- Член од
- 19 септември 2013
- Мислења
- 30
- Поени од реакции
- 6
Мислиш дека никој не би продал за тие пари ?
Зортот чуда прави, реално кажано недвижностите со годините и губат на цена, не ти е ова некоја западна економија каде што поединци кој изнајмуваат станови поседуваат цели станбени блокови па се доволно моќни да излобираат некој закон, ситна риба се сопствениците на станови во скопје, поготово ко земеш во предвид дека со 30000 евра ќе купиш плац и ќе направиш куќа од 100 м2 со двор во околината на скопје тогаш ќе ти биде јасно дека станот не ти вреди ни упола од тие 30 000 евра поготово сега кога инфраструктурата дозволува за 15 минути да бидеш од катланово до плоштад или од ѓорче, умреа времињата кога десет минути од плоштад значеа нешто.
Водовод и канализација сегде се спроведува, банки, банкомати,амбуланти,маркети, имаш насекаде телефон одамна има башка што и сите фирми се селат надвор од центарот.Цената не ја одредуваш ти ја одредува побарувачката ти можеш и 2000 евра да бараш по квадрат ама нема да продадеш и ќе ти седи така се до оној момент додека не бидеш спотеран у ќоше и сакал нејќел ќе мораш да го продадеш, да не ги спомнуваме какво влијание имаат зголемените даноци, комуналии, задолжителното плаќање на парно во зградите кој биле приклучени на мрежата, паркингот кој што се наплаќа да не набројувам, на становите ништо веќе не им оди во прилог ама баш ништо.
Пустиот инат јас мислам дека толку вреди и не го давам за помалку не ви помага ама ич.
Не бранам ниедна населба. Огласите говорат друго