинолошки судија и му е роднина на другар ми ,мислам дека нема да го заеба...
 
Да да знам дека има на изложбите и кучиња што не учествуваат туку се дојдени како гости.
Ca de Bou мислам дека нема во Македонија а легло неможе да има во МК затоа што едно добри 90% сум сигурна дека ја нема оваа раса кај нас.
Прашај го другарти дали тој негов роднина и кинолошки судија се вика Митко?
Тој Митко е и кинолошки судија и одгледувач на Германски боксери и увозник на расни кучиња.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom