Крит е петтиот најголем остров во Средоземното Море и убедливо најголемиот во Грција.
Уникатната положба, на природната граница помеѓу Егејското и Средоземното Море, ја прави климата на овој остров навистина неодолива.
Плажите на долгнавестиот остров не се споредуваат со ниту едно друго место на светот. Внатрешноста на копното пак е приказна сама за себе. Најголемиот дел од Крит е со надморска височина од 300 метри, но постојат два планински венци со врвови од преку 2.000 метри, коишто создаваат прекрасни пејзажи со раскошните долини, кањони и карпести предели и се вистинско задоволство за очите и душата. Со векови Крит има недопрена култура, своја, богата, горда и различна. Препознатлив е по критското вино и музика.
Ако имате можност да го посетите островот, уживајте барем на дел од овие 20 прекрасни плажи:
1. Frangokastelo
Голема песочна плажа идеална за деца и повозрасни. Уживајте во погледот од стариот замок.
2. Glyka Nera (Слатки води)
Кристална вода во близина на Сфакиа. Пристапот е пешки или со брод.
3. Domata
Настаната од конгломератски формации со делување на солта и воздухот. Пристапот е возможен само со приватен брод.
4. Kedrodasos
Магично место со бел песок и тропска вода.
5. Elafonisi
Најпопуларната плажа на островот, па дури и во Грција. Привлекува илјадници туристи. Кристална тиркизна вода, островче среде морето...
6. Falassarna
Огромна бела плажа со ситен песок и парчиња карпи на места. Позната по најголемите журки на островот.
7. Balos lagoon
Најфотографираната плажа на Крит. Достапа со 4x4 автомобил или со ферибот од Кисамос.
8. Sarakiniko (на островчето Gavdos, јужно од Крит)
Ако сте сместени во југоисточниот дел на Крит, задолжително отпатувајте до малото островче Гавдос. Африкански пејзажи и кристална вода која вреди да се доживее.
9. Agios Pavlos
Веројатно плажата која има најпријатна атмосфера на Крит. Огромни песочни дини и едно од најубавите зајдисонца во Грција.
10. Souda
Порано била место каде се собираат хипиците и нудистите. Денес е одлично организирана и важи за една од најубавите плажи во областа Plakias.
11. Trypiti
Долга плажа со ситни камчиња и мирна вода. Магично искуство комбинирано со возењето низ кањонот на Трипити.
12. Agiofarago
Уникатна плажа до која може да стигнете само пешки, половина час одење од најблискиот паркинг. Но, навистина вреди!
13. Kommos
Нудистичка плажа со темен песок и мирно море.
14. Chrissi island
Бисерот на Ierapetra, едно од најубавите чуда во Грција. Тропска клима, тиркизно море и бои кои се прелеваат во најубави нијанси.
15. Agia Fotia
Космополитско место за дружење на младите во Ierapetra.
16. Alona
Сместена во едно од најизолираните местенца на Крит, Xerokambos. Овде времето стои, но може да уживате во мирот и тишината.
17. Vai
Најпопуларната плажа во Источен Крит оградена со уникатни прекрасни палми.
18. Erimoupolis
Тиркизна вода и трагите од предците. Плажата во близина на стариот Itanos ќе ве воодушеви.
19. Voulisma
Егзотичен рај во близина на гратчето Agios Nikolaos. Кога нема бранови, вреди да се ужива токму овде!
20. Kolokytha
Плажата која е навистина прекрасна, има неверојатна природа, но за жал локалните бродосопственици постојано истоваруваат илјадници туристи во текот на денот.
Сите Ваши искуства, предлози, мислења во врска со островот, аранжмани и понуди од агенции, прашања и одговори постирајте ги во темава. Тие што веќе биле нека го споделат искуството и совети за најубавите места и плажи. Повелете