Ок. Ајде да се обидеме уште еднаш.
ПРВО -Сакаш да спориме со правилата на економска теорија, или преку чаршиските теории? За поленсо да можеме да се разбереме, а не вака да се навредуваме.
ВТОРО, -ДА ТИ ПОВТОРАМ ЈАС НЕ НИ ПРОДАВАМ СТАН, НЕ НИ КУПУВАМ СТАН ВО СКОПЈЕ. Туку само се трудам да дебатирам на оваа тема која што сите ја актуелизираат во псоледно време (држава, агенции за недвижности, медиуми и граѓаниве на Македонија).
За тоа дали е промашена инестиција на купување стан во послениве 15 години во Скопје и двете теории држат вода, твојата и другата дека е исправен потегот на купување. Зависи кој за што го купува.
ТРЕТО -Мерки за регулирање на пазари, како економски алатки постоеле, постојат и ќе постојат. Како за општата економија, пазарната како посебна економска гранка така и за секој пазар поединечно (Економски стартегии за водење и стабилизирање) во нашава држава познати како МЕРКИ кој што ги спроведува државата.
Другар, без разлика дали сакаш само да дебатираш, или ти гори под нозе, факт е дека на темава зборуваш понесен од желбите, а не од фактичката состојба.
Уште во првиот пост ја утна работата со провинцијалците. Како можи зголемена побарувачка (таа од провинцијалците) да влијае негативно врз цената на недвижностите. Ова укажува дека немаш основни познавања на Економија. Економијата не препознава скопјани и провинцијалци, економијата познава продавачи и купувачи (понуда и побарувачка).
ОСНОВНО правило во економијата е дека, ако има поголема понуда од побарувачка, цената оди надолу, и обратно, ако има поголема побарувачка од понуда, цената ќе оди нагоре . Дури не го сватиш ова, џабе реплицираш и се објаснуваш.
Исто, забораваш една многу битна работа. КУПОВНАТА МОЌ на купувачите. Ти ако бараш 1000 евра од квадрат, а јас ако немам толку, сите можни мерки што би посакал да ги превземи државата, да ги превземи, не проценители, а бе шо ти душа сака, ја ако немам пари да го купам, не го купувам. Ко ќе нема и царот не јади.
Друга работа. Ги потценуваш овие што продаваат стари станови. Имајќи ја во предвид моменталната економска ситуација во Македонија, сигурен сум дека 80% од тие продавачи ги продаваат становите во зорт, пошто кредитие во банките му тежат повеќе и повеќе. Така да ако е човек во зорт ( а се повеќе ги има такви), не 900. и за 500 ќе ги продаваат. И ова и те како влијај на цената на недвижностите.
Ти објаснаа погоре, големиве фирми вештачки ги одржуваат цените. Меѓутоа нема да трае тоа уште долго. Ќе дојдат и тие во зорт, како овие претходниве, па и тие не по 900 туку по 500 ќе ги продаваат само да си го вратат зијанот.
Таа е фактичката состојба.
Едно се желбите , друго се можностите.