Купи куќа-купи стан (v.2 - Купи куќа за млади)

Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Каматата на кредитот во првите 3 години не смее да биде поголема од 4,99% годишно. Доколку каматата е повисока од овој износ, корисникот на кредитот го сноси износот над субвенционираната камата од сопствени средства.
разликата над 5 проценти сам си ја плаќаш ...
--- надополнето: 20 декември 2011 во 23:05 ---
примамливо звучи овој проект, браво за идејата, ама сакам да разјаснам тоа што не ми е јасно ...
 
Член од
18 мај 2010
Мислења
149
Поени од реакции
54
Каматата на кредитот во првите три години не смее да биде поголема од 4,99 отсто годишно.По завршување на периодот од три години, во следните две години каматната стапка нема да може да се зголеми за повеќе од 10 проценти, и ќе изнесува до 5,5 отсто годишно. Средствата за субвенционирање на месечните рати на банките ќе им се исплаќаат за цела година однапред. Рокот за враќање на кредитите не смее да биде пократок од 20 години.
Значи во првите 5год. колку толку си заштитен а во следните 15(најмалку) ќе ти лупнат камати ќе си исплатиш се ко обичен станбен кредит да си земал ако не и повеќе.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Значи во првите 5год. колку толку си заштитен а во следните 15(најмалку) ќе ти лупнат камати ќе си исплатиш се ко обичен станбен кредит да си земал ако не и повеќе.
Со држава попара не се срка ;)
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Според мене во ред е државата што помага, ама ова е договор со ѓаволот. Јас исплатив предвреме станбен кредит и знам како е да се влезе во договор со банката (ѓаволот). На никој не би му препорачал да зема кредит (освен ако мора, ама добро да се замисли дали мора, дали му е исплатливо, и кога ќе земе кредит, да се стави во подредена положба према банката / да работи за неа 20 години).
Значи грубо за кредитот, земав станбен кредит од 15000 евра, на 18 години, плаќав некои си 3 години камати (околу 180 евра месечно) и каматната стапка си ја променуваа по потреба од месец за месец. Она што не го знаете е дека првите пет до десет години плаќате САМО камата (значи земената главница не се намалува). Јас по 3 години плаќање на камати по 180 евра месецот, кога се решив да го вратам цел вратив точно 14.700 евра (значи 15000 земам, плаќам 3 години х 180 = 6480 евра и враќам 14.700 евра, значи мене земањето на кредит ме коштало 21180 евра). Оваа сума не е за занемарување ако се земе дека по исплаќањето на кредитот ако редовно сум плаќал 18 години, ќе ме коштало 30.000 евра. И друга работа, ако кредит на 20 години, го исплаќате 10 години, вие сте ја платиле каматата за него, значи после тоа не се исплаќа да го вратите - односно вие сте платиле 15000 евра во тие 10 години, па имате уште 15000 за враќање, значи подобро е до крај да истерате со плаќање на ратите.

Е сега, државата вика првите три години каматата е 5 %, уште две 5,5% а после не вика колку, значи банката ќе ви лупне проценти и за тие што ви скусила претходните 5 години, а од друга страна не смеете да го исплатите пред време, и да сакате нема да ви се исплати, пошто целата сума ви останала за плаќање, а сте платиле скоро цела во тие 5 години. Тоа дека ќе помогне со пола рата или пола учество е само маркетинг трик, да рипнете во тавчето, после тоа, бај бај.

Според мене, многу банкари ќе тријат раце благодарение на оваа влада. Имање на покрив над главата е битна работа, но дали вреди колку 20 години од вашиот живот? За тоа време ќе има секакви промени, евра ќе паѓаат, долари ќе паѓаат, франци ќе паѓаат, а вие ќе реагирате на секој потрес, пошто банката ќе ви крева камати. Од друга страна, колку ви е стабилна работата? Денес изгледа ниедна работа не е гарантирана. Нема да смеете да останете без минимумот од 180 евра месечно, оти по само 3 неплатени рати смеат да ви го одземат станот (тој што ќе биде под хипотека, мене ми зедоа 3/1 вредност, значи 45000 евра вреден стан за 15000 евра кредит, сега не знам како е). Задумајте се за сите овие работи и тоа добро, пред да донесете одлука. Јас тие 3 години не спиев баш најдобро :) и мислам дека направив погрешен чекор со кредитот (а сега општо мислам дека кредитот не е секогаш решение). Ако сте чесни, работливи, вашите роднини ве почитуваат, земете заеми од нив, но бидете и вие чесни да си ги враќате, од банка гледајте како последна варијанта.

Ова малце подолго излезе, ама мислам дека е соодветна темава за да се види другата страна на кредитот, дека не е само среќна фамилија од рекламите :). Реална слика би била ненаспана фамилија, растрчана да бере пари за да исплаќа рати, и читаат економија по цел ден, за да не случајно има економска криза која ќе влијае на каматата.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Kako и сите владини интервенции и оваа ќе го изременти пазарот на недвижнини. Ќе ја рипне цената на поефтини станови во МК. Значи периферија на Скопје и другите помали градови минус Охрид. Најверојанто ќе резултира со пад на квалитетот на градба. Недај боже земјотрес да удри. Истотака ќе паднат цените на кириите бидејќи ќе има помала побарувачка. Може да паднат цените и во центар т.е. тие што се над 900 евра бидејќи ќе има помала побарувачка на такви станови. Лоши вести за некој што инвестирал во недвижност. Јас ако би бирал порадо би одел под кирија од колку да купам стан под овие услови. За среќа имам свој стан/куќа.
Инаку ќе има влијание во задолжувањето на луѓето се повеќе луѓе ќе заглавуваат за станови и во долгови од што многу луѓе а и банки може да настрадаат.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Kako и сите владини интервенции и оваа ќе го изременти пазарот на недвижнини. Ќе ја рипне цената на поефтини станови во МК. Значи периферија на Скопје и другите помали градови минус Охрид. Најверојанто ќе резултира со пад на квалитетот на градба. Недај боже земјотрес да удри. Истотака ќе паднат цените на кириите бидејќи ќе има помала побарувачка. Може да паднат цените и во центар т.е. тие што се над 900 евра бидејќи ќе има помала побарувачка на такви станови. Лоши вести за некој што инвестирал во недвижност. Јас ако би бирал порадо би одел под кирија од колку да купам стан под овие услови. За среќа имам свој стан/куќа.
Инаку ќе има влијание во задолжувањето на луѓето се повеќе луѓе ќе заглавуваат за станови и во долгови од што многу луѓе а и банки може да настрадаат.
Значи владата не става нож на гуша за оние кои не сакат да земат кредит, туку се обидува на некој начин да помогне на оној кој сака и онака да зема кредит.
Како што беше и погоре кажано најголем ќар од овој проект ќе имат повторно банките а и оние кои се занимават со инвестирање во недвижнини. Јас сум бил секогаш против кредити затоа што како и да свртиш земените парични средства ќе ти излезат низ носот а и се обврзуваш да бидеш 20 години роб на банките. Затоа оној кој има пари подобро нека си плати во ќеш или пак евентуално некој кредит ама на краток рок.
Е сега незнам дали може да се конкурира за оввој проект и да се зема кредит на 10 години во тој случај мислам дека каматите нема да бидат толку високи.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
Izvinete za latinicava od rabota pisuvam.
Samo edno da vi kazam. Koga nekoj vi dava pari na zaem, toj gi kreira uslovite. Negovi pari - negovi uslovi. Ako ne vi odgovara, stavaj para na strana i kupi kesh. Samo da znaete, sekade , ama bas SEKADE bankite rabotat na toj nacin.
Kupi kukja vo USA , za $250,000 , na kraj od 30-godisnoto isplakjanje kje im dades $400,000-450,000. I toa bazirano na nekoja nevarijabilna kamata od okolu 5%.
Zaem na golema para, isplatena na pogolem period avtomatski te obrvrzuva da mu dades dobar kjar na pozajmuvacot.

Mene ako me prasate, sepak e podobro odkolku do sega. Bar imas opcija.

Edina rabota sto ne me raduva se VARIJABILNITE kamati. Toa ostava prostor za valkani igri.
 

firestarter

нетачен
Член од
3 април 2008
Мислења
80
Поени од реакции
6
Се си мислам дека пак станови ке си земат заслужните партиски војници.Имајте во предвид дека има само 2000 станови и јака ке биде борбата кој да земе.Така да јас иако сум заинтересиран мислам дека ретко кој од тие навистина што му треба ке добие стан.Владата е еден филтер за добивање ама треба да се има во предвид и како стоиш кај банките,дали си кредито способен
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Samo edno da vi kazam. Koga nekoj vi dava pari na zaem, toj gi kreira uslovite. Negovi pari - negovi uslovi. Ako ne vi odgovara, stavaj para na strana i kupi kesh. Samo da znaete, sekade , ama bas SEKADE bankite rabotat na toj nacin.
Kupi kukja vo USA , za $250,000 , na kraj od 30-godisnoto isplakjanje kje im dades $400,000-450,000. I toa bazirano na nekoja nevarijabilna kamata od okolu 5%.
Тоа е секаде нормално, само да си работоспособен во УСА и работоспособен во МК не е исто. Овде и државна работа да имаш веќе не е сигурно, со менување на власта се менува се, а не па приватно. И кога би излегол или би те отпуштиле од една работа, тешко дека ќе најдеш нова. Ова второво е уште поголем проблем. Таму бар знаеш дека ако изгубиш една работа, за брзо ќе најдеш нова, која исто така горе-долу ќе ти ги дава истите приходи. Тогаш кога имаш поголема сигурност, се исплаќа да имаш и кредит. Плус, мислам дека полесно е да добиеш кредит таму ако те проценат дека си работоспособен, и мислам дека хипотеките се на тоа што ќе го купиш, а овде бараат 3/1 да дадеш 3 пати поголема хипотека за таа што ќе ти дадат пари. Сега можда е нешто променето не пратам, но во принцип е така.

Мене една работа ме нерврира во целава работа, а тоа е зошто не е полабава политиката за кредитот и помошта од владата: 1. Пример, ако имам пари (соберам) во меѓувреме дури ми е земен кредитот, зошто да ми забранат да го исплатам предвреме? Да знаете, голем товар е да плаќаш 200 евра рата месецот, психички, ако веруваш дека работата не ти е најстабилна.
2. Зошто да не дадат можност за пократкорочен период и поголемо учество (пр. од државата добивам 6000 евра, јас давам 20000, од банка земам 10000 или помалце, и исплаќам 6 години, место 20). Ова онака грубо прашано, не правев некои калкулации туку од ракав фрлам суми.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
Dobro, sakav samo da kazam deka kamata si e kamata.
E sega deka e edna rabota da si vraboten vo Makedonija , a druga vo USA , vo red e.
Samo posle globalnava kriza, voopsto ne e rozevo ni vo USA.
Eden kup lugje izgubija kukjite.
A ova so uslovite da nemozes da stavis pogolem kapar ili predvreme da isplatis e totalna glupost.
Tuka vekje se gleda alchnosta na finansiskive institucii.
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Заради тие услови (неможноста за предвремена исплата и "можноста за поголемо учество"), реков дека ова е маркетинг трик за договор со ѓаволот.

Искрено, мислам дека ова е многу лош потег како влада, да го задолжиш народот (тој што ќе дигне кредит) кај банкар, а да не му дадеш можност да се спаси, тоа е како да ти дадат предност на пливачки маратон (да те пуштат на 1/3 пат) ама да ти ги врзат рацете :)

Ако веќе е расположена да даде пари, еве мене нека ми дадат 6000 евра, јас ќе додадам 15 - 20 илјади, и ќе си купам стан со кеш, па ако треба на врата ќе ставам симболот на вмро па подолу лентата со име и презиме.

Ама изгледа не е до тоа (да ти помогнат да купиш стан), него да ги проиграат уште малце банкариве, оти во време на криза направија рекордни профити. И сето тоа пак од наши пари (државни), значи win-win е за банкариве :). Ама затоа после ќе си имаат фино финансирана кампања, и нема да ги апсат како Љубета.

Е сега, ако некој е решен да игра садо / мазо филм со банкарите 20 години, оваа помош од владата ќе му дојде како мала пауза пред старт на играта :).
 
Член од
24 октомври 2009
Мислења
14
Поени од реакции
0
Ова што го нуди државата се вика можност но не и обврска, не мора на секоја работа која што е понудена на пазарот како опција да гледаш со некој сомнеж или да судиш дека не е исправен.Едноставно разгледај ги сите опции кои се понудени и ќе ја одбереш онаа за која што сметаш дека е најдобра.Во погоре наведените мислења некој кажува дека ќе заштедел пари и ќе купел стан само поради тоа што смета дека банката е ѓавол.На неговото мислење сакам да кажам дека каматата е трошок за одложената потрошувачка на средствата или во превод кажано: парите за стан ми требаат денес а не после 20 години, затоа во тој случај земаш кредит од банка, за кој кредит постојат пазарни услови на камата, за која камата државата на која плаќам даноци нуди одредена субвенција.Според тоа мислам дека сте доволно возрасни ( штом размислувате за купување на стан или куќа ) да направите пресметка за тоа што е добро, а што не за вашите планови
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Точно тоа мислење го имав кога го земав кредитот, и потполно се согласувам, "парите за стан ми требаат денес, а не после 20 години". Тоа е едниот тег на вагата. Само сакам да потенцирам дека лесно е во моментот на решавање да се занемарат другите "тегови", нестабилната економија, ризикот од губење на работно место и (не)можноста за ново. Да живеев во Шведска, Данска, Германија или др. земји, би зел кредит, но овде уште еднаш не :) (зборувам за долгорочен, краткорочните не влегуваат во оваа категорија, иако е добро ако сакаш долгорочен кредит, како за загревање да имаш искуство со краткорочен, па да видиш кој е притисокот :) )
 
Член од
4 јануари 2012
Мислења
39
Поени од реакции
24
Е сега вака да ти кажам, по моите пресметки доколку имате 5% камата во целиот период, што нема да имате, тогаш на 50 илјади евра треба да вратите 100 илјади камата (не ги калкулирам ратата пола/пола, зборувам вкупно), и сега ако земеш тие 100 илјади да ги поделиш на 240 месеци колку што е максималниот рок доаѓаш до сума од 416,66 евра месечна рата. Што значи тоа: доколку се земе во предвид дека банката не смее да ти наплати рата поголема од една третина од месечните примања, што значи за да можеш да враќаш рата од 416,66 евра треба да имаш месечни примања x3 односно 1250 евра, а услов за да конкурираш е да немаш месечни примања поголеми од 900 евра, значи автоматски си ебената страна во кредитот, односно неможеш да го враќаш и после 5 години банката си ги добива своите пари и стан. Луѓе освестете се никој не дава за ЏАБЕ па ни баба ми на дедо ми. :):):) дали има некое друго мислење баш би сакал да го прочитам.
--- надополнето: 4 јануари 2012 во 14:07 ---
И уште нешто би кажал на нивниот веб сајт има можност „Постави Прашање“ (ако смееш), и истото го образложив со прашање дали моите калкулации се точни, замислете не ми одговорија - Па вие видете сега т.е. кој како сака нека го тумачи јас за мене си знам па за вас што ме????????
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Не се занесувајте не купувајте станови и куќи цените се пренапумпани а кириите се мизерно ниски. Чувајте си ги парите во банка или ако малку следите економија инвестирајте во сребро и злато или во моменотов амерички долари и јапонски јени лом прават. Ризикот е мал а толку е просто ако економијата иде надоле американски долари и јени ќе одат нагоре а ако се подобрува економијата сребро и злато идат нагоре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom