Последен поздрав за Тоше
Ах,
Крушево;
Абе У.П.М.
Како да ни било пишано или колнатија некоја да живееме само во спомени!!!
И последната наша искра надеж, нашиот Тоше, нашата гордост, нашата до вчера жива легенда, ни згасна.
Сакам да напишам нешто за мојата состојба во која се наоѓам денес и не само јас туку целиот град:
У Ж А С !!!
Вакво нешто како прво не може да се опише со зборови, колку и да сака човек. Ваква состојба тошко се пребродува. Ова што не погоди, пред се е огромна трагедија за најблисјката фамилија на Тоше, со која се среќававме секој ден по улиците на Крушево и ќе се среќаваме и понатаму, но сега,
Тоше го нема.
Милиони мисли ми проаѓаат низ главата, но никако не можам да ги пренесам тука и да ја споделам тагата што јас и сите мои сограѓани ја имаме во нашите души.
Тоше засекогаш ќе биде со нас и за нас.
Почивај во мир, Тоше.
Твојата насмевка вечно ќе ги грее нашите срца и души.