Наумовски: Негирањето на македонска нација и јазик не е за 21-от век
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, коментирајќи ја Резолуција за Македонија на Европскиот парламент изјави дека и грчките и бугарските европратеници треба да знаат дека поминаа времињата кога некој друг одлучувал за тоа дали постои македонска нација или македонски јазик.
Според него тие обиди се каркатеристични за 18, а не за 21 век.
- Мислам дека беше презмбиционо да се очекува еден европратеник од држава која има проблеми со постоењето на нашиот јазик, да го брани постоењето на нашиот јазик. Верувам дека наредниот известувач одговорен за Република Македонија, нема да доаѓа од некоја држава сосед или што има проблеми со името на нашата нација и нашиот јазик. Верувам дека наредниот известител на Република Македонија ќе може да ја прифати реалноста на постоењето на македонскиот јазик - посочи вицепремиерот Наумовски.
Тој порача дека потребна е европеизација на Балканот, а не балканизација на Европа.
-
Државите од Балканот кога ќе станат членки на ЕУ, би требало да ги европеизираат своите општества, но за жал наместо да видиме европеизација на Балканот, гледаме обиди за балканизација на Европа. Мислам дека за ова треба самата ЕУ да посвети посебно внимание. Сепак и по оваа Резолуција, повеќе од два милиони Македонци ќе го зборуваат македонскиот јазик насекаде низ светот - истакна Наумовски.