Не е битно дали е експрес или стандард ако ти го достават преку пошти мк ке имаш среќа да платиш само данок и царина а може и ке бидеш ослободен, ама ако оди доставата преку ДХЛ е тука обавезно плаќаш 1550-1593 денари трошкови исти и за исти работи како да увезуваш шлепер, шпедитерите на граница за припрема на документи за царинење или даночење наплаќаат исто толку за цел шлепер. ДХЛ наплаќа исто толку без разлика дали се работи за пратка од вредност 20евра или за палета со вредност од 5000 евра. + лежарина од 500 ден ако си брз да ги платиш истиот ден ке платиш само 500 ден +. И сепак се фативме за ДХЛ но тие сепак се најефтини ТНТ, Федекс и сл. наплаќаат меѓу 1800 и 2100 ден за истата работа ги имам прашувано телефонски можете и вие да ги прашате кои се трошковите + освен поштарина, данок и царина при подигање на пратката. Јас како што видов во 2011 во ДХЛ кога бев таму на излезот од Скопје така добро се синхронизирани цариниците што работат таму и вработените во ДХЛ да сигурно си плаќаш како волк со кожата - додека не те одерат нема да те остават.
Затоа за пратка помала од 1000 еур вредност не би препорачал да се користат приватните пошти као ДХЛ ТНТ Федекс и сл.