Кул авиони

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ова погоре не е авион, туку екраноплан, советски.
Што не значи дека не е кул.:)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
^^ Што го оставиле вака да скапува, можеле да го сместат во музеј како авионот на Хјуз, барем така да им се исплати, да извадат некоја пара...
 
B

Black Guard

Гостин
По се изгледа способен е да лансира против бродски ракети.
 

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
IL-2

--- надополнето: 19 февруари 2012 во 14:46 ---
RED BARON

 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Многу едноставен, многу нерационален, многу произведуван...најмногу од се живо и диво во втората светска војна. Многу трошен, одел ко алва и тој и пилотите, посебно задните стрелци. Но и германските тенкови...исто:)

Предниот дел на трупот до рамката зад пилотот, е од дебел челичен лим,

а централниот дел на крилото со подвозјето, топовите и касетите за бомби од дуралуминиум..,


остатокот бил изработуван и од дрво и од алуминиум, во зависност од можностите на заводот кој го произведувал.
А такви заводи....вриело..:)
Дури и Икарус од Земун крај Белград на крајот на војната изработил 260 метални трупови за Ил-2...Завршиле во Бугарското воено воздухопловство како замена за поголема количина Месершмити 109
...еве еден од нив сочуван..:


Последната варијанта Ил-10 е навистина добар и опасен авион, се она што неговиот легендарен претходник всушност не бил...:)
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.109
Поени од реакции
9.467
Последната варијанта Ил-10 е навистина добар и опасен авион, се она што неговиот легендарен претходник всушност не бил...:)
ЕРЕТИК.............како смееш за Ил 2 така да пишуваш? Хехехехе, се заебавам точно дека имал големи загуби али на Источен Фронт па што немало големи загуби?

Ил2 е фантастичен авион но две работи го реметат во почеток. Имено иако замислен како 2-сед со стрелец позади по „сугестија“ на големиот и непогрешив Сталин и желбата на конструкторите да го тутнат и како ловец се преправа во едносед што во комбинација со втората работа, а тоа е немањето воздушна надмоќ во почетокот на војната води до големи загуби.

Но подоцна ова се подобрува, авионот добива стрелец кој во подоцнежните верзии е и заштитен ос троа оклоп и заедно со обниовената ловечка команда во втората половина на војната овие авиони тргаат во силување на непријателските камиони, оклопни возила, тенкови, аеродроми и се друго што попреку ке ги погледало.

Германските ловци го викале бетонски авион заради огромната издржливост на куршуми и гранатил.

Еве и од мене:

Лавочкин Ла 15 авион кој му бил конкурент на Миг 15


Но, иако пилотите го оцениле како подобар во маневрирање, брзина и управливост од Миг-от сепак не бил избран за масовно производство од причина пто бил покомплициран за изработка и поскап за одржување.

Изработени се 200 - 500 парчиња (секој извор различно кажува) и со нив летале неколку избрани ескадрили на СССР. Во 53 се повлекува од употреба бидејќи наследникот на Миг 15 веќе ги преминал сите конкуренти (зборам за Миг 17)
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
F14 Tomcat

Иранците најмногу се прослваија со овој авион во Ирачко - Иранската војна и покрај неможноста да дојдат до резервни делови веднаш после исламската револуција, научија да го одржуваат и се уште е во служба во нивната армија за разлика од Американците кои што го пензионира пред 8 години.

http://en.wikipedia.org/wiki/Iranian_aerial_victories_during_the_Iran-Iraq_war



 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.110
Поени од реакции
23.573
Најкул авиони.
Прв на листа ми е Месершмит 262

Едноставно авион пред своето време, производ на германската имагинативност. Се приклучи прекасно во војната кога и така се беше готово, но да се направи ваков авион на сред војна и тоа при константен недостаток на ресурси е успех само по себе. Едноставно ги збриша постоечките ловци но секако како што реков прекасно се приклучи во борбите( август 44) и беше произведен во премал број поради рестрикциите и недостаток на ресурси за да го промени исходот на војната.
Другиот авион кој вреди да се спомене и кој исто така беше пред своето време е Avro arrow 1.Чудото од Канада кој имаше ненадмашени перформанси за тоа време а како што кажуваат и ден денес некои авиони ги немаат достигнато тие перформанси. Но поради други интереси ( ако судиме по филмот кој беше базиран на точни историски настани) едноставно престана да се произведува а и тие неколку модели беа размонтирани.

 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ^X^

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Да The Arrow го има на youtube, на ТВ одамна го имам гледано. Имале големи планови Канаѓаните со овој авион за жал преку ноќ е згаснат целиот проект, вработените отпуштени а авионите исечени. 5 биле готови другите во различни фази на изградба. Дури и за во музеј да го стават неуспеале па подоцна правеле некаква реплика за во музеј. Апсурд е сето ова но изгледа зад сето ова стојат Американците и нивнииот воено индустриски комплекс кои изиграле многу валкано.
А сето ова во далечната 1958 година (проектот е започнат 1953:cuc:), современите авиони се базираат на овој концепт.

 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
Прекрасен дизајн на оваа убавица ... кој многу ми се допаѓа ... прв пат дознав за нејзе преку документарец пред неколку години на Дискавери ... Ф22 ... толку модерен,толку практичен е само ... :rolleyes:

 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.426
Поени од реакции
5.107
Кинескиот ловец од 5-тата генерација Ј-20 кој е во развој. (моторите се руски)

 

d r a g a n

Чаве
Член од
13 мај 2009
Мислења
352
Поени од реакции
82
Кинескиот ловец од 5-тата генерација Ј-20 кој е во развој. (моторите се руски)
Најверојатно и инженерите се руски/украински :D

се шегувам, немам информација таква, само да потенцирам дека ми личи на Сухои
 

Kajgana Shop

На врв Bottom