Според мене во ред е државата што помага, ама ова е договор со ѓаволот. Јас исплатив предвреме станбен кредит и знам како е да се влезе во договор со банката (ѓаволот). На никој не би му препорачал да зема кредит (освен ако мора, ама добро да се замисли дали мора, дали му е исплатливо, и кога ќе земе кредит, да се стави во подредена положба према банката / да работи за неа 20 години).
Значи грубо за кредитот, земав станбен кредит од 15000 евра, на 18 години, плаќав некои си 3 години камати (околу 180 евра месечно) и каматната стапка си ја променуваа по потреба од месец за месец. Она што не го знаете е дека првите пет до десет години плаќате САМО камата (значи земената главница не се намалува). Јас по 3 години плаќање на камати по 180 евра месецот, кога се решив да го вратам цел вратив точно 14.700 евра (значи 15000 земам, плаќам 3 години х 180 = 6480 евра и враќам 14.700 евра, значи мене земањето на кредит ме коштало 21180 евра). Оваа сума не е за занемарување ако се земе дека по исплаќањето на кредитот ако редовно сум плаќал 18 години, ќе ме коштало 30.000 евра. И друга работа, ако кредит на 20 години, го исплаќате 10 години, вие сте ја платиле каматата за него, значи после тоа не се исплаќа да го вратите - односно вие сте платиле 15000 евра во тие 10 години, па имате уште 15000 за враќање, значи подобро е до крај да истерате со плаќање на ратите.
Е сега, државата вика првите три години каматата е 5 %, уште две 5,5% а после не вика колку, значи банката ќе ви лупне проценти и за тие што ви скусила претходните 5 години, а од друга страна не смеете да го исплатите пред време, и да сакате нема да ви се исплати, пошто целата сума ви останала за плаќање, а сте платиле скоро цела во тие 5 години. Тоа дека ќе помогне со пола рата или пола учество е само маркетинг трик, да рипнете во тавчето, после тоа, бај бај.
Според мене, многу банкари ќе тријат раце благодарение на оваа влада. Имање на покрив над главата е битна работа, но дали вреди колку 20 години од вашиот живот? За тоа време ќе има секакви промени, евра ќе паѓаат, долари ќе паѓаат, франци ќе паѓаат, а вие ќе реагирате на секој потрес, пошто банката ќе ви крева камати. Од друга страна, колку ви е стабилна работата? Денес изгледа ниедна работа не е гарантирана. Нема да смеете да останете без минимумот од 180 евра месечно, оти по само 3 неплатени рати смеат да ви го одземат станот (тој што ќе биде под хипотека, мене ми зедоа 3/1 вредност, значи 45000 евра вреден стан за 15000 евра кредит, сега не знам како е). Задумајте се за сите овие работи и тоа добро, пред да донесете одлука. Јас тие 3 години не спиев баш најдобро
и мислам дека направив погрешен чекор со кредитот (а сега општо мислам дека кредитот не е секогаш решение). Ако сте чесни, работливи, вашите роднини ве почитуваат, земете заеми од нив, но бидете и вие чесни да си ги враќате, од банка гледајте како последна варијанта.
Ова малце подолго излезе, ама мислам дека е соодветна темава за да се види другата страна на кредитот, дека не е само среќна фамилија од рекламите
. Реална слика би била ненаспана фамилија, растрчана да бере пари за да исплаќа рати, и читаат економија по цел ден, за да не случајно има економска криза која ќе влијае на каматата.