Купување преку интернет (генерална дискусија)

Fx1

Член од
23 јануари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
1
Како да им пратам доказ на овие во пошта за тоа колку вреди пратката
ми стигна писмо за препорачана пратка а тоа што го купив (трансмитер за дрон) кошта 130$ колку ке ме фати царина и ддв
или пак дајте некој емаил или тел кај да се јавам
 
VisualBasic2008

Хобист
Член од
4 март 2012
Мислења
196
Поени од реакции
46
Уште прашуваш дали има шанса :D Биди среќен и што ти стигнале :) Поголемите и поскапите работи секогаш нека ти ги испраќаат со препорачана пошта за да не ти ги дигнат.
Па таа е и препорачана :P... незнам таму economy shipping int' нешто вака е. Се двоумам да ли да пробам хаха.
Не е отварано друже ниту од таму ниту од поштата, туку од царината.
А царината што демек немаат скенери нешто така? (друг метод на детекција)...??
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Не е отварано друже ниту од таму ниту од поштата, туку од царината.
А тие што не се за царинење кој ги отвара? Конкретно пошта Карпош 1020 си има двајца чичковци кои си ги селектираат пратките т.е. ако не се препорачани што им одговара си зимаат затоа Карпош е прва на листа по поплаки за оштетени или изгубени пратки, 1060 Ѓорче е втора.[DOUBLEPOST=1453551483][/DOUBLEPOST]
Па таа е и препорачана :P... незнам таму economy shipping int' нешто вака е. Се двоумам да ли да пробам хаха.
Може и да не е.
А царината што демек немаат скенери нешто така? (друг метод на детекција)...??
Мора и малце рачно :P[DOUBLEPOST=1453552119][/DOUBLEPOST]
Како да им пратам доказ на овие во пошта за тоа колку вреди пратката
ми стигна писмо за препорачана пратка а тоа што го купив (трансмитер за дрон) кошта 130$ колку ке ме фати царина и ддв
или пак дајте некој емаил или тел кај да се јавам
Барав во тарифникот и најдов уреди за радиодалечинско управување за кои е предвидено 7% царина и 18%. Ако е така како што е напишано некаде окулу 30-35$ плус имаш давачки.
ciposta@customs.gov.mk
02/2401-878
02/2466-120
 
Член од
14 август 2010
Мислења
1.185
Поени од реакции
1.415
Не сите, нормално, ама често знаат да отворат царинарниците и ако е нешто ефтино, безазлено, само го лепат со жолта трака кај шо го скинале-отвориле и го праќаат натаму на домасна адреса преку пошта
 
Член од
27 јуни 2015
Мислења
48
Поени од реакции
19
Имам порачано бежичен рутер. Вредноста му е 29 $. Колку би платил давачки кај нас?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
190
Поени од реакции
49
Сакам да купам сараунд ресивер од Србија, го најдов на огласник, исконтактирав со продавачот и се согласи да ми го прати преку пошта, но прво да му платам на сметка и ќе го прати.
Прашањето ми е колку е сигурно по пошта и колку би ме коштало за пратката, дали би ме царинеле или оданочиле, некој искуство.
Огласот го најдов овде https://www.kupujemprodajem.com/index.php
 
Член од
14 август 2011
Мислења
38
Поени од реакции
7
Пуштете го со автобус за максимум 1000ка ке го прошверцуваат

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Сакам да купам сараунд ресивер од Србија, го најдов на огласник, исконтактирав со продавачот и се согласи да ми го прати преку пошта, но прво да му платам на сметка и ќе го прати.
Прашањето ми е колку е сигурно по пошта и колку би ме коштало за пратката, дали би ме царинеле или оданочиле, некој искуство.
Огласот го најдов овде https://www.kupujemprodajem.com/index.php
Поштата како транспортна услуга не е проблем. Има друг голем проблем. Колку е габаритот на тој сараунд? Колку ќе биде плус поштарината, ти даде продавачот информации? Колку е продажната цена? Поштарината влијае врз вкупната сума за царинење и одданочување.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.659
До колку пари е ослободување од царина и данок?
За суплементи од бодибилдинг/витамини/минерали дали има некои посебни ограничувања?
Овие што сакам да ги нарачувам или ги нема кај нас или се поефтини, е сега има дел кои се кај нас забранети (не спаѓаат во делот на стероиди и лекови, туку поради високи количини во составот на одредени состојки треба многу шетање по врати и вадење документација, па нешите трговци не се заинтересирани да ги внесуваат), дали тие забранетите може да ми ги задржат на царина?
 
Се што е забрането за внес во РМ без разлика дали се суплементи, семиња за билки, лекови или други производи имаат право без никакво поопширно образложение да ти ги запленат а за истите писмено да те известат. Дозволените суплементи што сакаш да ги нарачаш треба да внимаваш на количината истата не треба да биде во количина која може да се смета дека има трговски карактер а многу зависи и цената како и од транспортните трошоци до МКД. Од прилика на 4500 денари со вклучена поштарина, 1775 денари се дополнителни трошоци.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.866
Поени од реакции
35.659
Се што е забрането за внес во РМ без разлика дали се суплементи, семиња за билки, лекови или други производи имаат право без никакво поопширно образложение да ти ги запленат а за истите писмено да те известат. Дозволените суплементи што сакаш да ги нарачаш треба да внимаваш на количината истата не треба да биде во количина која може да се смета дека има трговски карактер а многу зависи и цената како и од транспортните трошоци до МКД. Од прилика на 4500 денари со вклучена поштарина, 1775 денари се дополнителни трошоци.
А до колку денари/долари/евра не наплаќаат дополнителни трошоци (царина, данок)? Да знам како да ја наштимам пратката, пример може и од таму да ми напишат помала вредност, можам да контактирам со нив.
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
А до колку денари/долари/евра не наплаќаат дополнителни трошоци (царина, данок)? Да знам како да ја наштимам пратката, пример може и од таму да ми напишат помала вредност, можам да контактирам со нив.
Зависи од каде ќе ги порачуваш. Некој не менуваат па Господ да се симне инаку да, може да ти напишат помала вредност но после ќе треба да го штимаш и тука изводот од банка за направената трансакција ако се сомневаат во нешто. Определувањето на царински давачки и ДДВ зависи од вредноста на пратката. Ако се до 22 ЕУР, не се плаќа ништо, од 22 до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ, над 45 ЕУР, се плаќа и царина и ДДВ.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
190
Поени од реакции
49
Пуштете го со автобус за максимум 1000ка ке го прошверцуваат

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
Нема да можам со автобус да го пречекам, затоа таа опција отпаѓа.

Поштата како транспортна услуга не е проблем. Има друг голем проблем. Колку е габаритот на тој сараунд? Колку ќе биде плус поштарината, ти даде продавачот информации? Колку е продажната цена? Поштарината влијае врз вкупната сума за царинење и одданочување.
За проблемот, наместо тоа што го порачувам да ми прати нешто трето секогаш постои, но по тоа што разгледав има доста негови огласи, а и сите што купиле од кај него се задоволни барем по коментарите што ги оставаат.

Пакетот е тежок околу 10кг, за надвор од Србија да прати во случајов Македонија не знаеше цена колку ќе кошта, знаеше само за во Србија колку е, но видов на http://www.posta.rs/struktura/lat/aplikacije/alati/Cena.asp
испаѓа околу 2900 динари, или околу 1500 денари. Ресиверот што ми го продава е по цена од 60 евра, не е нов насторо е.
Ако ми стават царина и данок на која сума ќе ги пресметаат?
 
PsychoalieN

Омлет мастеР
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.703
Поени од реакции
1.411
Ако ми стават царина и данок на која сума ќе ги пресметаат?
На вкупната сума со се поштарината. Ќе мора да направи и спецификација на вредноста на производот плус поштенските трошоци до МКД така да он не мора да ја става реалната цена нека пише дека дека ресиверот чини 20-30 евра и готово и онака е на старо :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom