Круг на пријатели

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
...Мојот круг на „пријатели“ се состои од:
-познаници [тоа се луѓе со коишто сум само на „здраво“ и некогаш може да се најдам на исто место во исто време, не по мој избор]
-пријатели [луѓе со коишто одам на кафе, правам муабет на ем-ес-ен, но не доволно блиски за да знаат се за мене]
- и оние вистинските, правите [тоа се мал број на луѓе, коишто знаат се за мене, дури и колку пати дишам во моментот, можат дури и да погодат што мислам во моментот, или преку ем-ес-ен да погодат што правам...]<--oвие луѓе заслужуваат да заземат важно место во мојот живот...
 
M

makedon^

Гостин
...Зборот пријател има многу подлабоко значење отколку што повеќето мислат. За мене пријател не е само особа со која што се дружам и излегувам.
Пријател е оној на кој што можеш да му се отовориш целосно со својата душа, да разговарате искрено за сите нешта, да ги делите сите нешта, да сте секогаш еден до друг кога имате потреба, да се смеете и плачете за исти нешта. Како што видов во еден од претходните постови, вистински пријател е кога спрема некој ќе почувствуваш т.н. жуборење во стомакот :). Тоа е вистинска пријателска и братска (сестринска) љубов.
Таа потреба за дружење и таа братска љубов којашто не поврзува ја имам почувствувано и тоа чувство на сигурност е незаменливо, кога знаеш дека во секое време имаш некого покрај себе спремен да те поддржи, да ти помогне во се и да се соживи со твоите проблеми.

Верувајте тогаш пола од проблемот е решен а самодовербата расте. Нема ништо поубаво од искрен пријател. Но за жал денеска се помалку ги има таквите. Сите гледат повеќе површински и тешко да се најде искрени пријатели. Сепак мене ми се доволни 2-3 искрени пријатели за да се чувствувам убаво. Во светот на секој човек се доволно барем толку за да се осети дека сепак не е сам. За повеќе не е ни многу потребно. :wink:
 

lile_rock

Олд сКул...хD
Член од
22 јуни 2007
Мислења
902
Поени од реакции
7
Имам многу пријатели само што не ми се сите толку блиски. Не можам на сите се за мене да им кажам.
Затоа што сме големо друштво..од него имам неколку души на кои можам буквално све да им кажам. А другите не ги осеќам за толку блиски.
Од средно се повеќе за на кафе да излеземе...и можам да им кажам некои не толку битни работи кои што ми се случиле.
И со тие од основно не се дружиме толку многу..Од нив тие што ми беа стварно блиски ми се во друштвото.
:):)
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
јас си имам само едно другарче, кое многу го поштувам, и се знам со него уште од прво оделение...другите се само за здраво/што правиш итн, а тие од школо се само за да се прогура денот за да има што да правиш во школо и кој да те нервира.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пријатели? Тешко тоа... Јас би рекол денес секој живее од и за интерес.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.296
Поени од реакции
45.878
Mене по некој чуден склоп на настани сите друагри ми се знаат со сите другари, без разлика било од маало, основно, средно, секој знае голем дел од другите групи.
Иначе онака БФФ :) некој изразит немам, тиња ми е онака да се делам со еден двајца и да си кажуваме “тајни’’ ко буљаши некои. :icon_lol:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Со секого сум во супер односи и за вечерно кафе или партија билјард секогаш ќе најдам некого. Имам многу познаници и барем 3 друштва со кои активно се дружам, излегувам, поминувам време.

Ама кругот на пријатели, тие блиските, што си се „мои луѓе“ и што ми се ко семејство е многу мал, можат на прстите од една рака да се избројат.
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Нормално дека ги делам пријателите. Имам многу другар/ки со кои што можам да излезам на кафе, на некоја журка и зборувам на мсн, тука спаѓаат маалските другар/ки и школските. А оние вистинските пријатели се 3 и знам дека се секогаш тука за мене :back:
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не ги делам никогаш така. Можда се знам со појќето и имам едно здраво и нормално со тие шо имам едно здраво, како си? неможам да излезам на кафе зошто не би знаела ни шо тема да прам муабет.
Имам одреден круг на пријатели на кои можам да рачунам апсолутно на се и да знам дека тие секогаш се тука за мене.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Мојот круг на пријатели не е многу тесен. Си имам другари со кои и се карам, се смеам, зборувам на различни теми.

Некогаш ќе се истепаме кога зборуваме за фудбал, и тоа во последно често се случува затоа што одредени поединци ме зафркаваат кога Милан губи. А јас и уште двајца од тајфата ги зафркаваме на пример за Манчестер...за Ливерпул и слично. Само еден другар од друштвово нема појма од фудбал и тој си молчи додека ние зборуваме.

Некогаш и ќе се зазборуваме за Саут Парк јас и Викец, ама другите не го сакаат цртанов и кажуваат дека ги замараме.
Ама какви се такви се, ние си сме голема фамилија. И секогаш јадеме на било чив роденден. Ги сакам и кога правиме глупави муабети, ги сакам и кога тие не ме сакаат затоа што подобро играм пикадо од нив.

Ама секогаш ако сакаш да најдеш време за да им посветиш на кој било од другарите, ќе најдеш. Јас секогаш си излегувам со тие што најмногу си ги сакам, моите прекрасни другари што ги запознав од форумов, и си компензирам со времево.

Затоа што некогаш најполезно е да компензираш, дали шемата денес ќе ти биде со овој или со оној. А за на кафе излегување воопшто не ми пречи да излезам со некој што не го знам (како што се погодило тоа со некои форумџии). Некогаш и сам се јавувам кај другари што не сум ги видел одамна па сакам да се размуабетиме.

Некогаш со Кискино ќе се напијам кафенце преку мсн, затоа што неможам во живо. Со Кире Мали ќе отвориме некое пифце и ќе се напијаме.

Пријателите го прават животот прекрасен.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Јас имам делтоид од пријатели. Ги поврзувам едните со другите, дијагонално. Прво да разграничиме нешто. Зборот пријател е преголем за некој со кого само-одиш на кафе. Не можам да си замислам да имам ,,кафе-одечки" пријател...Тие обично ми се само познајници. Сите мои пријатели се секогаш покрај мене, секогаш сум јас покрај нив. Групирање постои во случаевите во кои некои од нив, не се познаваат со другите. Дури и тогаш преферирам да ги запознаам и соединам, доколку забележам дека имаат допирни точки и сличности. Во спротивно секое мешање е залудно и проблематично. Инаку, има и такви со кои зборувам во школо за втор извод од 4x+30... Но не ги сметам за пријатели. За да ми стане некој пријател, треба да поминеме заедно низ сито и решето, да сме со компатибилна психа и слични размисли. Во однос на темава, од прилика сфаќам што сакаш да прашаш, но морав да кажам колку е зборот, делото и ликот на пријателот голем за мене. И не вклучува лицемерие и дружба во училиште од што си мораш...
тогаш женче ти си ми на клупа седачки- на рамо плачечки- без срамувачки- кајгана колешнички- димчиња земачки- расположувачки- паметнички - сакачки- итнички пријател:back:
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.883
Поени од реакции
2.084
:helou: Pravi prijateli se onie so koi i da ne se gledate ili slusate , vi se vo srceto i pri sredba kako vcera da ste se videle .i mozete bez problem da se otvorite za najdlabokite cuvstva .A ima prijateli so koi cesto se gledate ili slusate no sepak ne se del od vas . Pravoto prijatelstvo se cuvstvuva .:smir: :smir: :smir:
Со првата реченица се слагам со тебе,а и со целиот пост:smir:
 
Член од
4 мај 2008
Мислења
255
Поени од реакции
11
Повеќе не личи на круг, останавме само 4 (квадрат).
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Хмм,средно сум,некако наеднаш ми се зголеми кругот на пријатели,и искрено,не можам да одберам меѓу неколку друштва и да речам еве,сега само со вас ќе се дружам,вие ќе сте ми најдобри другари,а со другите ќе имам само едно чисто здраво. Преферирам да се дружам со повеќе друштва,пошо сите ми се мили и ми одговарет на мојот карактер. Сега,имат некои проблеми,на пример не можам да ги спојам двете друштва заедно,ама зато пак,излегвам еден ден со едните,еден ден со другите. Настрана од овие друштва,имам другарки вистински,на кој шо можам да рачунам во секое време.:smir:
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Дали вие ги класифицирате вашите пријатели, во смисол на:со оваа група пријатели одам на кафе, со оваа учам, со оваа не сум толку близок/блиска...Кој е вашиот критериум?
Секако дека ги класифицирам, па неможит секој да е на иста скала, секој со заслугата.Знам со кои од нив можам да се советвам за нешо онака попаметни љуѓе, со кои би учела нешо шо не ми ојт, со кои би ошла само на кафе на општи муабети и нормално со кои би ја поделила мојата приватност.Доколку не постоеше такво класифицирање секој ќе знаеше се за секого

Дозволувате ли премин од една група пријатели во друга?
Е сеа дали дозволвам преминвење...обично согледвам уште од почеток, уште од самото запознавање кој „за каде“ е.Сепак нормално дека појќе чувства иам кон тие шо ми се најблиски одколку кон тие шо учам со нив.Иако во некој тешки кризни деној не глеам шо на кој кажвам и знам дека неубо е то ама ај шо ќе прам ко морам да се искажам.

Дали самите имате разграничено во која група на ваши пријатели вие спаѓате и во кој случај се трудите да станете дел од поблиската група пријатели на некој ваш пријател?
Хмм...поблиските сами си покажвет дека спаѓам јас во нивниот потесен круг и то ми е доволно.А за останатите чим се’ уште контактирет со мене во врска со темите шо ги иаме значи не им пречам и не ми е битно кј спаѓам, битно е да се дружиме :) .И не, не се трудам да се наметнам, на кој му се дружит со мене, јас тука сум, а за поблиски љуѓе самото то се покажвит уште на почетокот, таја врска на доверба и слично кј двајцата, а аку е кј едниот тоаш е само моја оптичка илузија и немат шо да се трудам јас тука.

Конечно, кои пријатели најмногу ги цените, кои би ги поканиле на вашата скромна роденденска журка на пример и што правите кога на пријателите од еден круг не им се допаѓаат пријателите од другиот круг?:helou:
Најмногу ги ценам оние кој шо ми се нашле и во добро и во лошо, а не оние шо дошле со мене само да го видет тој шо им се свиѓат па као демек јас да го скршам мразот па да им поможам ова па она...не викам јас дек не сакам да им поможвам, ама может и тие да напрает нешо...и плус јас ако ги осеќав толку блиски ќе приметев шо требит да напрам и ќе го напраев без да ми речет тие.
Скромни журки не прам, а дололку би напрајла, сеа зависит колку души опфаќат то...би ги поканала оние шо стварно ме расположвет и шо знает шо ми требит во секој момент а не некој лажни насмеани куклички полни со лицемерие.
А за то дали на едните им се допаѓет другите или не е малку детска работа ама сепак постојт.Тие шо ми се најблиски, постојано се со мене така да го иаме истиот круг скоро па немат некој особени проблеми а за останатите судири помеѓу подалечни групи се трудам да не постоет ако е нешо ептен сериозна работава и го распоредам времево со сите да се глеам колку шо е потребно, секако ако мене ми одговарат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom