Крсте Петков Мисирков

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ајде да го проследиме! Сакаш?
Сакам, но морето и сонцето ми беа попривлечни отколку поцртување пасуси за (пази сега) -- да му се докажувам на коњољубец што рекол Мисирков!

Си читал или не?! Ако си читал, ја знаеш неговата позиција. Ги разглобува или не трите примери погоре? ДА!

3значи и за најбаналниот вели: И ДА СМЕ НОВА ДРЖАВА, зошто да не можиме...кога можеа бугарите грците и србите...

И јас те прашувам тебе: кога можевте вие, бучкуруш од циганана народ, држава од руска кал да напрајте...што ви е проблемот со нашата???
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Нешто такво.
И дали од тоа што го напишал може да се заклучи дека во неговото време постоела македонската нација или препорачува или се залага таа да биде создадена.

Македонска национална свест не била развиена во негово време,тој е еден од пионерите.Како шо не била и бугарска развиена пред 50-60 тина години и грчка пред 80,слична работа,само гледај го значајниот фактор тука:
Другите две имат катализатор,македонската..... нема :toe:.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Дневникот на Мисирков (Дневник)

Раниот дневник на Мисирков блеска со македонство

Јас добив образование со туѓи средства (српски, бугарски) како македонец, затоа сум и' должен на својата татковина за образованието, а тоа значи дека сум должен да се жртвувам за неа... Вака напишал Крсте Петков Мисирков во оригиналниот дневник што пред три дена бугарската полиција го запленила од 76-годишниот софијанец со иницијали А.П. во акцијата за спречување трговија со архивски документи. Десетдневниот дневник на Мисирков, пишуван од 21 до 31 јануари 1903 година, во перидот пред Илинденското востание, според македонските историчари е скапоцено сведоштво во кое основоположникот на македонскиот литературен јазик ги искажува своите македонски чувства. Тоа во своите реакции, на свој начин го потврдуваат и бугарските експерти за архивска документација, но со назнака дека Мисирков, кој имал бугарски чувства, бил жртва на македонизмот.

Бугарската полиција ниту вчера не соопшти кој е таинствениот купувач што понудил околу 60.000 евра за ракописот на Мисирков, но и за оригиналните писма на Гоце Делчев, Пере Тошев, Петар Ацев, Атанас Лозанчев, Тодор Александров и Борис Сарафов, значајни личности за македонската историја. Неофицијално се дознава дека полицијата уфрлила провокатор, кој на А.П. му се претставил како купец од Македонија и кој понудил значителни суми за да ги откупи оригиналните историски документи. Според сознанијата, А.П. ги набавил документите пред кусо време купувајќи ги од непознати лица и сакал да заработи од нив. Тој, инаку, постојано се занимава со продажба на антиквитети и има тезга на една од главните софиски улици. Бугарскиот ултранационалист Красимир Каракачанов ја обвини Република Македонија дека стои зад обидот илегално да ги откупи овие документи.

Македонскиот историчар Ванчо Ѓорѓиев наведува дека овој дневник на Мисирков е значаен за македонската историографија. Тој додава дека во дневникот се јасно искажани македонските чувства на авторот, кои им се познати на историчарите бидејќи тој ракопис веќе е објавен како публикација. Новина сега е што како предмет на трговија се појавува оригиналниот ракопис на Мисирков.

- Ова е документ во кој Мисирков јасно се декларира како Македонец и тоа веќе им е познато на бугарските историчари што се упорни во негирањето на македонската самобитност. Нивен проблем е зошто тие, од свои политички причини, не сакаат тоа да го прифатат и поаѓаат од свои интереси - наведува Ѓорѓиев.

Од друга страна, бугарските архивисти наведуваат дека Мисирков бил во заблуда со македонските чувства. Цочо Биљарски, кој повеќе години работи во државниот архив на Бугарија, во интервју за бугарската агенција „Фокус“ наведува дека станува збор за „раниот Мисирков“.

- Во тој период многумина од дејците на организацијата го нарекуваат Мисирков „збунета глава“. Во раниот дневник на Мисирков може да се видат неговите проблесоци меѓу науката, наставата и повредениот македонизам, на кој извесно време е жртва. Дневникот е едно тефтерче напишано на руски јазик - наведува Биљарски.

Според него, иако не ја знае содржината на останатите писма, тие се сигурно значајни историски документи за кои бугарската држава досега не се грижела доволно.

- Многу вакви документи се во приватни раце. И покрај тоа што законот за државните архиви не дозволуваше документите да ги чуваат приватни лица, ние можеби не сме ја искористиле можноста да ги конфискуваме овие документи. Во повеќето случаи ние се потпираме на доброволно предавање на вредни документи и така сме добиле многу од нив. Имаме неверојатно вредни документи без кои не може да биде напишана не само историјата на револуционерното движење, туку и историјата на Бугарите што живеат денес надвор од рамките на денешна Бугарија - наведува Биљарски.
Бранко Ѓорѓевски
Значи бил жртва на МАКЕДОНИЗМОТ, кој патем е измислица на Тито... Така... :) ШАХ МАТ! :)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Без разлика што Бугарите го преставуваат како контроверзен, Мисирков е основоположник на нашиот јазик.

А нема логика некој да се мачи да создава граматики на туѓ народ, ако не се чувствува дел од него, нели?

Тоа ти е како на пример, некој Кинез што се чувствува како Кинез им појде на Јапонците и им вика "чекајте бе комшии, дајте јас да ви го развијам јазикот".

Едноставно нели, логиката ја нема. :)
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Антируските демонстрации во Софија

објавено во угледниот руски дневен весник „С.-Петербургскија Ведомости“ во мај 1901.

Некои настани во последно време на Балканскиот Полуостров го заслужуваат вниманието на рускиот читател. Тоа се последните настани сврзани со Македонскиот комитет. Познато е дека во сите градови и села во Бугарија во коишто живеат работници или интелигенти-Македонци постојат друштва што не се прогонувани од бугарската Влада, се викаат Македонски комитети и се под раководство на „Централниот или Врховниот македонски комитет“ во Софија. Печатен орган на последниов е весн. „Реформи“. Целта на Комитетите е ослободувањето на Македонија или олеснување на нејзината судбина... Тие Македонци својот јазик го нарекуваат бугарски. Така го нарекуваат и Грците и Турците. Минатото и сегашноста на потесен начин ги сврзуваат Македонците со Бугарите, поради што и идејата за македонското ослободување е толку популарна кај бугарскиот народ. Самото од себе се разбира дека искрената желба на бугарските селани да ги видат своите македонски браќа слободни од истото ропство, од кое Бугарите ги ослободи Русија, не можело да не се смешува, макар и несвесно, со желбата да ја видат својата држава моќна. Последново можеби и давало повод да се гледа на Македонските комитети како на посебен маневар на бугарската Влада за реализација на „Велика Бугарија“. Како и да е, но до последно време тешко беше да се различат во Македонските комитети Бугарите од Кнежеството од Македонците, и само последниве настани покажаа дека во Македонските комитети Бугарите од Кнежеството играле далеку непрвостепена улога. Па инаку и не би можело да биде! Сочувството кон ближниот многу полесно може да се покаже платонски отколку на дело. Македонски комитети имаше не само во Бугарија, туку и во Македонија. Нивните членови - Македонците - не само што самите доброволно даваа пари ами ја убедуваа и јавноста - пред се бугарската - да дава во полза на светото дело, да врши извесно влијание врз својата Влада за да се застапи за бесправните Македонци; тие ја бранеа својата родна земја не само од насилствата на Турците, туку и од посегнувањата на соседните држави. Во тој поглед нивната дејност беше разновидна и ќе биде праведно оценета од историјата.

По изјавата на г. Зиновјев во Константинопол и по промената на кабинетот во Бугарија стана наполно јасно дека Македонските комитети се македонски организации и наполно одделни од бугарските. Промената на политиката на бугарската Влада воопшто не предизвикува промена на насоката во Македонските комитети. Повеќе од тоа: кога во цела Бугарија се празнува денот на ослободувањето на „бугарскиот народ“, во Софија се прават обиди да се замрачи свеченото и благоговејно расположение... со манифестации против Русија. Тие манифестации се припишуваат на влијание од надвор. Од Софискиот универзитет се отпуштени 60 млади Македонци. Потоа, ние знаеме дека весникот „Реформи“ е преполн со статии против Русија.

Сиве овие појави, неправилно или недостатно оценувани од рускиот печат, ме побудија и мене - како Македонец да кажам неколку збора за суштината на односите на Македонците кон Русија. Притоа сум должен да се оградам дека го искажувам само своето лично сфаќање по ова прашање и немам никаков однос ни кон Бугарското Кнежество, ниту пак кон Македонскиот комитет. Иако јас самиот сум Македонец, но наполно сум убеден дека ни еден од Македонците не би се согласил јас да зборувам од негово име. Тоа и не го правам. А своите информации за Македонија и за Македонците јас ги црпам од личните впечатоци, спомените и од тоа што можел да ми го даде овдешниот Историско-филолошки факултет. Моите впечатоци и спомени, ми се чини, се не помалку богати и објективни, отколку на господата туристи-дописници или конзули, а моите научни познавања по македонското прашање, исто така ми се чини дека не се пониски, отколку кај филолозите и историчарите-студенти: Руси, Бугари, Срби.

Македонија ја имам проучувано како своја татковина, ја проучував просто гледајќи го селскиот живот во текот на 14 години и под раководство на грчкиот учител, 10 месеци - под раководство на учителите на Софиската гимназија, 5 години - под раководствата на Србите и 6 години самостојно или под слабото влијание на руските професори. Јас во Бугарија поминав 60[1] месеци уште во 1889-90 г. и оттогаш веќе не сум бил таму. Нижото образование го добив во грчко училиште.

Во македонското прашање за Русите (само или заедно со Србите) постојат две страни: етнографска и политичка. За Македонците етнографско прашање не постои: тие ја признаваат само угнетеноста и неопходноста за подобрување на неподносливата положба. Според моето мислење, не може да има етнографско прашање, но сепак има научна и практична страна во македонското прашање. Од научно гледиште може опстојно да се истражуваат темните прашања од историјата на Македонија, односите на разните македонски наречја едно кон друго, кон источнобугарското и западнобугарското, кон моравското и кон српскиот јазик; може компаративно да се проучуваат сижетите од македонската народна поезија и обработката на овие сижети во споредба со поезијата на јужнословенската поезија воопшто; може да се проучува културниот и политичкиот однос на Македонија кон другите словенски, како и несловенски области на Балканскиот Полуостров итн. Сето тоа претставува тешка работа што бара повеќе напори и време, а пред се непристрасност. Тоа е работа на иднината. Тоа се разгледува и сега и се решава во една или во друга смисла... Се разгледува од Бугарите и од Србите, се разгледува и од Русите, коишто по ова прашање стојат на средината помеѓу првите и последните; се разгледува и од Македонците, коишто се на страната на Бугарите, а исто така и од странци, од незаинтересирани научници, коишто исто така од научно гледиште ги разгледуваат Бугарите од Кнежеството и Македонците како еден народ. Зборувајќи за народноста на Македонците, јас огнено би ја застапувал страната на Бугарите. Но, во оваа своја статија тоа прашање јас или воопшто нема да го допирам, или - ако тоа и се случи - тогаш само од негативната страна.

Македонците историски и етнографски толку се сврзани со Бугарите од Кнежеството што во науката и во реалноста тие се појавија дури во последно време. Англичанките Мекензи и Ирби, патувајќи по Турција, разликуваат три Бугарии: Источна, Централна и Западна. Западната Бугарија и е Македонија. За Македонците веројатно и не би станувало ни збор, ако не беа претензиите на Србија кон Македонија, поддржувани од руската политика од моментот на стамболовскиот режим во Бугарија па се досега. Македонија се мешаше со Источна Бугарија, и сега таа се меша со неа по заедничкоста на националното име. Поради општото не се гледаат посебностите што се повеќе и повеќе испливуваат на површината.

Словенија, во националната смисла на овој збор, се прави од Бугарија првин во политичка, а потоа и во национална смисла. До половината на 10 век Македонија-Словенија-Бугарија е дел од општата, голема Бугарија, другиот дел од која е Источна Бугарија или денешното Бугарско Кнежество. По покорувањето на последнава, Македонија до крајот на првата четвртина на 11 век е единствената носителка на името на Бугарите во политичко значење. По покорувањето на Македонија од Византија името на Бугарите во таа провинција останувало само во етнографското значење. Охридската архиепископија била Архиепископија на сета Бугарија. Во 14 век во политички поглед Македонија претставува дел од Србија (номинално), а во етнографски останува како порано бугарска. Кралевиќ Марко во средновековните хроники, во српските песни се нарекува Бугарин и владетел или јунак на Бугарија. По навлегувањето на Турците, кога се губи секое политичко значење на јужното словенство, имињата Бугарија и Бугарин можеле да се употребуваат само во етнографска смисла. Во таа смисла денешното Кнежество било само дел од сета Бугарија, коешто е јасно укажано од Киперт, Лежан, Шафарик, Мекензи и Ирби, со С.-Стефанскиот договор. Берлинскиот трактат создаде положба што личи на втората половина на 12 столетие, кога, почнувајќи од 1185 година, името Бугарија почнало да се употребува во двојна смисла, т.е. во политичка и во етнографска, и кога првото значење, макар и привремено, зело врв над второто. По Берлинскиот трактат, како и по формирањето на таканареченото Второ Бугарско Царство, Бугарија во етнографска смисла се распаднала на две половини: Бугарија слободна и Бугарија тогаш поробена од Византија, а сега од Турција. Слободна Бугарија тогаш, како и сега, го привлекувала вниманието на соседите, како единствен претставник на бугарскиот народ. Тој тогаш, како и сега, престанал да живее заеднички живот со поробената Бугарија, и во тоа време, кога последнава правела обиди за отфрлање на ропството, раководството на првата или настојувало да ги искористи за себе тие обиди или пак сосема ги пренебрегнувало. Народот пак со својата аристократија или интелигенција тогаш се занимавал со внатрешните ситни интриги, со религиозни прашања и со меѓусебни војни, а сега - со политички раздори. Македонија сега, како и тогаш, е оставена сама да си ја извојува слободата. Обидите на Македонците во средните векови беа користени од Бугарија во опсегот на денешното Кнежество и од Србија на Немањиќевците; Македонија тогаш, како и сега, за Бугарија и за Србија се сметаше за неутрална почва, на која интересите на едната или на другата држава не може да бидат нарушени. Тогаш за идеали за национално обединување или за нарушување на националните интереси не можело да станува ни збор. Но, национално чувство постоело во Македонија, коешто ни го покажува историјата на македонската архиепископија, како и историјата на Македонија воопшто во тој период, а исто така и карактеристиката на Кралевиќ Марко и на неговата држава во средновековните хроники и во јужнословенската народна поезија. Национално чувство на Македонците постои и денеска. Разликата помеѓу решавањето на прашањето во средните векови, при распаѓањето на Византија и сега при распаѓањето на Турција, произлегува од разликите во политичката состојба на работите тогаш и во нашите денови.

Тогаш претенденти на византиското наследство имаше само два: Бугарија Источна и Србија на Немањиќевците. Немаше мешање ни на Европа, ни на Русија. Немаше национален антагонизам помеѓу Бугарија и Србија. Немаше идеали за национално обединување и сфаќање за национално единство. Не се бараше „пробивање“ прозорец во Европа преку Солун итн. Соседите на Србија и на Бугарија: Унгарија, Влахија, Латинското Константинополско Царство и Епир - или се однесуваа наполно рамнодушно кон балканските работи или пак беа премногу слаби. Добрите односи помеѓу Србија и Бугарија беа нарушувани ретко. Разликата помеѓу нив беше само во тоа што првата беше повоинствена, а втората - порелигиозна и покултурна. Заради целината на претставата за решавањето на македонското прашање тогаш, ние треба да имаме на ум дека присоединувањето на Македонија кон Србија на Немањиќевците воопшто не беше прашање на неопходност или херојство на Србите: тоа беше просто желба на Стефан Душан да и додаде поголем блесок на својата царска круна; не беше херојство затоа што самите македонски велможи, незадоволни од византиското ропство, врз мошне прифатливи за себе услови, му се потчинија на Душана, којшто за тоа штедро ги награди со оставање на нивната полна независност во управувањето на земјата. Среде сите виши сановници во државата на Душана само двајца имаше со називот крал: тоа беа синот на Душана - Урош и заштитникот негов, по смртта на татко му Волкашин, кралот на Македонија.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
212
Поени од реакции
8
Околностите за решавањето на македонското прашање во сегашно време се многу сложени. Тука се замешани и Србија и Бугарија, не сфаќајќи ја ни својата историја, ни својата историска задача. Денеска зборуваат за национално обединување, за национални задачи, за големи Бугарии и Србии итн. Сега впрочем не само што зборуваат, туку и мислат. А мислат едно... и зборуваат сосема друго. Зборуваат за национални интереси, а мислат за културно, економско и политичко завојување на земјата. Сега кон Србија и Бугарија се приклучија и Грција и Австро-Унгарија. Овде пак интересите на европските држави, интересите на „мирот“, мешањето на Европа и на Русија, па и на Турција во денешно време - не се она што беше Византија во времето на крстоносните походи. Сега во Македонија и заради Македонија се води борба религиозна, национална и политичка, во којашто учествуваат и повикани и неповикани.

Таа борба, како и воопшто историските услови на животот, не можеше да не се одрази на Македонците. Таа и се одрази во разбудувањето на самосвеста на Македонците, но не во таа смисла како што би сакале претендентите и соседите, туку во сосема нова. Доктрината на Монро од Америка беше пренесена од Гледстон на Балканскиот Полуостров во значењето „Македонија - за Македонците“. Овие зборови се запечатени во срцата на сите Македонци што се школуваат во разните школи, како во самата Македонија, така и надвор од неа: во Бугарија, Грција, Србија, Русија, Австро-Унгарија, Швајцарија и во други делови на Западна Европа. Тие се пренесени оттаму и во народот, којшто е расположен исклучиво за нив.

Етнографијата на Македонија за современиот Македонец е работа на науката и нема ништо заедничко со политиката. Што била Македонија порано, кому му припаѓала, кон кого таа е поблиска или подалечна итн. - за нас Македонците е сеедно. Нам ни е важно ослободувањето на Македонија, и притоа такво што не би било само фиктивно, ами вистинско ослободување. Ние би сакале таква Македонија во која би ни била гарантирана полната лична и имотна сигурност.

И токму во ова време на будење на самосвеста на Македонците и на сознанието за неопходност за промена на современиот поредок во својата татковина, тие, за жал! ги вброија во своите, ако не непријатели, тогаш кон недобронамерниците, и Русите. Појава - доста чудна на прв поглед и бара објаснение! Ги вбројува Русите во бројот на своите недобронамерници главно македонската интелигенција што живее како во татковината така и во странство. Недобронамерници се сметаат не рускиот народ и не руската Влада, туку главно оние руски политички дејци врз коишто лежи обврската да ги чуваат руските интереси во Македонија. Дали постапуваат според некои инструкции или се раководат од своите согледувања - не е познато, но се гледа само едно: тие Македонците не ги знаат и не сакаат да ги знаат. За нив постојат само Срби и Бугари, Србија, Црна Гора и Бугарија, интересите на Србите и на Бугарите (Македонците пак се дел од словенско племе што не заслужува никакво внимание).

За Македонците одвај ли би било навредливо ако тврдењата на руските конзули би наишле на поддршка кај другите непристрасни набљудувачи на Балканскиот Полуостров; но, за жал, тие се согласни само со видувањата на српските конзули. Прочитајте го Берар (Берард, Ла Турљуие ет л’Хелленисме цонтемпораин, 3-мме едитион, Парис, 1897) и споредете ги кореспонденциите на г-дата Вожин и Амфитеатров, коишто просто го предаваат она што го чуле од руските конзули, и вие ќе видите колку е огромна разликата помеѓу видувањата на Французинот и на руските конзули. И така, ако Русите сакаат да знаат зошто Македонците непара ги сакаат Русите и се готови да ги признаат како виновници за сите свои несреќи, тогаш нека знаат дека вината за тоа не е Австро-Унгарија и не е црната неблагодарност на Бугарите, туку самата руска политика на Балканот.

Всушност, што бараат тука Бугарите од Кнежеството и зошто неблагодарност? За што можат Македонците да и благодарат на Русија? Зарем само затоа што таа воспитува дел од македонската младина за потоа да го направат невозможен нејзиниот опстанок во татковината? Русија ја ослободи Источна Бугарија; Русија ги покровителствуваше интересите на Србија, на Црна Гора и на Бугарија; Русија е покровителка на јужните Словени од австриско поробување; Русија е покровителка на православните итн. Но треба да се додаде дека односите на Русија со Турција се пријателски, а тоа не може да се каже за нејзините односи со Македонците. Секој ќе рече дека тоа е преувеличување и неразбирање на руската политика на Истокот. Јас ќе се согласам, но сепак ќе останам на тоа дека тие претставници што им се доверени интересите на Русија во Македонија неволно наведуваат на такви мисли.

Всушност, зар не е крајна непретпазливост и несмотреност терањето на руските конзули да ги затвораат очите пред се што противречи на нивните желби? Зар може да биде ненавредлив за Македонците одѕивот на рускиот конзул дека во Македонија нема самосвест, ами има само народ што ништо не е подобар од Албанците итн.?...

Пропагандата во Македонија - било религиозна или политичка - има и позитивно значење за Македонците: таа го зголемува бројот на писмените. Македонците, иако, според пишувањето на г. Амфитеатров, и одат во сребро и злато, сепак мораат да ја напуштаат својата земја и да одат на печалба во туѓи земји, од каде што се враќаат во татковината со нови сознанија; бројот на Македонците што имаат добиено средно и високо образование е релативно мошне голем. За да се уверите во тоа, ќе ви укажам на 60-те студенти исклучени од Софискиот универзитет за антируските демонстрации; во Петербург ги има од 12 до 15, а во цела Русија - околу 50 студенти. И, независно од сето тоа, руските конзули утврдуваат само дека во Македонија има народ што - не е ни едно ни друго, а може да стане и едно и друго. Можеби таквата вистина има големо значење од општословенска гледна точка, а ние се уште не сме дораснати за нејзиното разбирање...

Ни се чини дека Русите поправилно би постапиле ако погледнат на нас не како на глина, туку како на живи суштества, на Словени небаре помалку достојни за поддршка од другите. Русија ја спаси Србија од ропството под Турција, ја ослободи Бугарија, ја поддржуваше Црна Гора, Крит, а Македонија за неа како да не е словенска земја. Ние Македонците го сознаваме значењето на Русија за решавање на прашањето за нашата судбина; ние знаеме дека таа секогаш во својата источна политика се раководела од принципите на праведноста, но ни се чини дека има и друга праведност, освен онаа за којашто зборуваат Србите и Бугарите, а таа праведност бара не промена на господарот на Македонија од турски на српски или бугарски, ами давање на Македонија полна автономија. Русија ослободи и создаде неколку слободни држави на Балканскиот Полуостров, Русија може да го покровителствува и создавањето на новиот член на семејството на балканските држави, за кое Македонците ќе и бидат вечно благодарни.

Но, ако тоа не треба да го очекуваат, тогаш би можеле да очекуваат барем поправедна оценка од Русите за настаните во Македонија, на коешто Македонците имаат полно право. Со еден збор, ми се чини дека тажните демонстрации на Македонците го имаат тоа двојно значење што, прво, тие му покажаа на светот дека македонското дело нема ништо заедничко со бугарската Влада; второ, дека држењето на руските конзули во Македонија предизвикува недоверба кај Македонците кон руската политика.
 

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Прво коментирај 105 стр. и дали ќе се сложиш со мене дека таму објаснува зошто треба да се развива ноото течение национален сепаратизам (не само политички, како што правела тогаш револуционерната организација, види на темата за Ангел Динев)
Одговорот на 105та страна ќе го најдиш од 102ра страна. Изгледа си скокал страници..
Стварно, прочитај ја целата, знам дека ќе се разочараш ама пробај, иаку не го разбираш јазикот на кој е напишана книгата.

Иначе за "За Македонците Работи" до половината добро е опишана политичко-социјалната положба на балканските народи/држави ама читајте по ред не скокајте страници ;)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.266
Зошто ви е чудно што Мисирков “омекнал“ во својот Македонизам? Опстанокот (стомакот, но и семејството) не принудува честопати на отстапки од сопствените принципи... И Галилео Галилеј се откажал (барем на збор) од Хелиоцентричниот систем кога видел зорт, а и ред други... Па сите наши стари се презивале со српски или бугарски суфикс. Зошто барем некој од нив не се побунил против тоа и си го задржал македонското презиме?
Со ваквите дилеми само го омаловажувате придонесот на Мисирков, па испаѓа дека сиот негов придонес за Македонскиот народ паѓа во сенката на тоа дали се декларирал како Бугарин, Македонец, Србин, Русин, што нешто, на крај на краиштата и не е воопшто битно.
Ние славиме странци кои воопшто немаат ништо заедничко со Македонците, но придонесле за нас (Тито е еден од нив, по кого заслужено или не, сеуште воздивнуваат многумина), а Мисирков, кој е Македонец и направил за Македонскиот народ повеќе од сите нас - го омаловажуваме.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
На годишнината од раѓањето на Крсте Мисирков


Впечатлив е Мисирковиот став, што и од антрополошка гледна точка се опфаќа во филозофијата, кој гласи: „Првите гласови што ги имаме чуено се гласовите на нашите татковци и мајки... преку нив ја добиваме нашата духовна храна... Со народниот јазик ние ја освојуваме психологијата на нашите татковци и прадедовци и стануваме нивни духовни наследници“.

Според позитивистичкиот пристап, меѓутоа, карактеристичен за изминатиов период, се изоставува говорењето за духовноста на нашиот народ и на јазикот. Гледиштето на Крсте Мисирков дека националното осознавање, културната преродба и основите на литературниот јазик се засновани врз народниот дух, затоа се превидува. А духовноста на народот не само што била пресудна за кодификацијата на јазикот, таа постојано е од значење за неговиот современ развој. Истовремено сѐ уште постојат трите национални и религиозни пропаганди што Мисирков ги апострофира и што своите интереси ги спроведуваат со наметнување на туѓата култура и проблематизирање на нашата.

Во склопот на тоа, затоа за Крсте Мисирков односот кон нашиот јазик е еднакво важен како и односот кон нашата татковина. Тој ја изедначува културната борба за националнорелигиозните прашања со револуционерната борба за ослободување. Националното осамостојување всушност за него има смисла ако нашиот народ ги покаже квалитетите и различните особини во однос на другите народи. А за него тие се „карактерот, наравите, обичаите, животот, преданијата и народниот јазик и сѐ што е народно“. Јазикот, притоа, кој е духовното богатство и наследство, во гласовните знакови или зборови ги отпечатува сите народни мисли, чувства и желби со кои има живеено и живее еден народ и што се предаваат од поколение на поколение. Да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже од народниот дух.

Македонија затоа мора да се неутрализира во однос на Бугарија и на Србија и да се оддалечи еднакво од двете држави и да се обедини врз јазична основа. Во таа насока околу централното наречје треба да се групираат сите наши научни и литературни сили за да го исчистат и да го збогатат со сокровиштата од другите македонски наречја и да создадат убав литературен јазик. На него треба да се создаде една богата училишна, научна и убава литература за да може преку нив да се рашири низ цела Македонија во вид на литературен јазик што ќе ги измести од неа јазиците на пропагандите. Со истите принципи ќе се раководат и правописот и правецот на нашиот литературен јазик.

Ние постепено и први им се посветуваме на христијанството и на писмото, а другите Словени - по нас и набрзина. А сега, во времето кога сите православни Словени, постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние заостануваме поназад од сите... Затоа „сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби“.

Така, во историјата на културниот развиток на народите, во согласност со нејзиниот од, содејствува: или за чисто етимолошки или историски правопис, или за мешан - етимолошко-фонетски или историско-фонетски и најпосле за чисто фонетски правопис, и тие зависат од поголемата или помалата приврзаност кон старата или кон новата состојба на еден разговорен или литературен јазик.

Но бидејќи во историјата на културниот развиток на македонскиот народ има два периода меѓу коишто има еден трети, под турската власт, што е период на застој и непреодна стена меѓу нив, во новиот период на развитокот на националното самосознание преродбата на народниот дух настанува, навистина врз старата состојба, во него влегуваат и многу нови начела.

Кај Мисирков затоа оправдано е да се земе „1. прилепско-битолското наречје за литературен јазик, како еднакво далечно и од српскиот и од бугарскиот јазик и централно во Македонија, 2. фонетскиот правопис со употребените писмени знаци во оваа книга (За македонцките работи – н.з.) и со мали отстапки на етимологијата, и 3. речничкиот материјал да е збир од сите македонски наречја“.

Авторот е универзитетски професор

Автор: Јованка Кепеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111912928191&id=13&prilog=0&setIzdanie=22733
 
Член од
19 ноември 2012
Мислења
13
Поени од реакции
11
Крсте Мисирков сметал дека зачувувањето на Османлиската Империја било најдоброто решение за Македонците.

Каква улога имала црквата во неговиот проект? Може ли да сметаме дека авторот, можеби, се обидувал да ја претстави Османлиската Империја како алтернатива на националната држава?

Ставот на Крсте Мисирков за потребата да се изнајдат политички решенија за македонското прашање во рамките на Османлиската Империја (1903)


[...] Ако религијозните пропаганди се постарајат да побркаат на здружајнето на македонцката интелегенција и македонцкијо народ меѓу себе топрво нешчо, које ке се потребат, тоа јест, да се образуат во Македонија:

Едина, Соборна и Апостолска црква т.е. да се востаноит Охридцката Архиепископија, која шчо ке бидит „Архиепископија всеја Македонии“. Религијозните пропаганди можат да имаат нешчо против здружуајнето на македонцката интелигенција и народ само по нацијонални соображуајна. Ако јет така, то природно јет, оти, со барајнето црковна реформа т.е. Архијепископијата ке земит во свои раце сколијцката работа и ке се сообразуат во неа со народноста на својата паства: во грцкитеепархији и парохији че се учит во сколијата и ке се служит во црквата на грцки јазик; во влашките – на влашки; во словенцките – на македонски. Тогај сите нацијонални и религијозни пропаганди, који шчо цепија народот на разни групи, непријателцки една кон друга, ке се отстранат и ке настапит мир за народо, за македонија, за Турција и за Европа. [...]

Таков исход на кризава јет нешчо нај арно и за Турција. [...] А ако се признаит официално, оти во Македонија немат неколку словенцки народности ами имат само једна одделна, ни бугарцка, ни србцка, и ако се одделит Македонија во самостојна архиепископија, наједнаш Турција ке се ослободит од набркуајнето во македонцките работи од сите три соседни држаи. Нашите нацијонални интерси, диктуваат на македонцката интелегенција и на македонцкијо народ, да се поможит на Турција да излези од затруднителното положејне во које ја кладоа религијознине и нацијонални пропаганди во Македонија и држаите, заинтересуани за ниф.

Нам не ни требит присојединуејне до Бугарија, ни до Србија, ни до Грција. Целоста на Турција за нас јет поважна, одколку за Русија и Западна Европа. Турција јет страната, шчо се наоѓат во нај арно географично положејне. Турцкото подданство и сочинувајнето на целоста на Турција ни даат прао на Македонците да се ползуаме низ цела Турција со прао граѓанство. А тоа прао можит да ни даит голема материална полза. Ете зашчо македонцката интелегенција, ако изучит подробно својите интереси тоа на прво место требит да постаит и за себе и за својо народ: со сите своји морални сили да сочуат целоста на Турција.

Во замена на тоа, није ке имаме лице и прао да се надејаме од нашијо великодушен господар да добијеме полна автономија во црковното и сколијското дело и полна равноправност пред законо и во местната самоупраа во Македонија. [...] Таква мирна програма на Македонците ке стретит подржка и одобрејне у великите сили, заинтересуани со сочувајнето на целоста на Турцко.

Одбрани, стр. 551-552.

Крсте Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски, бил член на група македонски студенти кои дејствувале во Санкт Петербург во првите две децении од XX век. Неговата книга За македонските работи, објавена во 1903 во Софија, е широко призната како камен-темелник на развојот на македонскиот национален идентитет меѓу голем број од жителите на регионот.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Што пишувале Македонците за Мисирков уште пред да му ја виделе книгата

„Македонија“ - ноември 1903 г.





 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Кој пишувал?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Позната работа е дека користите потатарени индивидуи кои ги персонифицирате со Македонци, кои не само што не говореле во името на сите, туку станува збор само за еден човек ама тоа не го спречи Каснизлажи да употреби множина „Македонците“ види што напишале, демек вашево пропагандно срање треба некаков бугарфлај ефект да има.

Затоа, убаво си прашав, кој напишал?

- Потатарко
 

Kajgana Shop

На врв Bottom