Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Цените се од 300 до 600 евра за квалитетни кутриња.
Знам неколку добри одгледувачи на Кане Корсо, ако си заинтересиран ќе ти дадам контакт.
Пиши ги овдека, или по приватна порака ако не ти преставува проблем :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Моментално има легло на Кане Корсо во Велес, ако те интересира ке ти напишам и родителите. Леглото е на моја добра другарка.
 
POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Сакам да земам Ротвајлер, до сега не сум чувал куче, па да ме информирате повеќе.
Живеам во куќа, така да во двор ќе го чувам.
Е сега, да му направам некоја куќичка за да може да спие таму ? Или дома да ми спие ? Да не ми избега ако го оставам надвор ? Да го врзувам или не ? Јас не сакам да го врзувам, пуштен сакам да биде.
Ај пишете ми што да правам, како ? Исхрана ? Како да го дресирам ?
Стварно ништо не знам :)
 
L

Lu

Гостин

Штом ништо незнаеш, тогаш ти не си за Ротвајлер :)

Бидејќи ќе ти биде прво куче, и бидејќи немаш никакво искуство со кучиња, јас би ти препорачала да почнеш со некоја полесна раса.
Ротвајлерите не се препорачуваат за почетници.
Но ако веќе имаш толкав мерак за Ротвајлер, мој совет ти е да читаш што е можно повеќе за Ротвајлерите и да ги научиш најважните карактеристики на расата.
На форумов Кајгана во Животни, можеш да најдеш буквално се' што те интересира, за почеток доволно е да ги прочиташ темите за исхрана на кучињата, дресура ...

Обавезно прочитај ја темата (постот) за Алфа статусот, тоа е најважната работа што треба да ја знаеш пред да земеш моќна раса како што е Ротвајлерот.

А штом ќе го чуваш во двор, немој никако да го чуваш врзан на ланец, бидејќи кога кучето е врзано тогаш станува нервозно, па дури и агресивно.
Ќе му направиш убав, голем, широк БОКС и внатре добро изолирана куќичка.
Кученцето чувај го дома додека не ги прими првите 3 вакцини за имунитет, а потоа откако ќе ги прими вакцините (тоа е околу 3 месечна возраст) ќе може да го чуваш надвор во Бокс.

И додека е мало ОБАВЕЗНО боксот нека ти биде заклучен навечер, бидејќи многу кучиња се крадат токму во вечерните часови.
А кога ќе порасне може и пуштен да си седи навечер во двор бидејќи никој нема да може да се приближи до дворот, а камоли да го украде ... нормално освен доколку некој е толку луд да ризикува да остане без рака ;)

Јас имам Доберман, карактерно Доберманот и Ротвајлерот се премногу слични :) па ако те интересира нешто околу карактерот слободно прашај ме.
А исто така тука на форумов ја имаме Ivana Roth која што има Ротвајлер, па она може да ти даде информации од прва рака за Ротвајлерите.

И обавезно штом ти е прво куче, да си земеш женка.
Не си ни свесен какви проблеми може да има еден почетник со мажјак Ротвајлер.
Женката е права ствар, и е многу полесна за чување од мажјакот.
Еве на пример, јас и Ivana Roth и покрај тоа што имаме огромно искуство и знаење за кучињата, сепак одлучивме да чуваме женки Доберман и Ротвајлер ;)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Сакам да земам Ротвајлер, до сега не сум чувал куче, па да ме информирате повеќе.
Живеам во куќа, така да во двор ќе го чувам.
Е сега, да му направам некоја куќичка за да може да спие таму ? Или дома да ми спие ? Да не ми избега ако го оставам надвор ? Да го врзувам или не ? Јас не сакам да го врзувам, пуштен сакам да биде.
Ај пишете ми што да правам, како ? Исхрана ? Како да го дресирам ?
Стварно ништо не знам :)
Lu навистина убаво ти објасни, јас само би додала дека не само што треба да читаш за расата која ја сакаш, туку треба да разговараш и со одгледувачи кои најдобро ке знаат да ти објаснат и во поглед на одгојот, воспитувањето, а пред се здравјето.
Не брзај да земеш кутре бидејки кога ке го земеш добиваш уште еден член кој со тебе ке остане долги години, кој и те како бара грижа и внимание.

off topic за Lu...убав банер :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu

POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
Штом ништо незнаеш, тогаш ти не си за Ротвајлер :)

Бидејќи ќе ти биде прво куче, и бидејќи немаш никакво искуство со кучиња, јас би ти препорачала да почнеш со некоја полесна раса.
Ротвајлерите не се препорачуваат за почетници.
Но ако веќе имаш толкав мерак за Ротвајлер, мој совет ти е да читаш што е можно повеќе за Ротвајлерите и да ги научиш најважните карактеристики на расата.
На форумов Кајгана во Животни, можеш да најдеш буквално се' што те интересира, за почеток доволно е да ги прочиташ темите за исхрана на кучињата, дресура ...

Обавезно прочитај ја темата (постот) за Алфа статусот, тоа е најважната работа што треба да ја знаеш пред да земеш моќна раса како што е Ротвајлерот.

А штом ќе го чуваш во двор, немој никако да го чуваш врзан на ланец, бидејќи кога кучето е врзано тогаш станува нервозно, па дури и агресивно.
Ќе му направиш убав, голем, широк БОКС и внатре добро изолирана куќичка.
Кученцето чувај го дома додека не ги прими првите 3 вакцини за имунитет, а потоа откако ќе ги прими вакцините (тоа е околу 3 месечна возраст) ќе може да го чуваш надвор во Бокс.

И додека е мало ОБАВЕЗНО боксот нека ти биде заклучен навечер, бидејќи многу кучиња се крадат токму во вечерните часови.
А кога ќе порасне може и пуштен да си седи навечер во двор бидејќи никој нема да може да се приближи до дворот, а камоли да го украде ... нормално освен доколку некој е толку луд да ризикува да остане без рака ;)

Јас имам Доберман, карактерно Доберманот и Ротвајлерот се премногу слични :) па ако те интересира нешто околу карактерот слободно прашај ме.
А исто така тука на форумов ја имаме Ivana Roth која што има Ротвајлер, па она може да ти даде информации од прва рака за Ротвајлерите.

И обавезно штом ти е прво куче, да си земеш женка.
Не си ни свесен какви проблеми може да има еден почетник со мажјак Ротвајлер.
Женката е права ствар, и е многу полесна за чување од мажјакот.
Еве на пример, јас и Ivana Roth и покрај тоа што имаме огромно искуство и знаење за кучињата, сепак одлучивме да чуваме женки Доберман и Ротвајлер ;)
Фала многу, а дали би било добро уште од мал да го навикнам на бокс ? Ќе му изградам доволно голем бокс и таму ќе го чувам, да не стане алфа :) тоа ме плаши.
Сега сеуште е рано, уште го немам земено, али за 3 недели да потпорасне малку ќе го земам, па до тогаш ќе се едуцирам :)
 
L

Lu

Гостин
POS-51
Од кое легло е Ротвајлерчето ?
И веројатно знаеш дека пред 40 дена несмееш да го земаш бидејќи ќе биде премногу мало.

А во врска со боксот, како што кажав претходно, прво нека ги прими трите вакцини за имунитет, па потоа ќе можеш да го чуваш надвор во Бокс.
Ова ти го кажувам бидејќи доколку кутрето не е вакцинирано, а ти го чуваш надвор, нема да има имунитет и може да фати штенечак, тоа е многу тешка и смртоносна болест.

off topic за Lu...убав банер :)
Не е Банер, Аватар се вика сликичката :)
Благодарам :)
 
POS-51

Infinity Driver
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.411
Поени од реакции
445
POS-51
Од кое легло е Ротвајлерчето ?
И веројатно знаеш дека пред 40 дена несмееш да го земаш бидејќи ќе биде премногу мало.

А во врска со боксот, како што кажав претходно, прво нека ги прими трите вакцини за имунитет, па потоа ќе можеш да го чуваш надвор во Бокс.
Ова ти го кажувам бидејќи доколку кутрето не е вакцинирано, а ти го чуваш надвор, нема да има имунитет и може да фати штенечак, тоа е многу тешка и смртоносна болест.

Не е Банер, Аватар се вика сликичката :)
Благодарам :)
:) пријатели чуваат ротвајлер, па сега имале мали и од кај нив ќе го земам, инаку имам помал брат тој запнал за куче па јас ќе будам задолжен за негово чување, мал е тој мислам дека неможе целосно да се грижи за него. 6 одд е :) Така да на мене е одговорноста, али пошто јас сум од велес а студирам во скопје, а велес само викенди си одам, моите заедно со брат ми ќе го чуваат, а јас само за викенд ќе го гледам :) и да, пред една недела се родени така да има време додека го земам :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
POS-51
Не е Банер, Аватар се вика сликичката :)
Благодарам :)
Не мислев на доберманот(моја втора љубов од расите после лабрадорот), туку на она долу we became a team. Тоа е банер на наша одгледувачница за лабрадори :)
--- надополнето: 15 септември 2012 во 18:45 ---
:) пријатели чуваат ротвајлер, па сега имале мали и од кај нив ќе го земам, инаку имам помал брат тој запнал за куче па јас ќе будам задолжен за негово чување, мал е тој мислам дека неможе целосно да се грижи за него. 6 одд е :) Така да на мене е одговорноста, али пошто јас сум од велес а студирам во скопје, а велес само викенди си одам, моите заедно со брат ми ќе го чуваат, а јас само за викенд ќе го гледам :) и да, пред една недела се родени така да има време додека го земам :)
Бидејки разични ветеринари различно применуваат вакцинации, тоа значи или 2 или 3, гледај кутрето да го земеш барем после втората вакцина(ревакцина). Ако се вакцинира и по трет пат, се до вакцината мора да биде дома, во карактин, и барем една недела по примањето на вакцина нека остане дома, бидејки се работи за критичен период. Уште во моментот кога ке дојде кај вас мора да се почне со учењето, за почеток да се знае кој ке биде газда. Се работи за раса која бара посилна и поупорна рака, мегутоа јас верувам дека нема куче кое неможе да се научи доколку со него се работи и се биде упорен.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Не е за навреда, кучето изгледа фантастично... Само што е очигледна мешавината... Hope i`m wrong ...ама не ќе да сум грешка.
Мене ми е лично за него да не го пое*але, да не му дале нешо шо не е... или пак знае...
--- надополнето: 15 септември 2012 во 20:04 ---
Alaskan Malamute Dog.jpg SiberianHuskySidStand.jpg

Мислам дека разликата е очигледна...
 
Verdict

Galadriel
Член од
21 мај 2012
Мислења
2.197
Поени од реакции
2.114
Ми го имаат кажувано тоа многу, и не е вистина. Кучето си е по потекло од мајка,татко - хаска.

Еве го таткото кој имаше едно кафено едно плаво око и беше стварно голем мажјак

и мајката...лепотица :)
Значи кучето е крупно, влакнесто, и шо е позначајно има две плави очи, маламутите имаат кафени очи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom