Одлични за парите, 2500 денари од гума, 195/55/15, Riken Road Performance.
Ги ставив пред два месеци, а патувам секој ден Штип - Скопје и назад. Тивки, забележувам дека слушам музика со помал volume на истата дестинација. Претходно имав Тигар и беа побучни (мада беа извозени), ми пукна едната на враќање од Тасос и ајде менувај ги сите, време им беше.
Затоа се распрашувам, ми треба квалитетна зимска гума, не ми е за чалам. TS860 се топ, само или ќе барам помали челични бандажи (14") или ќе морам на овие да ги возам.