Штом ништо незнаеш, тогаш ти не си за Ротвајлер
Бидејќи ќе ти биде прво куче, и бидејќи немаш никакво искуство со кучиња, јас би ти препорачала да почнеш со некоја полесна раса.
Ротвајлерите не се препорачуваат за почетници.
Но ако веќе имаш толкав мерак за Ротвајлер, мој совет ти е да читаш што е можно повеќе за Ротвајлерите и да ги научиш најважните карактеристики на расата.
На форумов Кајгана во Животни, можеш да најдеш буквално се' што те интересира, за почеток доволно е да ги прочиташ темите за исхрана на кучињата, дресура ...
Обавезно прочитај ја темата (постот) за Алфа статусот, тоа е најважната работа што треба да ја знаеш пред да земеш моќна раса како што е Ротвајлерот.
А штом ќе го чуваш во двор, немој никако да го чуваш врзан на ланец, бидејќи кога кучето е врзано тогаш станува нервозно, па дури и агресивно.
Ќе му направиш убав, голем, широк БОКС и внатре добро изолирана куќичка.
Кученцето чувај го дома додека не ги прими првите 3 вакцини за имунитет, а потоа откако ќе ги прими вакцините (тоа е околу 3 месечна возраст) ќе може да го чуваш надвор во Бокс.
И додека е мало ОБАВЕЗНО боксот нека ти биде заклучен навечер, бидејќи многу кучиња се крадат токму во вечерните часови.
А кога ќе порасне може и пуштен да си седи навечер во двор бидејќи никој нема да може да се приближи до дворот, а камоли да го украде ... нормално освен доколку некој е толку луд да ризикува да остане без рака
Јас имам Доберман, карактерно Доберманот и Ротвајлерот се премногу слични
па ако те интересира нешто околу карактерот слободно прашај ме.
А исто така тука на форумов ја имаме
Ivana Roth која што има Ротвајлер, па она може да ти даде информации од прва рака за Ротвајлерите.
И обавезно штом ти е прво куче, да си земеш женка.
Не си ни свесен какви проблеми може да има еден почетник со мажјак Ротвајлер.
Женката е права ствар, и е многу полесна за чување од мажјакот.
Еве на пример, јас и Ivana Roth и покрај тоа што имаме огромно искуство и знаење за кучињата, сепак одлучивме да чуваме женки Доберман и Ротвајлер