Купување преку интернет (генерална дискусија)

Член од
7 јануари 2015
Мислења
916
Поени од реакции
594
Еднаш имам телефон од алиекспрес земено преку дхл.
1. телефонот го плаќаш поскапо.
2. у Скопје 1500 платив трошкови???
3. 500 денари на ден лежарина.
4. Цел ден изгубив оди до дхл, оди на царина, оди пак у дхл.

Не знам дали секаде е вака?

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76

НЕ, не сегде вака, вака е само во Банана држави, и во Америка ДХЛ и сличните ги сметаат за скапи пошти затоа што самата поштарина е поскапа од УСПС што е Американска државна пошта но тоа е тоа што го плаќаш нема трошкови плус, а и да те царинат неплаќаш никакви лежарини, шпедиции како за шлепер и сл.
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Не е битно дали е експрес или стандард ако ти го достават преку пошти мк ке имаш среќа да платиш само данок и царина а може и ке бидеш ослободен, ама ако оди доставата преку ДХЛ е тука обавезно плаќаш 1550-1593 денари трошкови исти и за исти работи како да увезуваш шлепер, шпедитерите на граница за припрема на документи за царинење или даночење наплаќаат исто толку за цел шлепер. ДХЛ наплаќа исто толку без разлика дали се работи за пратка од вредност 20евра или за палета со вредност од 5000 евра. + лежарина од 500 ден ако си брз да ги платиш истиот ден ке платиш само 500 ден +. И сепак се фативме за ДХЛ но тие сепак се најефтини ТНТ, Федекс и сл. наплаќаат меѓу 1800 и 2100 ден за истата работа ги имам прашувано телефонски можете и вие да ги прашате кои се трошковите + освен поштарина, данок и царина при подигање на пратката. Јас како што видов во 2011 во ДХЛ кога бев таму на излезот од Скопје така добро се синхронизирани цариниците што работат таму и вработените во ДХЛ да сигурно си плаќаш како волк со кожата - додека не те одерат нема да те остават.
Затоа за пратка помала од 1000 еур вредност не би препорачал да се користат приватните пошти као ДХЛ ТНТ Федекс и сл.
Досега данок и царина сум платил на се што било над 45 евра нарачано од споменативе е-продавници 18% и 5% (ова знам дека е за велосипедски делови а за друга стока мислам различно се смета) Ке пишам деновиве апдејт како ке поминам со праткиве.
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Некој знај дали tracking details на али експрес се точни? Денес ми стигнаа две пораки дека две пратки пристигнале во МК
 
G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Некој знај дали tracking details на али експрес се точни? Денес ми стигнаа две пораки дека две пратки пристигнале во МК
Искрено тракингот на али ми помогнал само ако сум платил shipping и тоа од 10-20 долари нагоре...за free shipping речиси 99% ми бил грешен.
 
TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Некој знај дали tracking details на али експрес се точни? Денес ми стигнаа две пораки дека две пратки пристигнале во МК
Мене до сега 95% ми бил точен, без разлика free shipping или платен а до сега сум порачал прилично многу пратки.
Провери на 17track и откако ќе се регистрира дека пратката е во МК, после кратко време веќе се појавува како пристигнат во пошта во следење на пратки.
Ако се работи за tracking пр. LP00163944103788 (мутав број без CN или SG и сл. на крај) провери преку Cainaio каде што дава само дека стигнала во МК. Во тој случај нема да добиеш податок на сајтот на пошта, ќе си чекаш ливче или пратка во сандаче.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
150
Поени од реакции
74
Некој знај дали tracking details на али експрес се точни? Денес ми стигнаа две пораки дека две пратки пристигнале во МК
Не ти се во Македонија туку во Латвија. Така јавува кога ќе пристигнат во дистрибутивниот центар во Латвија.

Sent from my Mi Note 2 using Tapatalk
 
Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Не ти се во Македонија туку во Латвија. Така јавува кога ќе пристигнат во дистрибутивниот центар во Латвија.

Sent from my Mi Note 2 using Tapatalk
Македонија до Латвија!!! :D
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Македонија до Латвија!!! :D
Известување за прием на пратки во меѓународен поштенски сообраќај
Мај 6, 2020
Земји за кој е овозможен прием на пратки по сувоземен односно површински пат се:
– Австрија;
– Албанија;
– Босна и Херцеговина
– Бугарија;
– Германија;
– Грција;
– Италија;
– Косово;
– Молдавија;
– Романија;
– Словенија;
– Србија;
– Украина;
– Хрватска
– Црна Гора.

Напомена: Р. Турција е тргната од списокот на земји за кои се примаат поштенски пратки, од причина што
Поштенската управа на Бугарија не прифаќа пратки во транзит за земји кои не се членки на ЕУ.
Пратки од Ебеј или АлиЕкспресс нема шанси да добиеме до догледно време. Незнам кој е виновен за оваа нефункционирање на достава на пратки, од менаџментот на мк пошта што барале да воспостават сообраќај со Молдавија и Украина, дали конобарки за во Гостивар и Липково ке им праќаат, а не воспоставиле сообраќај со Чешка,Латвија, Литванија, Холандија и Швајцарија држави преку кои доаѓаат 95% од пратките.
 
Член од
26 април 2020
Мислења
57
Поени од реакции
83

Ама битно да штанцаат фашистички маркици знаат.
 
Член од
20 јануари 2018
Мислења
91
Поени од реакции
76
Ама битно да штанцаат фашистички маркици знаат.
Да Фашистички со Балисти и Албанци од Албанија кои немаат врска со Македонија, тоа се нивни идоли и сл. нека штанцаат ама треба и работата да си ја вршат, никако не смееле да го прекинат поштенскиот сообраќај во време кога на народот му е ограничено движењето. Доставата на пошта треба да биде приоритет во ваква состојба и придонесува за намалување на стресот на граѓаните, достава само на сметки како што тоа го прави пошта последниве 2 месеци го зголемува стресот.
 
Последно уредено:

G1-Killer

Life is a game
Член од
18 декември 2009
Мислења
352
Поени од реакции
452
Денеска прашав на шалтер во пошта за пратки од Кина и човекот немаше никаква информација да сподели, според мене за 2 месеци ако ги добиеме топ ке е.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.767
Поени од реакции
1.461
Вчера ми стигна пратка од Али Експрес, али порачана на 5 Фебруари, пред чумава.
Ваљда била заглавена некаде по пат, па евентуално стигнала... којзнае.
 
Член од
26 април 2020
Мислења
57
Поени од реакции
83
Мене работите што ги имав нарачано во февруари од Али ми стигнаа во рекордно време и сите до 20 март некаде.
Од тоа што ми е порачано во март, се ми е "Arrived at destination country" и си стои така месец дена. За тие од април да не правиме муабет.
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
48
Поени од реакции
19
Не ни преостанува ништо друго освен да чекаме и да побараме продолжување на рокот на испорака од плус минимум 30 дена од страна на продавачите. Зошто ако сите почнеме да си ги бараме парите назад за недобиени пратки, за кратко време продавачите ќе ја бануваат Македонија како држава за испорака на пратки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom