Крит

Член од
22 јуни 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
Крит е петтиот најголем остров во Средоземното Море и убедливо најголемиот во Грција.

Уникатната положба, на природната граница помеѓу Егејското и Средоземното Море, ја прави климата на овој остров навистина неодолива.

Плажите на долгнавестиот остров не се споредуваат со ниту едно друго место на светот. Внатрешноста на копното пак е приказна сама за себе. Најголемиот дел од Крит е со надморска височина од 300 метри, но постојат два планински венци со врвови од преку 2.000 метри, коишто создаваат прекрасни пејзажи со раскошните долини, кањони и карпести предели и се вистинско задоволство за очите и душата. Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Препознатлив е по критското вино и музика.
Ако имате можност да го посетите островот, уживајте барем на дел од овие 20 прекрасни плажи:

1. Frangokastelo

Голема песочна плажа идеална за деца и повозрасни. Уживајте во погледот од стариот замок.

2. Glyka Nera (Слатки води)

Кристална вода во близина на Сфакиа. Пристапот е пешки или со брод.

3. Domata

Настаната од конгломератски формации со делување на солта и воздухот. Пристапот е возможен само со приватен брод.

4. Kedrodasos

Магично место со бел песок и тропска вода.

5. Elafonisi

Најпопуларната плажа на островот, па дури и во Грција. Привлекува илјадници туристи. Кристална тиркизна вода, островче среде морето...

6. Falassarna

Огромна бела плажа со ситен песок и парчиња карпи на места. Позната по најголемите журки на островот.

7. Balos lagoon

Најфотографираната плажа на Крит. Достапа со 4x4 автомобил или со ферибот од Кисамос.

8. Sarakiniko (на островчето Gavdos, јужно од Крит)

Ако сте сместени во југоисточниот дел на Крит, задолжително отпатувајте до малото островче Гавдос. Африкански пејзажи и кристална вода која вреди да се доживее.

9. Agios Pavlos

Веројатно плажата која има најпријатна атмосфера на Крит. Огромни песочни дини и едно од најубавите зајдисонца во Грција.

10. Souda

Порано била место каде се собираат хипиците и нудистите. Денес е одлично организирана и важи за една од најубавите плажи во областа Plakias.

11. Trypiti

Долга плажа со ситни камчиња и мирна вода. Магично искуство комбинирано со возењето низ кањонот на Трипити.

12. Agiofarago

Уникатна плажа до која може да стигнете само пешки, половина час одење од најблискиот паркинг. Но, навистина вреди!

13. Kommos

Нудистичка плажа со темен песок и мирно море.

14. Chrissi island

Бисерот на Ierapetra, едно од најубавите чуда во Грција. Тропска клима, тиркизно море и бои кои се прелеваат во најубави нијанси.

15. Agia Fotia

Космополитско место за дружење на младите во Ierapetra.

16. Alona

Сместена во едно од најизолираните местенца на Крит, Xerokambos. Овде времето стои, но може да уживате во мирот и тишината.

17. Vai

Најпопуларната плажа во Источен Крит оградена со уникатни прекрасни палми.

18. Erimoupolis

Тиркизна вода и трагите од предците. Плажата во близина на стариот Itanos ќе ве воодушеви.

19. Voulisma

Егзотичен рај во близина на гратчето Agios Nikolaos. Кога нема бранови, вреди да се ужива токму овде!

20. Kolokytha

Плажата која е навистина прекрасна, има неверојатна природа, но за жал локалните бродосопственици постојано истоваруваат илјадници туристи во текот на денот.

Сите Ваши искуства, предлози, мислења во врска со островот, аранжмани и понуди од агенции, прашања и одговори постирајте ги во темава. Тие што веќе биле нека го споделат искуството и совети за најубавите места и плажи. Повелете
 
M

macgowan

Гостин
На Крит бев во лето 2010. Конкретно, сместен бев во Агиос Николаос, источен Крит. Бевме во сопствен аранжман, со сопствено возило, поминавме повеќе од 1500км низ островот и пак малку ни беше, голем е островот. Тоа ќе остане едно од најубавите патувања/летувања кои сум ги направил и радо ќе се вратам некој ден да го посетам тоа што не постигнав/не можев физички тогаш.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.939
Колку чини 7-8 дневна уживанција на островов?
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.058
Крит е местото каде што сум роден :)
Не дека имам живеено таму, но бев последно во 2006-таи стварно ми се допадна како место. Би се вратил пак кога би можел.
 
M

macgowan

Гостин
Колку чини 7-8 дневна уживанција на островов?
Цените на Крит се како секаде низ Грција, од сместување, маркети па до таверните и баровите.
Другаа работа е превозот. Ryanair лета од Солун до Хања и минатата година мои блиски беа на тој начин со тоа што рентаа кола таму. Возило мора да имаш таму за да се доживее на вистински начин островот. Има градски превоз во градовите и меѓу нив но не сум меродавен да го коментирам, можам да спомнам дека колку што заприметив превозот функционира ок. Јас бев со колата од Пиреа со ANEK кој тргаше во 21.00 а стигнува во 6 сабајле во Ираклио, главниот град. Само да споменам дека бродскиот превоз до Крит е нешто поефтинет ова лето, баш гледав пред некој ден, така да е супер варијанта да одиш до Атина/Пиреа и од таму со фери до островот.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.484
Поени од реакции
1.898
А Зониана зошто ја нема???
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.143
Поени од реакции
8.533
Јас не сум бил никогаш на Крит, но еве уште некој фотографии кои ни оставија впечаток

А тие кои биле, ако ги препознаваат локациите наке опишат
 
Член од
22 јуни 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
Дали некој знае колку отприлика би се патувало со автобус и брод?
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
891
Дали некој знае колку отприлика би се патувало со автобус и брод?
Мораш и со двете. :)
Скопје - Солун (3-4 часа)
Солун - Атина (6 часа)
Атина - Ираклион, главниот град на Крит (фериброд 12 часа)

Најдобра опција е да заминеш со авион, односно од Скопје до Солун со автобус или кола, а од Солун до Ираклион со авион. Картата чини околу 9000 денари и можеш да ја резервираш и во наши агенции.

Крит е остров што мора да се доживее. Има понуди за секаков тип на луѓе, меѓутоа е скап за наш стандард. Јас престојував и го разгледав источниот дел на Крит. Било каде да одлучите да одите од местава нема да зажалите има што да се види.
 
Поздрав, Калиста!

Кога јас одев ANEK возеше за 9 сати a MINOAN за 7, тргнуваа во 9 односно 10 навечер а стигнуваат во 6 односно 5 сабајле...Миноан беше доста поскап и според мене нема логика да се даваат екстра евра за истото `дереџе`!

Без љутиш please;) но мислам дека цените на Крит беа исти дури и подолу од нашето најблиско Грчко `поморје`, зборувам за свети халкидики и подолимпието каде ни е најблиску и најмногу од народов наш ги остава тешко заработените евра. Конкретно, кога се враќав од Атина застанав во Неи Пори да се искапиме и освежиме и платив поскап ручек него во центарот на Аг.Николаос или Ретимно за истото `зајре`... Единствено што е проблем е далечината, бензинот и траектот или авионскиот превоз. Мада ако споредиш цените на траектите од Пиреа до малку подалечните Киклади или па од Волос до Спорадите(каде ќе одам за некоја недела) и ANEKовата цена до Ираклио излегува каде каде поефтино(зборувам за вклучена кабина со сопствен туш/wc).
 
Супер е све тоа и се слагам меѓутоа два коктели беа 10 евра во Малиа. Е сега ако сакаш местото да го запознаеш вистински ти треба повеќе од 10 дена да поминеш на тоа место и да ги откриеш финтите. Јас работев и воедно живеев таму. Знаев да пијам коктели и за 1 евро, а тоа е така затоа што ги запознав луѓето кои живеат таму и работат.

Крит е скап, без 500 евра од човек за 10 дена минимум нема одење. Како прво е далеку, а второ во сезона секој гледа да ти ги земе парите зашто тоа е село и живеат од тие пари преку целата година. Малиа беше место само за журка, едно од „најозогласените“. Се работеше строго со англичани а нивниот менталитет се знае прилично убаво.
Доколку некој се реши да оди, препорачувам авион, јбг. :cool:

Btw гледам дека си бил 2010. Јас бев 2012, кога ја изготвувавме понудата за храна и пијалоци, таа беше поскапа за евро до 2. Затоа и кажувам дека изминативе години сите констатираа дека цените се многу поскапени за разлика од порано. Затоа и беше тешко да се најде работа, за разлика од порано кога на садомијач дневницата изненсуваше 30 евра.

Нема лутиш! :)
 
Последно уредено:

Нема таман работа! :cool:
Малиа/Маља ја видов повеќе пати на врвење, пошто од Аг Ник ни беше ептен на патот према Ираклио и останатите места на северозападот и јасно ми е се...јас би го нарекол едно од местата за избегнување на Крит(освен ако не си 18-25 годиште со здрава стомачна флора и уреден крвен притисок хехе....) Тоа е место од рангот на Фалираки, Кавос или Лаганас. Во Аг Николаос беше се поскапо него во Херсонисос, Маља, Сиси итд...

Крит е фантастичен!
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.014
Јас не сум бил никогаш на Крит, но еве уште некој фотографии кои ни оставија впечаток

А тие кои биле, ако ги препознаваат локациите наке опишат
Последново е Ханија старото пристаниште , ова со куполата мислам дека била бања , сега целиот тој дел е со таверни и кафулиња . Лево на сликата треба да е старото утврдување за заштита на пристаништето а помеѓу се старите магацини каде се складирала робата , на 150 метри централно е пазарот инаку Ханија има јак венецијански шмек ( па и од нив е основана). Кого го носи пат треба да одвои еден ден за неа . Има се , редовна линија со Пиреа авионска со Солун и Атина а околината е мерак , само Лефка ори и Сфакиа вредат за сите пари да не збориме за Елафониси и.......
 
Член од
22 јуни 2014
Мислења
6
Поени од реакции
12
Дали освен за балос и елафпниси има и други тури кон др плажи и ако има опишете ги
 
На врв Bottom