- Член од
- 18 август 2008
- Мислења
- 680
- Поени од реакции
- 33
Многу од нас,веќе се запознале или ќе се запознаат со она што Македонскиот великан го изнесува на видело уште 1925г. Многу од нас ќе бараат повеќе време за да ги прекројат пријателските и непријателските врски. Многу од нас го отфрлаат или го занемаруваат овој великан,што е во секој случај најнеправедно нешто што на Македонец може да му се случи.
Еве нешто повеќе :
Самоопределувањето на Македонците Мојата статија „Македонски национализам" објавена во в. „Мир," од 12 ов. м. му го предизви-кала гневот на в. „Свободна реч", којашто ме на-рече „еден човек што уште не си ја знае народнос-та", со „простачки умувања", кој „може да пишува нелепости, дури нискости" и е „познат по тоа што некогаш бил во услуга на српската пропаганда" поддржувајќи ја „теоријата на белградскиот професор Цвииќ" за постоењето одделна македонска народност. Пишаното од „Свободна реч" за мене предизвика голема огорченост против мене од страна на жителите на градот во којшто живеам и дури се најдоа луге кои, без да му мислат многу, тврдеа дека тие знаеле оти јас, како студент, сум ги посетувал собранијата и на бугарските и на српските студенти и затоа сум бидувал најсрамно избркуван од собранијата на првите.
Слични глупости и клевети, какви што се напишаа во „Свободна реч" и се растураа во Карлово, човек можеше да очекува, но тие малку ме возне-мируваат, зашто се очевидни за секого што ја има прочитано мојата статија во „Мир" и којшто го познава моето минато. А такви ќе се најдат не мал-ку во Бугарија. Исто така и за Србите е очеввден клеветничкиот карактер на сето она што се пишува и се зборува на моја адреса во врскасо моето становиште по македонското прашање.
Јас многу добро знаев дека ќе бидам нападнат за мојот „Македонски национализам", дека тој на никаков начнн нема да биде отпечатен во в. „Илинден" и дури не бев уверен дека ќе го отпечати и в. „Мир". При сето тоа ја напишав статијата и ја испратив во Редакцијата на „Мир". И на другиот ден по нејзиното напечатување „Свободна реч" направи од мене човек што уште не си ја знае народноста.
За жал, „Свободна реч" не можеше да ме одучи од моите „простачки умувања". Јас пак наоѓам дека Македонија денеска е распокината, дека Грците успеаја да и ги земат најдобрите делови, да го испадат оттаму македонското население и да го заменат со азијатски дошлаци што денеска се трупаат покрај српската и бугарската граница, како што едно време византиските императори покрај бугарската граница образувале воени населби од азијатски колонисти — Ерменци и павлиќани. Наоѓам исто така дека ако Србите и Бугарите не се помират и ако Македонците не бидат впрегнати во доброволна соработка со Бугарите и со Србите за запирањето на грчкиот бран што бавно, но сигурно се движи од југ на север, ние сите: и Србите и Бугарите и Македонците ќе потонеме во несловенското море што од сите страни не опкружува. Мислам дека само во слогата, во соработката помеѓу Србите, Македонците и Бугарите е спасот на сите нас. Србите и Бугарите спореа, печалеа Граците и Романците, ја загубија Македонија, Тракија и Добруџа.
Најважниот услов за соработката помеѓу Србите, Бугарите и Македонците е, меѓутоа, полната слобода во самоопределувањето на Македонците. И ете за последново прашање јас го истакнав принципот на македонскиот патриотизам и национализам, како наполно неутрален и задоволувачки и за Србите и за Бугарите и за Македонците; засега можеби поправилно би било да се рече дека еднакво не ги задоволува ни Србите, ии Бугарите ниту пак Македонците.
Бидејќи од српско-бугарската несогласност стра-даме стред се ние, Македонците, наш долг е да го бараме средството и патот за помируањето. Тоа не тера „да не си ја знаеме" до денеска народноста и да им кажеме и на Србите и на Бугарите: заборавете ја својата великосрпска и великобугарска идеја, откажете се да ни го натрапувате вашиот национализам и патриотизам, во основата на кој лежи претпочитувањето на вашите интереси пред нашите. Дајте ни да си имаме свои разбирања за нашите односи спрема вас и спрема вашиот спор за нас и за нашата татковина, како и за средствата со кои ќе се дојде до општо јужнословенско добрување. Дајте ни да си имаме свои, македонски национални чувства и да создаваме македонска култура, како што сме го правеле тоа со векови и кога нашата татковина не влегувала во една држава со вашата.
Како Македонци, ние ќе бидиме пополезни и на Македонија, и на Бугарија и на Србија, воопшто на целото јужно словенство, отколку како Бугари или Срби.
Како Бугарин јас одамна би рекол: Каква ти Македонија! И тука ми е добро, нема зошто да мислам за она што е веќе загубено. Но како Македонец, јас во Бугарија се чувствувам како на туѓина, каде што навистина се наоѓам меѓу родни браќа, но не сум си дома, во својата татковина. Таа е таму, каде што сум се родил и каде што јас треба да си ги оставам коските, каде што треба да отиде мојот син, ако не ми биде судено да отидам јас лично.
Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од се друго на светов. Македо-нецот не треба да се слева и да се обезличува жи-веејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја кон-статираме близоста на српските, бугарските и македонските интереси, но се треба да биде оценувано од македонско гледиште.
Беззаветната и безгранична љубов кон Македо-нија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзерватизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите — ете ги главните црти на македонскиот национализам, изјаснет преку „простачките умувања на еден човек што уште не си ја знае народноста".
Но ние не сме егоисти. Ние не мислиме само за себеси. Ние сме готови да им услужиме и на Ср-бите и на Бугарите, под услов услугата да ни биде доброволна, а не изнудена.
Знаат ли Србите со што ќе им услужиме: ние сите ќе изумреме, но нема да дозволиме грчка нога да ги пречекори денешните граници на српска и бугарска Македонија. Но тоа ќе го направиме ние како Македонци, но не и како Срби. Со Грците ние ќе се бориме, зашто се единствените наши векoвни историски непријатели. Целата наша македонска национална историја е полна со борби против Грците. Борба со Бугари и со Срби не познава македонската историја: Бугарите и Србите ги почитуваа националиите права на Македонците во средните векови и само Грците ни го убиваа националниоот дух и не денационализираа. Тие и денеска не гонат од родните пепелншта и следствено не потсетуваат за нашиот стар историски долг да ги изгониме неканетите гости од нашите дедовски, предедовоки земји.
Тоа е македонското национално чувство, тоа е историскиот позив на Македонецот што може да го исполни само како слободен и рамноправен граѓанин на Југославија, на когошто му е дозволено да мисли, да чувствува, да зборува и да дејствува како Македонец.