Криминалци и криминални групи во МК

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903
Значи целта на темава е коментирање, општа дискусија и објавување информации за криминалци, криминални групи, случки и инциденти со познати криминалци (да не пишувам мафијаши...) тепачки и пресметки помеѓу криминалци во Македонија. Значи се што спаѓа под организиран криминал и чаршиски муабети за опаки момци и случки со нив. Апсолутно немојте да пишувате за политички криминали тоа против целта на темата. Не ме интересира воопшто што ке си помислите за целта на отворање на темава пошто јасно е објавено погоре.
Ке објавам за почеток за да се развие дискусија неколку поголеми, по познати криминалци и случки.

Најпознати криминалци (мафијаши, жестоки момци) во Македонија вака за старт се:

Ацо Боцевски Циганот

Ацо Циганот добро познат криминалец и своевремено тепач на постарите генерации човек со многу дела и конфликти познат по упади во дискотеки, но и близок човек на тогашната власт. Во 1997 Ацо го застрелал Сеад Ибраими убивајки го на лице место зошто предходно добил ќотек од него. За ова дело Ацо добива 15 години затвор, но при пуштање во домашен притвор успева да "побегне" од државава и не е пронајден до ден денес. Меѓу скопјани има доста шпекулации дека Ацо се крие во Солун подоцна и во Аргентина дури и дека доста пати по бегството повторно е виден во Скопје но ништо официјално.

Марјан Тушевски

Еден од најголемите рекетари што го памети Скопје човек што го рекетирал целиот ГТЦ, многу фирми и повекето големи газди. Марјан Тушевски и неговиот личен возач (потрчко) Киро Јанев (Бамбус) се убиени на 07.12.2001 година во скопската населба Тафталиџе. Убиени се кога испаѓале од кафеаната Витраж и се упатувале кон нивната кола се смета дека е пукано од високо и најпрофесионално со неколку испукани куршуми од пиштол двајцата изрешетани починуваат на лице место. Се смета дека убиството е нарачано и добро платено од тогашен голем политички службеник.

Џељај Ајети (Џељо)

Џељај, неговите браќа и други другарчиња од нивното родно Арачиново наречени (Беланоча) по доселувањето во Скопје во периодот на осамосталувањето на Македонија каде и се оформуваат првите официјални големи криминалци и криминални групи почнува со изнуди и рекет, лихварење а подоцна и со трговија со дрога (бело). Џељо е најистакнат член на криминалната фамилија тој е иницијатор на целиот криминал и заработување нечисти милиони. Познат е он и неговите потрчковци и браќа по доста сериозни конфликти и престрелки еве неколку... Во 1996 Џељо ги одлежува неговите единствени 6 месеци затвор поради соучество во убиство на полициски инспектор пред трговскиот центар Беверли Хилс. Во 2006 убиен е Миле Петковски Брус од страна на Џељо и неговата екипа поради што наводно зет на Брус го убил братот на Џељо Ајети. Џељо е убиен во својата чајџилница Ролекс во декември 2013.

Горан Ѓоргиевски Мујо (Командант)

Иако покрај многуте шпекулации дека Мујо не бил криминалец, рекетар и се др. Кумановци добро знаат кој е и што е Горан Мујо од Куманово. Жесток дечко на асфалтот пријател на многу познати јавни личности, голем рекетар познат по многу упади во многу локали во Куманово и пошироко, своевремено има избегано на доста години во Јужна Африка веројатно поради нерасчистени сметки во Македонија. Според Кумановци дечко каков што не се раќа веке. Храбар момак што тепал и повеке души одеднаш физички поголеми од него, но и човек што знаел да брани и да помогне наводно. Неговиот врв на славата се случи после војната во 2001 каде тој беше командант на паравоената формација Лавови која учествуваше во конфликтите. Горан Мујо е убиен заедно со својот пријател Ненад Чавка во дискотеката Линка од страна на сопственикот Горан Линка во април 2005 година. На погребот учествувале илјадници негови пријатели од целиот балкан.

Ромео Живиќ

Исто така голем играч во кумановското подземје близок пријател на Мујо иако доста постар од него. Еден од првите ако не и прв човек во Македонија што си дозволил Ферари уште во раните девеесети, познат по неговите врски со манекенки, човек кој е наречен крал на подземјето и исто така познат по неговиот луксузен живот и чаламење. Ромео Живиќ добил име и место во круговите на подземјето кога во Куманово со убиството на албанецот Нечко локален насилник со кого дошол во конфликт. Убиството се случило среде град пред кафеаната Еснаф така што Ромео го избодел Нечко со 36 убоди од нож за ова Ромео никогаш не одговарал пред законот. Ромео прегазил и човек со својот автомобил исто така не одговарал никогаш. Познат беше по тоа што во војната 2001 бил еден од заложниците во Липково цели 4-ри месеци. Во август 2002 Ромео учествувал во голема тепачка и престрелка во хотел Континентал во Скопје. Ромео Живиќ е убиен во Март 2004 година од страна на голем криминалец Јане Павловски Тица наводно поради лихварски долг.

Франкфурт Мафија

Една од најголемите и најсериозните криминални групи во Македонија досега официјализирана и испопуларизирана со акцијата Диригент. Акцијата Диригент се одвиваше во повеке наврати каде беа апсени по десетици поголеми и лидери на организираната група. Попатно покрај акцијата имаше и многу други апсења на дилери и организатори (Босови) кои беа дел од криминалната мрежа за продавање во главно Хероин во Австрија и Германија. Инаку т.н. Франкфурт Мафија потекнува од Велес и главните корења, членови и организатори и се од Велес. Имено меѓу велешани се зборува дека целата работа почнува некаде касните осумдесети и раните девеесети од минатиот век каде официјално се започнало од еден велешанец тогаш во лудите години кој прв го пробил патот за трговија со дрога од Велес кон Франкфурт инаку велешанецот основачот на Франкфурт Мафија бил добро школуван џебџија и провалник уште како малолетник, но многу интелигентен. Набрзо се збогатил многу и станал (Бос) на тогашните членови (кандидати) за трговија со дрога... Преку нив основачот направил стотици илјади евра а познато е и дека бил непресметлив при конфликти и многуте тепачки низ Велес во тој период. Подоцна основачов паѓа од тронот и со тоа му паѓа и моќта односно прележува многу години затвор губи доста пари и веке не е тоа што бил. Официјални големи (Босови) некаде од почетокот на новиов век се Зоран Манасков (Скршениот) и Јордан Јорданов (Ркулот) инаку ркулот ученик во трговијата на основачов. Скршениот и Ркулот иако своевремено партенри во периодот некаде 2006, 2007 подоцна допираат до степен да бидат лути ривали поради бизнисот. Иако Ркулот доста помлад бил и доста поуспешен од Скршениот успеал да регрутира најмалку 500 млади велешани во Франкфурт и Виена. За разлика од ркулот кој живеел раскошно и возел скапи Мерцедеси Скршениот исто така живеел доста материјално квалитетно, но бил и многу по проблематичен, Ркулот немал закачки и тепачки, додека Скршениот имал доста тепачки дури и вооружани конфликти како во Велес така и низ Европа. Зоран Манасков Скршениот е уапсен во акцијата Диригент и осуден на отприлика десетина години затвор со неговите главни соработници. А Јордан Јорданов Ркулот е убиен во Септември 2010 во рибниот ресторан Биг Фиш со неговите соработници од страна на Тони Денковски (Тони Бели) исто така голем мафијаш од скопското подземје. Причината е наводно долг, но сите докази се повеке од сумнителни. Интересен факт за Франкфурт мафијата е што нејзините членови држеле 19 од 24 општини во Виена.
Пошто ставив слики од Ромео, Мујо и Франкфурт Мафијата од почетниот текст ред е да ставам и од другите спомнати криминалци во првиот текст слики иначе едни од најголемите криминалци.

Марјан Тушевски
Како за потсеќање еден од најголемите ликови на скопското подземје досега воглавно рекетар.
marjan-tusevski-sin.jpg

Џелал Ајети
Лихвар, Рекетар, Насилник, УЧК Терорист, Убиец и еден од ретките што преживеја толку многу атентати пред да го убијат конечно.
10153929_642979282417837_1149999630545451009_n.jpg [DOUBLEPOST=1435015214][/DOUBLEPOST]Дали некој знае и ке биде храбар да пише кој е човеков најлево ? Иначе останатие од сликата ги знаете веке спомнати многу пати во темава Борис Фантом па Џељо.
861096_10201133982966962_2008448125_o.jpg [DOUBLEPOST=1435015338][/DOUBLEPOST]Извештај од Канал 5 и Сител за убиството на Џељо односно минимализирано објаснение кој е Џељо... Притоа и оскудна изјава на Иво Котевски. https://www.youtube.com/watch?v=QbKpJXyzMwg
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Нема УЈП да ти бара доказ за потекло на парите? Не верувам дека е толку едноставно.
За кое УЈП збориш?

За ова на Миле?

Нападната вработена во УЈП: Дали ја терале да сокрие милионски данок?!
прочитано 7,140 пати
22-06-2015 12:37:41

Вработена во Управата за јавни приходи (УЈП) лично се уверила дека моќта и парите се над законите и прописите. Не само што била соочена со притисок да прекрши закон за некој друг да се стекне со имотна корист, туку и физички настрадала откако се спротивставила и откако мислела дека сепак законот е еднаков за сите. Во обид да биде законита и да не ја оштети државата архиварката во подрачната скопска единица на УЈП одбила да фалсификува документи со кои би се сокрил данок на извесен моќен бизнисмен. Во целата операција биле вклучени и вработени во УЈП на високи позиции преку кои се одвивале заканите кон вработената и настојувањата да се смени документацијата. Целата приказна околу обидот да се затаи данок, а некој да ќари висока сума пари започнува со анонимна пријава на еден вработен во УЈП кој во известувањето до Транспаренси Интернешнл-Македонија навел дека неговите надредени во управата ја искористиле позицијата, но и партиското влијание за да издејствуваат архиварката да им заврши некаква незаконска работа. Кој сакал преку неа да заработи? Кого штителе посочените во пријавата? Дали навистина се преземени мерки против силните играчи?

ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ СЕ ШТИТАТ ВО ИНТЕРЕС НА КОАЛИЦИЈАТА

Во потрага по одговори успеавме да стигнеме до некои информации и податоци кои некако го склопуваат мозаикот околу фамозниот документ кој требало да заштити приватен бизнисмен, односно да му се овозможи да не го плати вистинскиот износ на данок на имот, односно да му се порамни на нула. Во пријавата анонимниот граѓанин, но според податоците и сознанијата кои ги има е сигурно вработен во УЈП, изнесува и некои имиња, но и пренесува како се случил инцидентот со архиварката.

„Ви пишувам како граѓанин и сакам да ве известам дека пред извесно време во просториите на УЈП, заменик директорот на регионалната дирекција Исмет Гури на насилен начин нападна жена, вработена како архиварка. Од удирањето и влечењето на жената и беа нанесени видни повреди. Здравствените служби констатираа модринки, а за случајот беше известена и полицијата и дисциплинските служби. Но целиот настан беше прикриен од директорот на регоналната дирекција Петар Есмеров кој со закани и уцени кон вработената и посочи дека доколку таа продолжи да се жали и да пријавува ќе остане без работното место затоа што тој ќе ја искористел моќта што му ја дава партијата на власт. Зошто Есмеров штити и прикрива дело на неговиот заменик кој пак од други служби беше суспендиран? Кој му ја дава моќта да суди и да дели правда? Дали доколку јас не ве известев оваа приказна ќе завршеше? Кој на ваквите луѓе им ја дава моќта да играат со судбините на обичните луѓе?

Со овие неколку прашања пријавувачот го завршува своето писмо. Очигледно е дека непостоењето соодветна законска заштита за пријавувачите на кривични дела, но и стравот што го сее власта во справувањето со сите кои ќе и се спротивстават, особено поединци на клучни позиции, анонимниот немал храброст да ги извести надлежните органи да преземат мерки, па сметал дека Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе му излез во пресрет и ќе го обелодени случајот, но и ќе има казни за инволвираните.

Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер до УЈП испративме неколку прашања поврзани со настанот и со инволвираните, пред се дали постои механизам за пријавување на вакви инциденти? Дали и против кого се преземени мерки? Дали УЈП го пријавила случајот кај надлежните истражни органи? Дали постои механизам за заштита на ваквите пријавувачи?

Од одговорите на УЈП очигледно е дека се повикуваат на процедурата. Целата работа за случајот очекувано ја пренсуваат на Единицата за професионални стандарди која е надлежна при вакви случаи. Таму секој може да пријави, а таа ќе одлучи кој и за што е виновен. Но она што е најважно во одговорот, а со тоа се потврдува и инцидентот, односно верзијата на анонимниот пријавувач, е дека Исмет Гури е суспендиран и дека против него е покрената постапка пред дициплинската комисија. Што се однесува до истражните органи УЈП известува дека вработената самата пријавила во полиција веднаш по насилството во нејзината канцеларија.

Затоа следен логичен чекор беше да прашаме во МВР. Испративме и таму неколку прашања пред се дали случајот е пријавен и дали и како постапила полицијата? Интересно е што полицијата го има регистрирано насилството како нарушување на јавниот ред и мир, но најавува дека во тек е покренување прекршочна постапка против Гури. Но, времето ќе покаже дали и како ќе биде санкциониран кадарот на владејачката ДУИ?

Периодот додека истражувавме за каков документ се работи и зошто Гури се довел во ситуација да ја нападне архиварката испративме нови прашања до УЈП за да провериме што одлучила дисциплинската комисија која отворила предмет за физичкиот напад врз вработената. Нејасно зошто, но УЈП одби да ја презентира одлуката за суспензија на Гури, а не ја откри ниту одлуката на дисциплинската комисија, односно одговори дека случајот е разгледан и дека ќе следува одлука.

И во овој случај, како и во многу слични кога станува збор за владини функционери очигледно е дека меѓусебната заштита е доминантна. Обично, со оглед дека не постојат заштитини механизами за пријавувачите на кривични дела, жртвите исплашени за егзистенцијата се повлекуваат и молчат, односно не ги известуваат надлежните и јавноста, а моќниците лесно управуваат со комисиите кои на крајот соочени со политичката реалност замижуваат пред вистината и ги затвораат случаите без да определат санкции. Дали и во овој случај ќе биде така?

Двајцата директори кои ги споменува анонимниот пријавувач се од ВМРО ДПМНЕ и од ДУИ. Колку и да сака повисокиот функционер да го казни понискиот сепак за тоа ќе мора да знаат во партиите. Така одамна функционира тоа во Македонија. А зошто едно конфронтирање на директори би вознемирувало министри или претседатели на партии? Тогаш ќе мора да се дознае и зошто бил нападот, што се подготвувало со документот? Дали за тоа морало да знаат повисоките функционери од Езмеров и Гури? Затоа, за да не си навлечат дополнителни конфронтирања, а и да не кренат прашина во јавноста по се изгледа овие двајцата во молк ќе си завршат работа. Какви и да се санкциите за Гури нема да се создаде конфликт, секако за мир во куќа.

КАКОВ Е ДОКУМЕНТОТ И КОГО ШТИТЕЛ?

Но скандалот со истепаната архиварка не стивна само со анонимната пријава која ни беше првична трага. Друг вработен во УЈП, чиј идентитет ни е познат, а при тоа инсистира на анонимност од истите причини како и првиот пријавувач, преку електронска пошта не извести поконкретно зошто настанал инцидентот. Без да посочи кој стои зад целата операција, а тоа го остава како тест за новинарите и јавноста, открива скандал кој вознемирил многумина вработени во УЈП, особено тие кои знаеле за тоа, а најмногу тие кои биле терани да постапат незаконски. По се изгледа дека нападнатата архиварка е меѓу нив.

Имено, известува нашиот извор или поточно пријавувач, станува збор за данок на имот на извесен познат бизнисмен. Неговото име не можевме да го најдеме на листата спонзори на политичките партии за време на изборна кампања, иако сите го поврзуваат со одредена партија. Увозник е на некои марки цигари и алкохолни пијалоци. Тој морал да плати дури еден милион евра данок на имот или десет отсто од вкупната вредност. Некои од вработените наводно инсиситрал од подредените во УЈП да му се изготви решение со прокнижена нулева состојба. Имотот е приватен и е заведен на име на бизнисменот.

Нашиот извор оди и понатаму и известува дека некој од главните во УЈП дури и изготвил решение со кое се потврдило дека бизнисменот не мора да плати данок. Иако пријавувачот со име и презиме ги наведува сите до еден што стојат зад целата акција, сепак ние нема да ги објавиме затоа што слулчајот е многу серозен, а знаеме како власта се справува со новинарите кои пишуваат за нејзиниот криминал. Тоа што е важно е дека токму инцидентот со архиварката се поврзува со овој документ. Исплашени за ситуацијата вработените во УЈП не смееле да изустат ниту збор, а камо ли да се спротивстават на обидите за фалсификат. Стапивме во контакт со вработната која физички настрадала затоа што нејзиниот идентитет ни го откри еден од пријавувачите. Таа го потврди инцидентот и тоа дека информациите за случајот ни се точни, но не сакаше да открива детали оти призна дека е исплашена и дека не може да зборува со новинари. Со оглед дека е повозрасна и е пред пензионирање беше вознемирена од нашите прашања на кои најлесно и беше да одговори со неколку повторувања дека нема одговор и дека не може да зборува за ситуацијата. Таа не сакаше ниту да одговори на сомнежот дека целиот инцидент постои можност да се сокрие, односно таа на крајот да излезе виновна затоа што наводно не била на работното место. Вториот извор ни пишува дека се што било покренато против Гури, се мисли на дисциплинската постапка, било само фарса и начин како да се смират вработените и новинарите, доколку прашаат, а дека реално немало ништо да има.

При вакви случаи кога некој во УЈП ќе се обиде некому да сокрие данок, особено ако е во поголем износ, како овој од милион евра, тогаш заштитениот бизнисмен мора да искешира некому одредена сума. Не знаеме колку е точно, но со оглед дека нашите извори имаат целосни информации за случајот и ги сметаме за релевантни, тогаш им веруваме дека наместо милион евра за данок на државата, сопственикот на неколку фирми платил или имал намера да плати 200 илајди евра. Парите, според нашите извори требало да ги поделат најмалку двајца, кадри во УЈП од различни партии. Со ова само се потврдува дека корупцијата не познава етнички или партиски граници. Важно е да се лапне нешто, па макар и на штета на државата.

Не успеавме да дознаеме дали Гури и директно вмшан во целиот случај па затоа предизвикал инцидент. Иако нашите извори коментираат дека токму документот поминал низ рацете на архиварката. Дали таа се спротивставила да го заведе, дали пак го открила фалисфикатот и сакала да пријави, не успеавме да дознаеме.

Некои неофицијални информации посочуваат дека слуајот одамна ќе бил затворен, но со оглед на нашиот интерес преку прашањата предметот е ставен во мирување. Секако дека е очекувано откако ќе стивне и нашиот интерес функционерите во УЈП да ја завршат работата како што и наумиле. Дури се споменува дека на крај ќе настрадаат вработените кои го подготвиле документот, иако тоа го сториле по налог и притисок на претпоставените.

Преку писмената комуникација со пријавувачите дознавме дека тие немаат намера да откријат во обвинителството или полицијата оти знаат дека сите од власта се поврзани и дека наместо одговорните за криминалот тие ќе настрадаат. Исплашени пред се за работните места тие не ни помислуваат да поднесат пријава па затоа надеж имаат во медиумите и во невладините организации. Нивниот страв е очигледен и во молбите да не го откриваме нивниот идентитет затоа што уверуваат дека партиските кадри кои раководат со УЈП се подготвени на одмазда оти се изнервирани затоа што е можно планот да им пропадне.

Во обид да добиеме официјален став од Управата за јавни приходи контактиравме со надлежните. Иако поставивме поголем број прашања, пред се поврзани со физичкиот напад на архиварката и обидот да се сокрие милионскиот данок, добивме само еден сублимиран одговор и тоа дека на Исмет Гури му е изречена дисциплинска мерка согласно Колективниот договор, а дека полицијата ја известила Управата оти се случил инцидент. И толку. Ниту каква е вмешаноста на Есмеров во инцидентот, ниту дали тој се случил како псоледица на одбивањето на вработената да изготви незаконско решение, ниту дали бизнисменот го платил данокот кон државата. За последното не ни смеело да се извести јавноста оти тоа било тајна.

Сепак, нашите извори случајот со физичкиот напад го поврзуваат со фалсификување на решение за данок и секако тоа одново го отвора прашањето за заштита на пријавувачите. Но нели, каде што моќта и парите доминираат, граѓаните може само да молчат и замижат. Ако прозборат и прогледаат им нема спас.

И скроз е смешно да се издвојат криминалците во власта од овие другиве, бидејќи се поврзани и функционираат во спрега.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814

Колку наивен политикански текст :icon_lol:?!

Круцијалната нелогичност на горниот текст е што се зборува за ДАНОК НА ИМОТ од 1 милион евра, а згора на тоа се спомнува како стапката на данокот на имот е 10% и како УЈП го пресметувала овој данок и изготвувала решение, што е чиста глупост!

Реалноста е дека од 2005 г. ДАНОКОТ НА ИМОТ:
1. го пресметува ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА и изготвува РЕШЕНИЕ (не УЈП!);
2. има стапка од 0,1% до 0,3% од вредноста на недвижнината во зависност како одлучила секоја локална самоуправа- општината или градот Скопје (нема данок на имот од 10% во МКД!)

:aplauz::aplauz::aplauz::aplauz:
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.671
Поени од реакции
11.826
Зеле се набилдале, ги избричиле главите, ставиле тетоважи и секако крст (па некои од нив дури и на фб слики од светци и слично споделуваат) небаре Господ ги пратил на земјава добрини да чинат. Oh the irony[DOUBLEPOST=1435065429][/DOUBLEPOST]Туку дај за битолските нешто кажете
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Кољо Николовски - Кољо Американецот

Најголем дел од парите ги направи во УСА. Со што како поима немам.
Само знам дека имаше еден куп колишта и мотори. Имаше ламбурџини галардо, корвети, лотус, бмвиња, јахта и над 15 мотори.
Знам дека беа големи ривали со Џељо. Имаше неколку огромни тепачки и престрелки меѓу нив во скопските кафичи. Џељо беше одговорен за гранитирањето на неговата куќа во Маџари.
Моментално е во затвор во Америка каде што излежува казна од 18год поради измама поврзана со пропаѓањето на Хрватската кредитна унија „Св. Павле”

http://denesen.mk/web/?p=12731
 
Последно уредено:

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Да напишеш дека утре сонцето од кај исток ќе изгрее, членовите со резерва ќе го земат.

Еве што вели УЈП:

Во 2005 година
се започна со процесот на децентрализација во Република Македонија. Со новиот Закон за даноците на имот, кој отпочна со примена од 01.07.2005 година, надлежноста над даноците на имот од Управата за јавни приходи премина кај единиците на локалната самоуправа (општините и Град Скопје).
Според Законот за даноците на имот кој е сега во примена, одредбите се изменети согласно со настанатата децентрализација. Сега утврдување и наплата на даноците на имот врши општинската администрација, администрацијата на општините во градот Скопје и администрацијата на градот Скопје. Даночните стапки се пропорционални, а висината на стапките на секој вид на данок ја утврдува Советот на општината, со Одлука.

Извор: http://www.ujp.gov.mk/e/vodic/category/858
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
1.Дали ова значи дека корумпираноста на УЈП како партиска структура а не државна институција е непостоечка?
2.Како ова го негира притисокот врз вработената да работи по двојни аршини?
3.Дали мене утре ќе ми зажмурат исто ко на дотичниот или можда ќе ми најдат и нешто што го немам?
4. Дали обидот за нормална комуникација со предавник и полтрон, некако ќе ме компромитира тука на овој форум или само совеста ќе ме мачи?
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
1.Дали ова значи дека корумпираноста на УЈП како партиска структура а не државна институција е непостоечка?
2.Како ова го негира притисокот врз вработената да работи по двојни аршини?
3.Дали мене утре ќе ми зажмурат исто ко на дотичниот или можда ќе ми најдат и нешто што го немам?
4. Дали обидот за нормална комуникација со предавник и полтрон, некако ќе ме компромитира тука на овој форум или само совеста ќе ме мачи?
Jas pak se cudam kako mozes da postavuvas prasanja za nepostoecki izmisleni slucki objaveni vo nekoi si opozicioni portalcinja???
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
А да ги оставите дечките кои имаат што да кажат по темата ? Секогаш ке се најде по некој да ја отруе темата со политика !
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
За кое УЈП збориш?

За ова на Миле?

Нападната вработена во УЈП: Дали ја терале да сокрие милионски данок?!
прочитано 7,140 пати
22-06-2015 12:37:41

Вработена во Управата за јавни приходи (УЈП) лично се уверила дека моќта и парите се над законите и прописите. Не само што била соочена со притисок да прекрши закон за некој друг да се стекне со имотна корист, туку и физички настрадала откако се спротивставила и откако мислела дека сепак законот е еднаков за сите. Во обид да биде законита и да не ја оштети државата архиварката во подрачната скопска единица на УЈП одбила да фалсификува документи со кои би се сокрил данок на извесен моќен бизнисмен. Во целата операција биле вклучени и вработени во УЈП на високи позиции преку кои се одвивале заканите кон вработената и настојувањата да се смени документацијата. Целата приказна околу обидот да се затаи данок, а некој да ќари висока сума пари започнува со анонимна пријава на еден вработен во УЈП кој во известувањето до Транспаренси Интернешнл-Македонија навел дека неговите надредени во управата ја искористиле позицијата, но и партиското влијание за да издејствуваат архиварката да им заврши некаква незаконска работа. Кој сакал преку неа да заработи? Кого штителе посочените во пријавата? Дали навистина се преземени мерки против силните играчи?

ВЛАДЕЈАЧКИТЕ ПАРТИИ СЕ ШТИТАТ ВО ИНТЕРЕС НА КОАЛИЦИЈАТА

Во потрага по одговори успеавме да стигнеме до некои информации и податоци кои некако го склопуваат мозаикот околу фамозниот документ кој требало да заштити приватен бизнисмен, односно да му се овозможи да не го плати вистинскиот износ на данок на имот, односно да му се порамни на нула. Во пријавата анонимниот граѓанин, но според податоците и сознанијата кои ги има е сигурно вработен во УЈП, изнесува и некои имиња, но и пренесува како се случил инцидентот со архиварката.

„Ви пишувам како граѓанин и сакам да ве известам дека пред извесно време во просториите на УЈП, заменик директорот на регионалната дирекција Исмет Гури на насилен начин нападна жена, вработена како архиварка. Од удирањето и влечењето на жената и беа нанесени видни повреди. Здравствените служби констатираа модринки, а за случајот беше известена и полицијата и дисциплинските служби. Но целиот настан беше прикриен од директорот на регоналната дирекција Петар Есмеров кој со закани и уцени кон вработената и посочи дека доколку таа продолжи да се жали и да пријавува ќе остане без работното место затоа што тој ќе ја искористел моќта што му ја дава партијата на власт. Зошто Есмеров штити и прикрива дело на неговиот заменик кој пак од други служби беше суспендиран? Кој му ја дава моќта да суди и да дели правда? Дали доколку јас не ве известев оваа приказна ќе завршеше? Кој на ваквите луѓе им ја дава моќта да играат со судбините на обичните луѓе?

Со овие неколку прашања пријавувачот го завршува своето писмо. Очигледно е дека непостоењето соодветна законска заштита за пријавувачите на кривични дела, но и стравот што го сее власта во справувањето со сите кои ќе и се спротивстават, особено поединци на клучни позиции, анонимниот немал храброст да ги извести надлежните органи да преземат мерки, па сметал дека Транспаренси Интернешнл-Македонија ќе му излез во пресрет и ќе го обелодени случајот, но и ќе има казни за инволвираните.

Согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер до УЈП испративме неколку прашања поврзани со настанот и со инволвираните, пред се дали постои механизам за пријавување на вакви инциденти? Дали и против кого се преземени мерки? Дали УЈП го пријавила случајот кај надлежните истражни органи? Дали постои механизам за заштита на ваквите пријавувачи?

Од одговорите на УЈП очигледно е дека се повикуваат на процедурата. Целата работа за случајот очекувано ја пренсуваат на Единицата за професионални стандарди која е надлежна при вакви случаи. Таму секој може да пријави, а таа ќе одлучи кој и за што е виновен. Но она што е најважно во одговорот, а со тоа се потврдува и инцидентот, односно верзијата на анонимниот пријавувач, е дека Исмет Гури е суспендиран и дека против него е покрената постапка пред дициплинската комисија. Што се однесува до истражните органи УЈП известува дека вработената самата пријавила во полиција веднаш по насилството во нејзината канцеларија.

Затоа следен логичен чекор беше да прашаме во МВР. Испративме и таму неколку прашања пред се дали случајот е пријавен и дали и како постапила полицијата? Интересно е што полицијата го има регистрирано насилството како нарушување на јавниот ред и мир, но најавува дека во тек е покренување прекршочна постапка против Гури. Но, времето ќе покаже дали и како ќе биде санкциониран кадарот на владејачката ДУИ?

Периодот додека истражувавме за каков документ се работи и зошто Гури се довел во ситуација да ја нападне архиварката испративме нови прашања до УЈП за да провериме што одлучила дисциплинската комисија која отворила предмет за физичкиот напад врз вработената. Нејасно зошто, но УЈП одби да ја презентира одлуката за суспензија на Гури, а не ја откри ниту одлуката на дисциплинската комисија, односно одговори дека случајот е разгледан и дека ќе следува одлука.

И во овој случај, како и во многу слични кога станува збор за владини функционери очигледно е дека меѓусебната заштита е доминантна. Обично, со оглед дека не постојат заштитини механизами за пријавувачите на кривични дела, жртвите исплашени за егзистенцијата се повлекуваат и молчат, односно не ги известуваат надлежните и јавноста, а моќниците лесно управуваат со комисиите кои на крајот соочени со политичката реалност замижуваат пред вистината и ги затвораат случаите без да определат санкции. Дали и во овој случај ќе биде така?

Двајцата директори кои ги споменува анонимниот пријавувач се од ВМРО ДПМНЕ и од ДУИ. Колку и да сака повисокиот функционер да го казни понискиот сепак за тоа ќе мора да знаат во партиите. Така одамна функционира тоа во Македонија. А зошто едно конфронтирање на директори би вознемирувало министри или претседатели на партии? Тогаш ќе мора да се дознае и зошто бил нападот, што се подготвувало со документот? Дали за тоа морало да знаат повисоките функционери од Езмеров и Гури? Затоа, за да не си навлечат дополнителни конфронтирања, а и да не кренат прашина во јавноста по се изгледа овие двајцата во молк ќе си завршат работа. Какви и да се санкциите за Гури нема да се создаде конфликт, секако за мир во куќа.

КАКОВ Е ДОКУМЕНТОТ И КОГО ШТИТЕЛ?

Но скандалот со истепаната архиварка не стивна само со анонимната пријава која ни беше првична трага. Друг вработен во УЈП, чиј идентитет ни е познат, а при тоа инсистира на анонимност од истите причини како и првиот пријавувач, преку електронска пошта не извести поконкретно зошто настанал инцидентот. Без да посочи кој стои зад целата операција, а тоа го остава како тест за новинарите и јавноста, открива скандал кој вознемирил многумина вработени во УЈП, особено тие кои знаеле за тоа, а најмногу тие кои биле терани да постапат незаконски. По се изгледа дека нападнатата архиварка е меѓу нив.

Имено, известува нашиот извор или поточно пријавувач, станува збор за данок на имот на извесен познат бизнисмен. Неговото име не можевме да го најдеме на листата спонзори на политичките партии за време на изборна кампања, иако сите го поврзуваат со одредена партија. Увозник е на некои марки цигари и алкохолни пијалоци. Тој морал да плати дури еден милион евра данок на имот или десет отсто од вкупната вредност. Некои од вработените наводно инсиситрал од подредените во УЈП да му се изготви решение со прокнижена нулева состојба. Имотот е приватен и е заведен на име на бизнисменот.

Нашиот извор оди и понатаму и известува дека некој од главните во УЈП дури и изготвил решение со кое се потврдило дека бизнисменот не мора да плати данок. Иако пријавувачот со име и презиме ги наведува сите до еден што стојат зад целата акција, сепак ние нема да ги објавиме затоа што слулчајот е многу серозен, а знаеме како власта се справува со новинарите кои пишуваат за нејзиниот криминал. Тоа што е важно е дека токму инцидентот со архиварката се поврзува со овој документ. Исплашени за ситуацијата вработените во УЈП не смееле да изустат ниту збор, а камо ли да се спротивстават на обидите за фалсификат. Стапивме во контакт со вработната која физички настрадала затоа што нејзиниот идентитет ни го откри еден од пријавувачите. Таа го потврди инцидентот и тоа дека информациите за случајот ни се точни, но не сакаше да открива детали оти призна дека е исплашена и дека не може да зборува со новинари. Со оглед дека е повозрасна и е пред пензионирање беше вознемирена од нашите прашања на кои најлесно и беше да одговори со неколку повторувања дека нема одговор и дека не може да зборува за ситуацијата. Таа не сакаше ниту да одговори на сомнежот дека целиот инцидент постои можност да се сокрие, односно таа на крајот да излезе виновна затоа што наводно не била на работното место. Вториот извор ни пишува дека се што било покренато против Гури, се мисли на дисциплинската постапка, било само фарса и начин како да се смират вработените и новинарите, доколку прашаат, а дека реално немало ништо да има.

При вакви случаи кога некој во УЈП ќе се обиде некому да сокрие данок, особено ако е во поголем износ, како овој од милион евра, тогаш заштитениот бизнисмен мора да искешира некому одредена сума. Не знаеме колку е точно, но со оглед дека нашите извори имаат целосни информации за случајот и ги сметаме за релевантни, тогаш им веруваме дека наместо милион евра за данок на државата, сопственикот на неколку фирми платил или имал намера да плати 200 илајди евра. Парите, според нашите извори требало да ги поделат најмалку двајца, кадри во УЈП од различни партии. Со ова само се потврдува дека корупцијата не познава етнички или партиски граници. Важно е да се лапне нешто, па макар и на штета на државата.

Не успеавме да дознаеме дали Гури и директно вмшан во целиот случај па затоа предизвикал инцидент. Иако нашите извори коментираат дека токму документот поминал низ рацете на архиварката. Дали таа се спротивставила да го заведе, дали пак го открила фалисфикатот и сакала да пријави, не успеавме да дознаеме.

Некои неофицијални информации посочуваат дека слуајот одамна ќе бил затворен, но со оглед на нашиот интерес преку прашањата предметот е ставен во мирување. Секако дека е очекувано откако ќе стивне и нашиот интерес функционерите во УЈП да ја завршат работата како што и наумиле. Дури се споменува дека на крај ќе настрадаат вработените кои го подготвиле документот, иако тоа го сториле по налог и притисок на претпоставените.

Преку писмената комуникација со пријавувачите дознавме дека тие немаат намера да откријат во обвинителството или полицијата оти знаат дека сите од власта се поврзани и дека наместо одговорните за криминалот тие ќе настрадаат. Исплашени пред се за работните места тие не ни помислуваат да поднесат пријава па затоа надеж имаат во медиумите и во невладините организации. Нивниот страв е очигледен и во молбите да не го откриваме нивниот идентитет затоа што уверуваат дека партиските кадри кои раководат со УЈП се подготвени на одмазда оти се изнервирани затоа што е можно планот да им пропадне.

Во обид да добиеме официјален став од Управата за јавни приходи контактиравме со надлежните. Иако поставивме поголем број прашања, пред се поврзани со физичкиот напад на архиварката и обидот да се сокрие милионскиот данок, добивме само еден сублимиран одговор и тоа дека на Исмет Гури му е изречена дисциплинска мерка согласно Колективниот договор, а дека полицијата ја известила Управата оти се случил инцидент. И толку. Ниту каква е вмешаноста на Есмеров во инцидентот, ниту дали тој се случил како псоледица на одбивањето на вработената да изготви незаконско решение, ниту дали бизнисменот го платил данокот кон државата. За последното не ни смеело да се извести јавноста оти тоа било тајна.

Сепак, нашите извори случајот со физичкиот напад го поврзуваат со фалсификување на решение за данок и секако тоа одново го отвора прашањето за заштита на пријавувачите. Но нели, каде што моќта и парите доминираат, граѓаните може само да молчат и замижат. Ако прозборат и прогледаат им нема спас.

И скроз е смешно да се издвојат криминалците во власта од овие другиве, бидејќи се поврзани и функционираат во спрега.
Колку и да вистина или лага пријавувачот требало да го каже името.
Вака со скриен идентитет сметам дека е манипулација
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Колку и да вистина или лага пријавувачот требало да го каже името.
Вака со скриен идентитет сметам дека е манипулација
Стварно?
И?
Што после?
На врата ќе ги добие овие од погорниве слики.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Стварно?
И?
Што после?
На врата ќе ги добие овие од погорниве слики.
Штом е либертас јасна е намерата.

Лично јас кога пријавувам не се кријам под женско здолниште туку кажувам односно пишувам целосно име и презиме
 
Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.549
Поени од реакции
3.847
Штом е либертас јасна е намерата.

Лично јас кога пријавувам не се кријам под женско здолниште туку кажувам односно пишувам целосно име и презиме
Среќа па само мафијаши си пријавувал до сега, па искусен си и знаеш како оди тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom